UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Само јас ли имам таков впечаток или некако утакмиците во ЛШ се многу понапаѓачко ориентирани од порано, вечерва скоро цела утакмица се одеше од акција во акција од напад у напад, не памтам утакмица оваа сезона со 0-2 гола, нема никаде бункери, автобуси, гранитни одбрани.

Чек само Мурињо да (ако) догура до полуфинале...

Па не го мислат само на форумов ова :D:D:D

Кретени бе!

Дали за финалето Реал ќе го има Карвахал или пак ќе крпи со Васкез? Ако е пак Васкез, ќе му ебат матер Ливерпул

Ако не игра Карвахал, би требало Начо да го акне таму по она вечерва што се дешаваше. Марсело ке е клучот на таа утакмица.
 
Уште да беше некој од промашувањава во нокаут фаза на ЛШ и ќе разберев :D
Полуфинале на ЛШ беше ова, последни 4 у Европа.. Што да коментираме повеќе. А за промашувањава слободно и на Хамес тоа од метро и пол преку гол вметни го во клипов, топ 11 нека бидат.
Епа гледаш, ете ти промашување во ЛШ, тоа на Хамес. Значи сепак можело да се промаши.
 
Значи и такви глупи ситуации треба да знаеш да ги искористиш, поготово кога се случуваат во моментот и немаш многу време за размислување, тоа сака да ви го каже @Донев
Добро, ама тоа не го мења фактот дека е на среќа :) И Јунајтед го искористи лизгањето на Тери, и Дрогба мислам го искористи пасот према голман на некој од Ливерпул, исто и Ба го искористи лизгањето на Џерард, како и многу други ситуации што биле на среќа :D

Освен што е грешка на едниот тим, е исто така и среќа на другиот. Ако гледаме објективно, Реал не заслужи да пројде и тоа е тоа. Но статистиката и објективноста не се мерило, па затоа пројде Реал. Реално, ако ја гледавте утакмицата, Баерн денес играше викторија пред голот на Реал, само што ѕверот Улрајх реши да ја заебе. Како и на минатата утакмица Рафиња. Реал не одигра на нивото како лани и преклани, па да речеш дроби све пред себе и ајде заслужено се у финале :)

Секој со својата субјективност и своите ставови :D
 
Значи не беше овој рандом гол? :facepalm:
Значи реакцијата на Киелини (играч со милијарда утакмици) да му ја земе од раце на Буфон не е рандом?
За ракава на Марсело шо ќе кажеш? Судиите не видоа, не смеат да свират, или Баерн си е крив што не свирнаа пенал?
Да ти се повреди пола тим пред полуфинале во ЛШ што е?
Добро не е среќа да дадеш повеќе голови од противникот во 13 шута за 180 минути, а противникот имал 33. Знаење е тоа :)
Па Навас виде ли што направи за вториот и третиот гол на Јувентус? Е да не беа тие поклони Реал ќе имаше лаган пролаз. Точно е дека во двомечот со Баерн имаа малку среќа, ама Боже мој спорт е ова, на кого не му е потребна среќа? Барса 2009 со Челзи што имаше? :D Мурињо 2010 со Интер ќе испаднеше во групи, се спасуваше во 90-та минута во Киев со голот на Снајдер, за после тоа лагано да испотепа све до финале сем Барса на Кампот.

Реално и ПСЖ и Јуве ги надиграа, со ПСЖ на првата беа послаби за нијанса ама го искористија кретенизмот на Емери и ги закопаа со два брзи гола во финишот, а во Париз сосема друга песна се пееше, таму ги утепаа. Јуве беше бомбардиран во Торино, 1-10 требаше да заврши тој меч. Во Мадрид се деси тоа што се деси, Јуве изигра одлична утакмица, Навас направи два дебилни кикса, т.е. еден очаен кикс и тоа вториот гол беше лоша реакција на гол линијата. Така да останува дека само со Баерн имаа малце среќа, ама па и на Баерн никој не им е крив што не дадоа гол за 2-0 во Минхен при толку очигледни шанси, а не може тим ко Реал тоа да не го казни, ваљда јасни ти се овие работи. :D
 
Добро, ама тоа не го мења фактот дека е на среќа :) И Јунајтед го искористи лизгањето на Тери, и Дрогба мислам го искористи пасот према голман на некој од Ливерпул, исто и Ба го искористи лизгањето на Џерард, како и многу други ситуации што биле на среќа :D

Освен што е грешка на едниот тим, е исто така и среќа на другиот. Ако гледаме објективно, Реал не заслужи да пројде и тоа е тоа. Но статистиката и објективноста не се мерило, па затоа пројде Реал. Реално, ако ја гледавте утакмицата, Баерн денес играше викторија пред голот на Реал, само што ѕверот Улрајх реши да ја заебе. Како и на минатата утакмица Рафиња. Реал не одигра на нивото како лани и преклани, па да речеш дроби све пред себе и ајде заслужено се у финале :)

Секој со својата субјективност и своите ставови :D
И што да праат од Реал ако Улрајх нервно се пореметил, да земат да плачат ако не. Или па ако освојат, да им се изгравира на трофејот дека било на среќа? Имам приметено на форумов се што се прави во фудбалов последниве 5-6 години е или на среќа или од судиите. Те Гвардиола освојувал на среќа и му помагале судиите во ЛШ кога бил во Баерн, те Мурињо во Реал кога беше освоил на среќа зошто Меси не бил во фазон, те Барселона освоила на среќа оваа година во Ла Лига, те Интер триплетето на среќа... Перез го тераше Хенес да му продужува договор на Рибери и да ги игра од старт двете за да се исцеди поштено и Хајнкес да го вади Родригез а да го остави Милер што пет чекори направи цело полувреме.
 
Епа тогаш не треба никој да се пожали дека на својот тим му фалело среќа за да победи или да пројде.
 
Па Навас виде ли што направи за вториот и третиот гол на Јувентус? Е да не беа тие поклони Реал ќе имаше лаган пролаз. Точно е дека во двомечот со Баерн имаа малку среќа, ама Боже мој спорт е ова, на кого не му е потребна среќа? Барса 2009 со Челзи што имаше? :D Мурињо 2010 со Интер ќе испаднеше во групи, се спасуваше во 90-та минута во Киев со голот на Снајдер, за после тоа лагано да испотепа све до финале сем Барса на Кампот.

Реално и ПСЖ и Јуве ги надиграа, со ПСЖ на првата беа послаби за нијанса ама го искористија кретенизмот на Емери и ги закопаа со два брзи гола во финишот, а во Париз сосема друга песна се пееше, таму ги утепаа. Јуве беше бомбардиран во Торино, 1-10 требаше да заврши тој меч. Во Мадрид се деси тоа што се деси, Јуве изигра одлична утакмица, Навас направи два дебилни кикса, т.е. еден очаен кикс и тоа вториот гол беше лоша реакција на гол линијата. Така да останува дека само со Баерн имаа малце среќа, ама па и на Баерн никој не им е крив што не дадоа гол за 2-0 во Минхен при толку очигледни шанси, а не може тим ко Реал тоа да не го казни, ваљда јасни ти се овие работи. :D
Нека се повреди Рафа у полуфинале на Роланд, нека освои Новак па ќе те видам тоаш дали вака ќе пишеш :D
Барса, Интер и сите што ги наброја имаа еден од тие фактори, судии, среќен гол, повреди или слично.
Кај овие се поклопи се у еден ебан двомеч.Судија, повреди, среќен гол, послаба игра, уште ли да бројам?
Е се тоа да ти се поклопи ако не е среќа, тогаш готово не сум у право.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Како ви е интересно бе? 4то финале во 5 години.. ццццц.. Дај Рома нека прави чуда, пошто не знам за кој би навивал у пм.

За Роналдо ќе навиваш, џабе се буниш. :kruna:
 
Треба прво да сфатите дека добрата игра не е мерило за тоа дали некој заслужил да помине или не. Головите се. И ако на крајот од двомечот си дал повеќе од противникот, си заслужил да поминеш. Па они нека имале и милион шанси повеќе од тебе. Џабе имале толку кога очигледно не биле способни да ги реализираат. Со ништо не заслужи Баерн да оди понатаму.

@MacedoniaTimeless и повредите не се случуваат на среќа. Посебно кога ти прават проблем неколку години по ред, како што е случајот со Баерн. Во тој случај мора клубот да се запраша дали медицинскиот оддел работи како што треба, дали тренинг методите се во ред за профилот на играчи кои ги имаат и слично.
 
Нека се повреди Рафа у полуфинале на Роланд, нека освои Новак па ќе те видам тоаш дали вака ќе пишеш :D
Барса, Интер и сите што ги наброја имаа еден од тие фактори, судии, среќен гол, повреди или слично.
Кај овие се поклопи се у еден ебан двомеч.Судија, повреди, среќен гол, послаба игра, уште ли да бројам?
Е се тоа да ти се поклопи ако не е среќа, тогаш готово не сум у право.
Па да де, и јас викам дека имаа доста среќа против Баерн, ама со Јуве и ПСЖ не, нив си ги истамбураа поштено. Муабетот ми беше дека среќата е составен дел од спортот, а ако бараме класичен пример за премногу среќа тогаш тоа е Челзи. Јас и ден денес не сфаќам како тогаш освоија ЛШ, тоа е еден од оние моменти кога сите богови ти се наклонети и што и да се деси на крајот титулата ќе отиде кај тебе. :D Баерн промаши 900 000 шанси во финалето, џабе кога Дрогба докторски ги казни од прекин и после поздрав им се деси. :D
 
Од Милер, покриминална утакмица од оваа денес, амин!!
 
А Роналдо тоа шо го утна на 2:1 од петерец сам, беше несреќа ? :)
Или едноставно лошо ја шутнал...
 
Епа тогаш не треба никој да се пожали дека на својот тим му фалело среќа за да победи или да пројде.
Точно така. Се согласувам со @Донев од А до Ш што пиша над мене, дури и повредите може да се значително да се намалат и не се припишуваат на среќа нонстоп.

Вака имаше феномен баш на форумов Бенфика кога беше јака, играле страсно, жустро и памтам Челзи ги отфрли со тесен резултат и после ломотење како така Челзи ги отфрлил, на среќа било. Челзи еднаш пројде половина ама знаеше што да направи со акцијата, си ја постигнаа целта и пријатно. Овие напред - назад цело време ама што дека им ја одземаа константно топката кога вртеа околу гол.
 
Не сте објективни и тоа е. Се гледа само крајниот резултат, но тоа не е реална слика за целиот двомеч, или општо за цело првенство.

Нема потреба да се дискутира за шанси , за судиски одлуки коа можеш на лајвскор да видиш колку завршило и да си речеш ете бе, пројдоа тие што дадоа повеќе голови :D Тогаш Барса-Челзи во 2009 беше чиста утакмица како солза, а и ако гледаме "реално", Барса заслужи да пројде. Недосуден пенал нема потреба да се дискутира, да бил заслужен ќе бил досуден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom