Кампување на отворено

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Некое најефтино шаторче кај да најдам ?
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Јас имам интересна случка. Друштвото ми е многу авантуристички настроено и често правиме слични егзибиции. Пред две лета решивме да земеме шатори и да одиме на планина, на една вечер. Сами се си организиравме, се собравме 10 души и се решивме ќе одиме Охрид, на Галичица. Да напоменам дека ваква работа претходно немавме изведено. Изнајмивме комбе кон 6-7 поручекта да не качи горе, и другиот ден да дојде во 12 да не земе. Одиме така, тотално не организирани со мото "еднаш се живее". Стигаме таму, инаку местото се викаше Корита и имаше прекрасен поглед на цело Охридско езеро. И ги вадиме шаторите. Имавме 3 мали шатори за по 2ца и еден огромен. Го гледаме така едно 15 минути и сфаќаме дека неаме појма како се мести. :tapp::pos: Праиме, местиме, ни се растура, преправаме, што ти знам јас и тамам пред да се стемни после 2 часа го наместивме некако. Што ќе правиме следно, палиме оган. Го запаливме, напраивме круг и дури седевме така, ни беше најубавиот дел од вечерта. Дојде време за спиење, а беше некаде околу 20ти јули, пре жешко време и ние си мислиме топло ќе биде, не зедовме ќебина со нас.:facepalm: Влегуваме во шаторот, во големиот јас и уште 3ца. Само што легнуваме сфаќаме дека сме го поставиле на не рамна површина, со камења на подлогата. Како и да се завртиш, не можеш да фатиш позиција кај што не ќе те боде камен. Не можеме да спиеме од што беше неудобно, ни беше преладно и покрај сето тоа, нешто во далечината почна да завива. Се усравме од страв и се молевме да се некој залутани кучиња. Се тресиме така цела вечер и секој шум што ќе го слушневме, не вадеше од патики. Накај 6-7 конечно склопивме око и накај 8:30-9:00 почна да пече сонцето ненормално, до степен да не се седи во шаторот. Надвор жешко, внатре уште пожешко. При крај ни беше и водата. Превозот ни беше закажан за накај 12. Му звониме на ликот, сместа идај земај не, зошто сите ќе испоцркаме тука.:pos: Како и да е, интересна случка и добар помин, но не би ја повторил хахах. Инаку една година подоцна со истиот тој шатор отидовме на Д-Фест во Дојран и си поминавме царски. Остај тоа што беше пре комотно, сите 3 вечери врнеше, сите шатори се поплавија само нашиот остана сув, бидејќи е со 2 подлоги. Па доаѓаа луѓе кај нас и така нови пријателства стекнав. Како и да е, кампување на отворено е многу интересна работа, само многу е битно да си добро организиран.:D
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.604
Поени од реакции
2.224

Кoритa немa извoри сo вoдa? Не сум бил пoвеќе oд 10тинa гoдини, инaче супер местo зa скaрa и пивце.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Кoритa немa извoри сo вoдa? Не сум бил пoвеќе oд 10тинa гoдини, инaче супер местo зa скaрa и пивце.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Имаше долу ливада со летниковци и извор, таму слеговме да го чекаме превозот. Инаку кампувавме горе на видиковецот, имаше околу 500 метри пешачење од ливадата.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Си средив шатор од camouflage... mil-tec / ZWEIMANNZELT Iglu Standard , за 2 бона. Океј е шаторот, убав изглед, војнички, мала забелешка е тоа што кондензира, се прави влажност од внатре во утрински часови, веројатно на сите се прави така .. немам многу искуство со шатори али како што читам тоа е глобален проблем. Небитно. Треба да си средам уште некоја добра подлога, вреќа за спиење и некој голем ранец за да можам да ставам се што ми треба во едно.
Сакам да кампувам некаде во стар Дојран, над населбите во шумата. Сакам да го возам тој филм еден месец соло. Хардкор кампување, со обезбеден оган, место и се како што треба.
Прашањево ми е дали мислите дека тоа е возможно? Пред се од аспект на безбедност, диви животни, лудаци и слично ? Со мене ќе носам обавезно огнено и ладно оружје, експлозивни направи и петарди за сопствена безбедност за не дај боже во секој случај. Друго прашање, дали евентуално шумска полиција би можело да ме сјебе ако ме начека таму да кампувам, да палам оган и слично ?
Дали некој има искуство слично на мојов трип ? Многу ми е потребна ваква акција, сите добронамерни мислења се добредојдени. Пуштете ми некој совет од искуство. Фала.
 
Еден месец, I wish you luck. Првo зa еден месец ти требa прoфесиoнaлнa oпремa и гoлеми зaлихи нa хрaнa и вoдa. Сo шaтoр oд 2 бoнa ќе прoкиснеш нa првиoт летен дoжд.

Кaмпувaј 2 3 денa, види кaкo ќе ти е. Сoлo кaмпувaње мнoгу брзo ќе ти стaне мoнoтoнo.

Oгaн не смееш дa пaлиш, нo зa мaлo oгaнче дoбрo oбезбеденo не верувaм демa некoј ќе ти прaви прoблем.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
@GreenRoot Намерно одам блиску до цивилизација, за да можам да си купам храна и вода..
Каква професионална опрема ? Мислам дека нема многу разлика од шатор со слични димензии од 2 или 4 бона ... ова е шатор за двајца. Како евентуално да спречам да не прокиснам ? Има милион начини , ќе го измозгам и тоа .. можам да ископам околу шаторот да направам некој систем, плус можам над шаторот и оганот да направам некаква тенда од најлон ...
Знам дека би било монотоно и тоа би дошло до екстремност, затоа доле ми е езерото, ќе можам да кулирам да се бањам во езеро , планот ми е да читам книги, да си фурам некое хоби и слично, за да не полудам:) За оганот знам дека у принцип не смеам да палам , ама ќе го обезбедам прејако да нема шанса да се деси пожар. Каква опрема би требал да си средам , професионална? + - рачунај дека не правам муабет за класично кампување туку за bushcraft.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214

Тешко дека ќе можеш во дојран да го изведеш оваа. Летено време има забрана за идење во шумата а не па за кампување. Башка ситуацијата со мигрантите, така да строги се од тој аспект можеш да си направиш проблеми.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
@kkk666 тоа ми е муабетот .. многу аспекти има мојов трип, затоа пишав тука, да се посоветувам со повеќе умови. Ако можев да палам оган , ќе идев у кампот Партизан , а не можам да палам како и да е и .. не ми е тоа филм автокамп, филмот ми е шума.
Боље у шума да кењам него у оние скапанине вециња од автокамп , боље со вуци ќе пијам вино него со сељаците доле на турбо фолк.
Бегам од канализација, сакам да се чистам...... некој предлог каде би можел евентуално тоа да го изведам , а да има езеро , блиску цивилизација ради храна и вода?
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.828
Си средив шатор од camouflage... mil-tec / ZWEIMANNZELT Iglu Standard , за 2 бона. Океј е шаторот, убав изглед, војнички, мала забелешка е тоа што кондензира, се прави влажност од внатре во утрински часови, веројатно на сите се прави така .. немам многу искуство со шатори али како што читам тоа е глобален проблем. Небитно. Треба да си средам уште некоја добра подлога, вреќа за спиење и некој голем ранец за да можам да ставам се што ми треба во едно.
Сакам да кампувам некаде во стар Дојран, над населбите во шумата. Сакам да го возам тој филм еден месец соло. Хардкор кампување, со обезбеден оган, место и се како што треба.
Прашањево ми е дали мислите дека тоа е возможно? Пред се од аспект на безбедност, диви животни, лудаци и слично ? Со мене ќе носам обавезно огнено и ладно оружје, експлозивни направи и петарди за сопствена безбедност за не дај боже во секој случај. Друго прашање, дали евентуално шумска полиција би можело да ме сјебе ако ме начека таму да кампувам, да палам оган и слично ?
Дали некој има искуство слично на мојов трип ? Многу ми е потребна ваква акција, сите добронамерни мислења се добредојдени. Пуштете ми некој совет од искуство. Фала.
Imas do sega kampuvano vo Suma?
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Imas do sega kampuvano vo Suma?
Имам. И тоа не класично кампување туку хардкор Bushcraft.... со многу оган, минимална опрема ( само нож, упаљач, пиење и јадење( месо) ) Шатор дури сеа купив , за да можам да преноќам со девојка ми , иначе јас и хардкор на платформа можам да спијам на земја без ништо... можам без проблем да направам и импровизирано засолниште, не е фрка. Си го знам занаетот уште од мал, сега доаѓа ситуацијата да креирам, шатор користам за да биде само пофино. :)
Сега у моментов мислам да идам на една лединка на водно со шатор да искулирам малце да си градам идеја за да ја спороведам подоцна у контекс со муабетов тука.
Имаш ли некои идеи и совети да ми пуштиш .. ?
Поентава ми е да идам да се лечам, да се спојам со природа и да си ја правам потребната еволуција што ми треба пошто во градов опасно по живот ми е да седам летно време ..( и за другите е опасно по живот да седам ), а немам пари да си го прчам курот некаде на остров со коктели или на некоја викендичка да си сркам мед и да си обликувам ружи... + - си ја поштувам природата и со најголема почит ќе се однесувам кон нејзе, нема да бидам штетник и да упропастувам.
 
Последно уредено:

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.828
Голем проблем е оганот. Односно тоа се два проблеми, а можеби и три.

1. Оган како оган летно време ионака има забрана за оган на отворено. И да го заштитиш тоа е оган на отворено, ако ти пишат пријава ќе стои оган на отворено во шума. А знаеме дека огниот што гори цела вечер не е баш мал.
2. Дрвата за тој оган. Тоа е веројатно поголем проблем од фактот што си запалил оган. Незаконско сечење дрва. И да се паднати (а за повеќе денови паднати дрва толку нема) ако имаш пријава од шумар неговото е последно.
3. Забрана за движење низ шумите летно време заради пожарите.
Пријава за овие три работи е озбилна работа, ако решат да ти ја пишат не е ич убаво.

Јас се ова занемарувам на мој ризик.
Мојата локација не е Дојран,туку е 1100 метри повисоко :) . Оние што ме знаат овде, а не се малку знаат која е таа локација, а нема да ја пишам јавно заради овие три горенаведени причини.

Подобро ќе ти заврши работа привремено склониште од дрва покриено со церада отколку шатор.
Јас имам ефтин шатор, ама секогаш спијам покрај оган, а шаторот не трпи баш оган.

И побарај место кај што во близина има изворче или поточе, вода за пиење и хигиена мора да имаш проточна.

Биди малку поактивен во темата за bushcraft, тотално е заборавена.

п.с. Ти имаш баш слободно време чим можеш да одвоиш 30 дена за ова.....јас максимум што можам е една вечер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom