Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И

Име И Презиме

Гостин
Ајде форумџии
Дали сте за вакцинација на децата или зошто сте против?

Министерот за здравство донел одлука дека мора да се вакцинираат децата за да можат да се запишат во градинка и школо.За чудо нивни коалиционен партнер е против
https://tocka.com.mk/vesti/267029/milevski-do-filipce-nemas-pravo-da-gi-ucenuvas-roditelite-da-gi-vakciniraat-decata
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Јас сум за, ќе образложам утре ако де развие дискусија немам време сега. Конечно паметно нешто од овие.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Секако за, све друго е неодговорно и ја како родител не би ризикувал детето да заболе од нешто што лесно може да се спречи со вакцини. Али за жал со интернетов една мала но упорна група противници на вакцини ствараат несигурност кај родителите. Посебно за ММР вакцината има пропаганда која базира на фалсификувана студија дека од неа се добивала аутизам. Се откри како лага но за жал пропагандата е жива и ја има низ интернетов.[DOUBLEPOST=1524349076][/DOUBLEPOST]Иначе во Германија на пример не е задолжително вакцинирајнето (прашање на време) но никоја градинка не ги прима децата кои не се целосно вакцинирани.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Јас сум за, ќе образложам утре ако де развие дискусија немам време сега. Конечно паметно нешто од овие.
Ова е многу дискутабилна тема, според мене одредени треба да бидат задолжителни, а некои треба да се изборни, очекувано е дека про американската ориентираност ќе доведе и до задолжително вакцинирање, бидејќи така е и во нивното општество. Еве нешто од Џон Бергман на оваа тема.
 
И

Име И Презиме

Гостин
И јас сум за вакцинирање на деца, генерациски сме вакцинирани .Мене малце ми ствара сомнеж квалитетот на вакцините и нивното потекло.Не сум медицински упатен но луѓево што не сакаат да ги вакцинираат децата имаат разно разни алиби околу ова прашање.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.643
Ќе дочекаме ли и` ние да живееме држава која на рамковнистите кои сакаат двојазичност, веење на туѓо државно знаме на македонска територија, вработување врз основа на национална припадност, а не врз основа на професионални квалификации, величење и славење на балисти и останати злосторници, ќе им одговори со: така во Шиптaристан, не овде ?

https://off.net.mk/vesti/svet/kratka-e-rakata-na-drzhavjanstvoto

Кратка е раката на државјанството

21 Април 2018 - 20:49

Почитувајќи ги нормите на својата вера и родна земја, Алжирка одбива да се ракува со службеникот кој ѝ го предава новото француско државјанство. Франција ѝ порачува: Така во Алжир, не овде.

Обичајот во Алжир е: жена не смее да се ракува со непознат маж.
Обичајот во Франција е: да се ракуваш со службеникот кога ти дава државјанство.

Проблем, за неа.

Апелационен суд во Франција ја потврди одлуката на властите за одбивање на државјанство на неименувана жена од Алжир која не сакала да се ракува со службеното лице кое ѝ го предавало документот.

Случајот на суд го носи таа, тврдејќи дека се работи за дискриминација и злоупотреба на власта. Таа вели дека нејзините религиозни убедувања ѝ забрануваат да се ракува со непознати мажи но државата проценила дека нејзиниот гест е знак за „недоволна асимилираност во француската заедница“.

Мажена е за Француз од 2010 година а пред две години одбила да му пушти рака на службеникот кој ѝ го предавал документот за нејзиното ново државјанство по што тоа ѝ бива повлечено а сега и потврдено со судска одлука.

Во 2016 година и едни локални власти во Швајцарија наложија двајца муслимански ученици да мораат да се ракуваат со нивната учителка или да се соочат со соодветни консеквенци на нивниот верски инает.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
da ne se iselenickive doznaki....
https://civilmedia.mk/ptchalbarsko-kumanovo/
`Овој податок, тој го базира и на истражувањата направени согласно, тековните трансфери на лицата што заминуваат во странство кои се движат на нивото од 20-23 проценти од БДП и се во константен раст. Приватните трансфери растеа целиот период, дури и зголемена невработеност во развиените земји.`
sega i lokalnata i centralnata vlast se od ista partija, pa pak kumanovci se tepaat da zaminat.
`Со него се согласува и Наумоски, кој вели дека во минатото токму кога имаше голем број печалбари од Куманово поради различните политички опции помеѓу централната и локалната власт, градот доста често бил маргинализиран.`
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.625
Поени од реакции
11.689
Ne postoi crkva so takvo ime vo butel
Da ne mislat na sv. Nikola?
постои само што ситници фалат за официјално да е завршена
голема е и преубава
иначе бившиот градоначалник од гомно на општина Бутел не даваше дозвола за градба долго време, затоа џамии без проблем неколку никнаа се му ебам лоповско

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Антиваксерите на светско ниво се тотални идиоти. Карактеристичен пример е лани или некоја година пред тоа кога морбили напраија попара во Романија и Унгарија, беше некоја сериозна цифра што е резил за држави од ЕУ, ама па и многу кажува што значи ЕУ во своја „периферија“ за која ние као се тепаме да влеземе.
Антиваксерите во фајром се веќе нешто друго. У сред Европа да ти се увезуваат вакцини од Бангладеш, многу веројатно со пројден рок...сигурен си дека си му убризгал говна на детето и што е уште побитно - не си го заштитил како што треба. Така да, меркава е според мене ок, ама да не им се дава на ојлевци-дојлевци да увезуваат....ала ивона талеска. Врска со аутизам и слични интернет-глупости многу одамна е провалена. И не е точно дека е лично право, пошо е загрозување и на туѓи животи, така да ботови што решиле бог да им одлучуе за нив, нека си е**т мајката у земја кај што може така (ако ги примаат таму) - ние сме се договориле другачие.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова е многу дискутабилна тема, според мене одредени треба да бидат задолжителни, а некои треба да се изборни, очекувано е дека про американската ориентираност ќе доведе и до задолжително вакцинирање, бидејќи така е и во нивното општество. Еве нешто од Џон Бергман на оваа тема.
Нормално дека мојот пост е таков под услов увозот да биде контролиран, да се носи квалитет и да не е селски тендер како со инсулинот што сјебаа.

Инаку не ме сфаќај погрешно ама вакви идиоти со дискутабилно it's a conspiracy ментално здравје, со клипови и теории има еден куп. Имунологија, епидемиологија, физиологија се испити на медицински од по 1500 страни, не може некој ојле дојле што фатил да шкрапа да знае повеќе од доктор. И да речеме дека се фатени со фармацевтските компании, сигурно досега ќе се најдеше некој што ќе го разбиеше митот.

Како што кажа Алмеида анти ваксериве и оние што замараат со рамна земја се или луѓе со недостиг на внимание или со претерана самодоверба. Кај нас главни анти ваксерки ти се Миа дрољата и Хелена Роза кои дискутабилно е дали знаат врата да отклучат не па да ја дебатираат медицинската страна. Поради такви умот што им го следат кај нас ја вратија магарешката кашлица преклани мислам беше, прв случај после 1986 :facepalm:
Не разбирам како одлучуваат да си играат со животите на децата туку така.

Џон Бергман е далеку од овие рандом фаците, човекот има страшно знаење од медицина, не е само тој на оваа тематика, има еден тон документарци, неспоредливо е ова со идиотите од Рамна Земја.
Дека прават глупости со вакцините е факт, гарант немаме потреба од сите вакцини, а дека тоа ќе успее да го побие некој доктор на youtube нема теорија, таму се вртат милијарди.
ФДА има одобрено еден тон глупости да се употребуваат кои се штетни, така е и со тука, бизнисот е на прво место.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Најголема глупост што можеше да се направи е забраната за дотур на роба во центар до 18 часот. Значи цела држава живее од тие фирми и сега дополнително им прави рестрикции. Загадувале комбињата. Абе дегени едни а некој на кафе за луксуз може со некој дизел од 2000 та да оди а фирмите да трпат така? Ебати неписмените ебати. Сум бил и Њујорк и Истанбул. Во Њујорк нема сообраќајна полиција туку редари и дозволено е паркирање на комбиња пред секој ебан дуќан. Редарот стои за нешто ако има закажано некоја поправка и те замолува 5-10 метри подолу или погоре да паркираш. Истанбул кај што е Капаличаршија и позади неа кај што се магацините на големо дозволено е само комбиња и пикапи да поминуваат. Нема приватни цивилни коли за луксуз. Значи сите пазат бизнисот да не биде загрозен пошо од тоа живее и Истанбул и Њујорк а во Скопје се прави обратното. Абе абер да се немало од ништо во животот јас незнам како може да биде толку човек неук, оди во планина овци паси.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Истражувани се и откриени во време кога не се праеле миЉарди.
Пак ќе кажам - тоа што го праат директорите на Фонд за здравство и разноразни трговци - за тоа треба да се уведе смртна казна, па нека си седи ивона вести да чита. Истото важи за цитостатици, инсулин и сите други знајни и незнајни лекови, за кои е грев да гледаш како се мачат луѓе во 21 век сред Европа.
Анти-ваксерите се „еден случај во 500 милиони“ и одма „ете, фармацевтска мафија, чипови ни ставаат...“
Не знам за Хелена, мислам дека сестра и има дете со аутизам или слична некоја состојба, ама од сериозен лекар не сум чул дека е паметно ова што се праи.
А про по.....мада а1 он веќе е режимски медиум - https://a1on.mk/archives/882057 и е намерно стаена веста баш денеска, ама не е лошо да се прочита.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Малку се промашува поентата на целата ситуација и гревот на Грујо во овој случај. Одбраната на Грујо се труди да докаже дека цело време се расипувал постојниот блиндиран Мерцедес и ради тоа е купен нов.

Не е проблем што се купило ново блиндирано возило. Држава сме и треба да има такво ново возило кое ќе ги задоволува безбедносните и сигурносни стандарди за возење на државниот врв.

ГРЕВОТ НА ГРУЈО Е ТОА ШТО ТЕНДЕРОТ БЕШЕ НАМЕСТЕН.

Потрошени се 600,000 ЕУР во тендер во кој се штимани карактеристиките на возилото што ќе се набави преку тендер согласно желбата на Грујо и тоа треба да биде аргументот на обвинителството. Не да се навлегува во дебата дали требало ново блиндирано возило или не. Да, требало да се купи, старото се расипувало, ама во постапка за набавка во која и други прозводители на блиндирани возила ќе можеле да имаат фер шанса. Бомбата што беше објавена во јавност завршува со тоа што Гоца го бара каталогот од Мерцедесот за да може да ја спреми тендерската документација за купувања блиндирано возило да одговара со Мерцедесот и само тој да може да ги исполни барањата. Тука е гревот и основот за затвор.
Судењето за Мерцедесот е најнелогичен процес од сите. Како прво, тендер не бил ни задолжителен. А второ, Груевски не бил член на комисија за тендерот. Неверојатно колку ниско паѓа СЈО, а треба да е институција „пар екселанс“. Ама уште кога Катица ја ставиле за главна, тури му пепел, јасно е нивото... и и целта на оваа институција.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Истражувани се и откриени во време кога не се праеле миЉарди.
Пак ќе кажам - тоа што го праат директорите на Фонд за здравство и разноразни трговци - за тоа треба да се уведе смртна казна, па нека си седи ивона вести да чита. Истото важи за цитостатици, инсулин и сите други знајни и незнајни лекови, за кои е грев да гледаш како се мачат луѓе во 21 век сред Европа.
Анти-ваксерите се „еден случај во 500 милиони“ и одма „ете, фармацевтска мафија, чипови ни ставаат...“
Не знам за Хелена, мислам дека сестра и има дете со аутизам или слична некоја состојба, ама од сериозен лекар не сум чул дека е паметно ова што се праи.
А про по.....мада а1 он веќе е режимски медиум - https://a1on.mk/archives/882057 и е намерно стаена веста баш денеска, ама не е лошо да се прочита.
Маж и на Ребека е доктор и знае како одат тие работи... мене ми е повеќе за атеншн сикинг кај овие две, ги снема од јавноста и сега мора нешто да прават за да не ги заборави народов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom