Девојката е анти анти анти анти реклама на све што претставува канабисот и целата култура околу тоа растение. Нема дилеми. Мислам дека
болеста за внимание нема граници, и воопшто не треба да се суди по прашањето за легализација, преку овој пример и оваа девојка. Воопшто не треба да се перцепира истата бидејќи стварно ова е школски пример за тоа како некој оди во ЕКСТРЕМИ за да привлече внимание. Вие па потресени ко демек незнам што напраила. Ако ете според
@Scirea она и таквите ко неа треба да идат у Шутка, а криминалци-милијардери-убијци-насилници-радикалци-хоштаплери шетаат на улица, ондак стварно не треба да постоиме ко држава.
Не е прв пат, и воопшто не е непознато да се "дува" во јавност пред деца, млади тинејџери и стари лица, посебно еве пред неколку дена во парк на конопфест, или на (+/-) 11 мај кога секоја година кога се одржува Bob Marley day, мислам дека тогаш има и млади и стари и деца и секакви, и се пуши
РЕЛАТИВНО отворено, и нит тоа предизвикува некаков немир, нетрпеливост или насилство, ниту пак негодување ниту пак незнам што, едноставно само мириса чудно
Ниту пак предизвикува лоша слика кај деца и млади, напротив, сите среќни си трчкаат, си шеткаат кучиња, си играат, се пие пивце, и еден од ретките убави денови во македонијава и главниот ни град.
Баш тие денови, треба да бидат ПРИМЕР за тоа што претставува таа култура и какви мирољубиви вредности и позитивна енергија носи растението и луѓето кои се океј со пушењето трева и самиот концепт на канабис-културата.
Само
треба свеста за оставање ѓубре да се подигне, ама нејсе, тоа ни е трејдмарк на нас македонците како целина.
Ете во петокот организацијата беше одлична, евентот прекрасен, и супер е да се види на таков настан толку голема посетеност и поддршка. Тој настан треба да биде пример за форма на peaceful protest и ширење на јавната свест дека уствари тревата не е дрога и не треба да биде третирана како таква.
Што се однесува до самата штетност на растението.
Значи, прво и основно, мора да разграничиме една работа. Човекот е таков каков што е благодарение на неговите навики и карактерни особини, а конзумацијата на канабис воопшто не треба да биде причина за некаков "амотивационен синдром" или станување мрза, туку реално анализа на тоа какви биле пред да почнат да бидат активни пушачи на канабис.
Друго, се знае кога и во какви околности треба да се конзумира, и секако, во колкави количини. Она што од мој аспект можам да го тврдам е дека тревата е
одличен креативен стимуланс, кога се зема во ограничени количини. И за ова има милион субјективни и објективни докази.
Далеку од тоа што они и таквите го пропагираат, започни го денот со еден џоинт, да се осеќаш здраво и витално, мислам дека тоа се бесмислици и изговори на истите тие стонери да си ја оправдаат навиката да пецнат насабајле. Ниту пак оправдувам такво однесување.
Самиот канабис бара ОДГОВОРНА употреба за да не ги придобиеш негативните аспекти на истото растение, кои секако постојат, бидејќи истото знае многу да се злоупотреби.
Кога сме кај медицинските бенефити кои се неограничени од оваа билка (секако не толку преку пушење, туку преку дигестија или вејпање) мора да се признае дека се мрдна од мртва точка во Р.М, но сеуште македонската научна фела и научна свест е на многу далечно ниво од она што е во напредни држави за да ја земе во предвид лековитоста на ова растение и економскиот бенефит на растението (кое исто така е
unlimited). А секако, свеста ни е на ектремно ниско ниво како нација.
Еве, само како пример ќе наведам нешто на кое налетав со едно гуглање. Податоциве се за 2012 година, претпоставувам дека у 2018 уште е понагласен муабетов.
"Според Фондот за здравствено осигурување, во 2012 година се реализирани вкупно 17.449.128 рецепти, што во однос на 2008 година бројот на рецепти бележи пораст од 69 проценти. На рецепт минатата година биле издадени над 875.000 пакувања „дијазепам“ (едно пакување има 30 таблети, што би значело дека во 2012 година биле продадени повеќе од 22.250.000 таблети). Биле продадени 521.058 кутии „дијазепам“ од пет милиграма, 354.366 кутии од два милиграма и 5.322 пакувања од 10 милиграма. „Бромазепам“ („лексилиум“) биле продадени околу 330.000 пакувања, од кои најголем број од три милиграми – 250.336 пакувања. Според статистиката на ФЗОМ, биле продадени и околу 450.000 пакувања „алпразолам“."
И пази, ова важи само за таблети - пакувања. Што праиме со другите форми на примање?
За тромадоли не ми се ни разговара. Алкохоличари има со лопата да ги ринеш.Само викендов полицијава сопрела преку 400 возачи у алкохолизирана состојба. Као, океј сме ние со тоа, нема фрка, ама ако возат под дејство на канабис, пошто тоа го успорува времето - ЈА НАЕБАВМЕ... И демек сеа вие потресени ми изигравате, па демек влијае тоа на моторички особини како алкохолот. Ве молам немојте да зборите за возење под дејство на трева додека 70% од возачите у петок/сабота се со алкохол у крвта, а другите 30% се таксисти. Мислам, смешно е.
Ете погоре уште еден доказ дека тревата и стигмата со неа треба да биде на последно место на грижа кај македончето што се однесува до медицинските проблеми у државава.
И, живеејќи у држава - анархија, нит се знае кој пие кој плаќа, башибозук, ништо не ни е средено, економија катастрофа, корупција од уши ни искача, и ајде ќе разговараме за штетноста на тревата и колку таа не треба да биде легализирана, демек ќе глумиме западњаци и фенси држава, јер нова про-ЕУ власт дошла. Во држава каде што ноншалантно се газеа и се газат пример - урбанистички планови, и наместо парк - никнува зграда, благодарение на феноменот наречен - корупција, смешно е воопшто да се дебатира за канабисот. Едноставно, не сме на тоа ниво да се регулира ова прашање преку државен инструмент. Не сме го достигнале тој левел како народ, држава и каква и да е - нација.
Многу пати имам зборено како треба да се употреби растението за економски раст на државата и прогрес, но џабе е, кога фарма бизнисот и бизнисот со наркотици се "још једна у низу" соработници, донатори на државниците во нивното функционирање и одржување на власт, како и спонзори на разни нивни активности и стремежи. Неможеш да очекуваш прогрес на било какво поле, особено НЕ околу прашањето за "економскo-туристичка" легализација на канабисот, кога криминалот (особено оној на трговија со наркотици) е најголемо лоби на политичарите, и најдоминантен извор на финансии на политичките партии во државава.
Ги имаме сите природни предуслови за легализација - секаде у близина е нелегално (ќе привлекуваме туристи, нешто што е докажано како економски бенефит преку примерот со казината на јужната граница), имаме одлична КЛИМА за одгледување (плус важиме за земјоделска држава, иаме земјоделци кои со малку обука би биле одлични одгледувачи на канабис), плус имаме идеални услови за развој на канабис туризам - одлични природни богатства, кафеани/ресторани, езера и тн и тн. Но, институционално сме тешка катастрофа и уште долго нема да мрднеме од ова дно во кое што сме западнати.