И во име на еднаквоста жените одат под пензија 2 години побрзо од мажите!
И влегуваат 2 год. порано во посебната категорија на граѓани (на 57, а мажите на 59 год.).
Тука влегува и Членот 9 од Уставот на Р.М. Прашање е колку овој Член 160 е уставен и зошто жените уживаат привилегии? Привилегија е и одредена минимална квота каде мораат да бидат застапени, на пр. Собранието. И на крајот на денот сите тие ќе испаднат дискриминарани, а вината за својата недоволна позиционираност во општеството ќе ја посочат во дежурниот виновник кој се појавува во неколку димензии- мажите, општеството, традицијата, семејството....па и ќе го посочат неплатениот труд кој го вршат дома! Исто е и со митот дека заработуваат 20-25% помалку од мажите. Дискрепанцата настанува во приватниот сектор, додека во државниот се застапени речиси 54%! Така жените доминираат во шивачките бизниси, а мажите во рударството. Ако се сака општествен егалитаризам, истиот треба да се започне со лопата, и тоа оние кои најмногу галамат за истиот, за да бидат репер за балансот кои сакаат да го креираат. Иако се кокодака само за министерско место или за пратеничко, а притоа мажите процентуално доминираат во секоја политичка партија (што тука влегуваат индивидуалните квалитети и не смее да биде законски определено кој и колку може да биде застапен во одредена институција) тогаш логички би било и истите да доминураат и во политичкиот живот. Ако сликата нагло се промени, тогаш апсолутно никој би немал ништо против и жените да доминираат во тој сегмент. Читај го само
ова. Немаат аргументи за тоа каде денес жената е дискриминирана. Уставот, Законите и меѓународните договори покриваат се’ на секое поле. Апсолутно е глупаво да дискутираме за 3от бран на феминизам кој го прегазува првиот бран, и бара нешто што веќе го има. Јас мислам дека тие (феминистките) не знаат кои права ги имаат, не знаат за што се залагаат, а уште помалку знаат што конкретно бараат. Ако излезат со конкретен проблем, каде мора да се направи сериозна опсервација, во ред, сите би пристапиле со цел да го пронајдеме решението, но нема. Затоа прво жените, а потоа и општеството му го врти грбот на модерниот феминизам кој е несериозно и смешно здружение на жени, кои само нешто бараат, а веќе истото и го имаат.
Член 9 од Уставот
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.