Конфликтот во Сирија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.130
Поени од реакции
12.717
Da ama tie raketi samite Sirijci t.e. armijata na Asad (PVO) gi soborile tie raketi !

A osven Rusite kade se sega i Iran i Kina nesto zamolknaa gi snema a i tie se sojuznici na Asad neli ... za vozvrat sega Rusija, Kina i Iran treba da napadnat voeni celi na zapadnite sojuznici (SAD, Britanija, Francija) vo regionot kako voena odmazda za napadite kon nivniot sojuznik Asad !
Тоа се вика тактичко надмудрување, се` додека нема сериозни последици од нападот - а засега нема - Русите бараат вонредна седница на Советот за Безбедност на Организацијата на Обединетите Нации.

Засега, Русите и Кинезите размислуваат со претежно ладни глави и тоа е многу паметно, за разлика од Доналд Трамп, кој се закани со бомбардирање на Сирија откако Федералното Биро за Истраги - ФБИ на САД, ја претресе канцеларијата на Мајкл Кохен - долгогодишниот личен адвокат на плавиот Трамп, а откако Одделот за Правда на САД и` официјално поднесе обвинение против Кохен, плавиот Трамп демонстрираше дека не знае да размислува со ладна глава и лансираше проектили против Сирија.

И да ти бидам искрен, да сум јас на местото на Владимир Путин би реагирал на ист начин - бесмислено би било за мене директно да ги загрозам моите вооружени сили доколку сеуште нема сериозни последици од американските воени авантури во Сирија, само бидејќи плавиот колега од овалната канцеларија во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД, не знае да си ги контролира импулсите, а јас да му одговорам на неговиот блеф со вистинска воена акција.

Засега ситуацијата во Сирија е сведена на статус кво - со исклучок на тие помалку важни цели кои се бомбардирани од западњаците, а бројот на загинати - засега - е сведен на 0 (НУЛА).

Секако дека тоа може да се смени во наредните неколку часа или денови доколку плавиот Трамп не научи во меѓувреме да размислува со ладна глава во вакви ситуации.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Асад свесно никогаш нема да воспостави контрола врз цела територија. Од тој момент натаму ќе треба да седне на маса, и постои можност на избори да изгуби се што добил во војна.
Веќе неколку пати седна на маса и то со руско посредство, прифати одредени уставни измени со кои веќе изгуби значителна моќ, така да дали би изгубил или сега во овие услови како победник би ја забетонирал својата позиција тешко е да се претпостави.

Во истиот контекст, FSA никогаш и не била создадена да го собори комплетно Асад, едноставно да се појави одредена структура која ќе воспостави некаква власт и потоа Западот да ја легитмира како таква со шо седнува на зелена маса од нигде никаде.
И онака немаа воени успеси, покрај целосната воздушно разузнавачка поддршка и дипломаски притисок во нивна полза.

Шаблонот е тој, исто како шо ОВК ниту теоретски неможеше да ги порази силите на тогашна Југославија покрај истата логистика, сепак доби легитимитет и седна на зелена маса каде продолжија да ги толчат, еве сеуште во функција се.
Истото се случи и кај нас 2001, едноставно не се создадени за сценарио во кое треба некој воено да поразат, настрана шо неможат и да сакаат.

Не ја бранам династијата Асад воопшто, имаат многу гревови према својот народ, ниту пак ги бранам алтруистиве од запад, чисто фактичка ситуација да се утврди и некој след на настани и процеси аналогно со нашето блиско минато, тука на Балканот.



Засега русите водат во Сирија, тоа е факт, ^ стар советски постер :rolleyes:

Ете циркус, америте велат нема соборени проектили :icon_lol:

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Таа пропаганда трае во текот на целата војна и е проѕирна како фолија. Зошто сеа нешто би се сменило? Башка Трамп си остави простор за во иднина дека можат кога сакаат да испалат ракети, во случај на повторување на хемиски напад. Таков луксуз Русите не можат да си дозволат, да прават што сакаат, а имаат тони војска и оружје во Сирија. Се на се, многу млак однос од нивна страна, подобро да молчеа и да не се закануваа.
Америкa веќе е пoбедник у ситуaцијaвa и тoчкa тoa е тoa
Статус кво е ситуацијата, нема победници.

Од истрелани 103 ракети, бутнати се најмалку 71 со застарени системи... Генерално немало потреба да се вклучува С400 ..

Иначе и според мене, требаше да реагира Русија, некако ептен фарса испадна работава.[DOUBLEPOST=1523717248][/DOUBLEPOST]
Нaјжaлнo е штo мoжеби сaмo ке му претеa нa Асaд,a сеa пoштo изедoa гoмнa Русите рaди нивнa прoвoкaцијa ке гo стoлчaт
Тешко тоа, ептен беа симболични нападиве....[DOUBLEPOST=1523717386][/DOUBLEPOST]
Тоа ништо не им значи, но битно е дека психолошки многу добија. Наредно може да ја изораат цела Сирија, односно тоа што преостана од неа, да пуштат пешадија и што сакаат да прават, Русија мукла. Важно им го испипаа пулсот и ги помочаа пред светот. Е сеа зад кулисите што се дешава тоа е сосема друга работа.
Па незнам баш дали е така.. самите рекоа дека им ги брифирале на Русите целите.. Тоа сепак не ги трга Русите од цела приказна... генерално се случи првото сценарио, строго контролирана интервенција.[DOUBLEPOST=1523717551][/DOUBLEPOST]
@jamajka

Како викаше, сериозно се заканиле Русите и во случај на напад ќе ги таргетирале лансирните рампи и изворот на нападите?
Да де, ако имаше вистински напад, а не напад на пустинскиот песок...
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.318
Поени од реакции
15.489
Како нема соборено ракети...има снимки на нет каде се гледа полетување на ПВО ракети и експлозии во небото. Нека не ве чуди што огнената топка од екплозијата не е толку голема.....се случува на поголема висина, но јасно се гледа експлозијата

https://twitter.com/Conflicts/status/984964527308537856
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.170
Поени од реакции
25.912
Ова е маратон, не е спринт. Многу погрешно е да се анализира ситуацијата од тоа како бил истрчан само 19-тиот километар. Доволно е да се видат мапите од август 2015-та па до сега. ИСИС е скоро па елиминиран, џихадистите немаат освоено ништо веќе и јас не знам колку време уназад, напротив само губат, а после целосната евакуација од Дума што се случи пред само неколку дена, единствен голем град над 100,000 жители што го држат е Идлиб. Асад е уште на власт, од околу 20-тина џеба на џихадистите како што тргнало ќе им остане само оној во Идлиб. Поголема глупост од тоа дека Америка ако сака може да ги смачка сите, ама не им се некако сака во моментов нема. Онака ги мрзи, шо кур, нека јакнат Иран и Хезболах, нека си договараат НАТО партнерите ни од Турција оружје, цевководи и соработки со Русите шо има да му ја мислам. Го смачкавме Садам, го смачкавме Гадафи, та сега па Асад, а бил, а не бил, ексик. Ова беше плукање под прозор, нешто што веќе еднаш се случи, ништо чудно да се случи и пак. Дур не се случи конкретна промена на терен се ова е џавкање на џивџани. Трамп е најпознат по тоа преку неговиот џивџан.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Со самиот факт дека Западот имаше муда да нападне во Сирија доволно кажува кој што е, само глупак уште не може да разбере, нападот беше само симбол да и се каже на јавноста дека не верувајте во глупостите на Путин е Ердоган или не знам некој Ирански лидер дека се семоќни, нека оди Русија, Турција не знам кој нека меша работи во Ирак или Афганистан ако имаат муда нормално. Кажав и пак ке кажам за Америка само Кина претставува опасност овие другите не ги ферма, и нека не јаде Ердоган многу оти може пуч да и се случи пак па да се посере како што се посере пред 2 години, а на Путин може Кримеа да и стане проблем или Чечениа
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Чим ја нападнаа Сирија тоа е показател дека Сирија е богата, пребогата држава, со нафта, природни богатства, ресурси... А не дека Асад е диктатор или не е! Настрана муабети од типот „Абе шо не ојш Сирија да живиш ак е толку убо“ Истите што го викаат тоа јас нив им реплицирам абе ти шо не ојш Америка да живиш!!! И тие даваат одговор ам така е то така се ојт Америка. А пак од друга страна ти викет Америка се турија имигранти од одење. Е ај сега најди му го крајот!!!

Чад е убедливо најДИКТАТОРСКАТА број 1 земја во светот...

Но зошто никој во историјата на таа држава нема донесено „ДЕМОКРАТИЈА“???
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.530
Поени од реакции
18.459
Со самиот факт дека Западот имаше муда да нападне во Сирија доволно кажува кој што е, само глупак уште не може да разбере, нападот беше само симбол да и се каже на јавноста дека не верувајте во глупостите на Путин е Ердоган или не знам некој Ирански лидер дека се семоќни, нека оди Русија, Турција не знам кој нека меша работи во Ирак или Афганистан ако имаат муда нормално. Кажав и пак ке кажам за Америка само Кина претставува опасност овие другите не ги ферма, и нека не јаде Ердоган многу оти може пуч да и се случи пак па да се посере како што се посере пред 2 години, а на Путин може Кримеа да и стане проблем или Чечениа
Ok ljop nemas poima :))))
 
T

Terroir

Гостин
Со самиот факт дека Западот имаше муда да нападне во Сирија доволно кажува кој што е, само глупак уште не може да разбере, нападот беше само симбол да и се каже на јавноста дека не верувајте во глупостите на Путин е Ердоган или не знам некој Ирански лидер дека се семоќни, нека оди Русија, Турција не знам кој нека меша работи во Ирак или Афганистан ако имаат муда нормално. Кажав и пак ке кажам за Америка само Кина претставува опасност овие другите не ги ферма, и нека не јаде Ердоган многу оти може пуч да и се случи пак па да се посере како што се посере пред 2 години, а на Путин може Кримеа да и стане проблем или Чечениа
Ќе беше покажување муда ако нападнеа Руски бази во Сирија, а не небитни објекти во кои не нанесоа никакви човечки жртви

Со ваков дебакл од напад само го обединуваат Сиријскиот народ и ја потврдуваат ефикасноста на Руската ПВО
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Незнам кој уште верува во лагите на западните политичари та бил пувежот Трамп или Обама, Буш, Клинтон сеедно или пак била Тереза Меј или Дејвид Камерон, Тони Блер, Жак Ширак, Саркози, Макрон, Меркелката и.т.н. ... Садам Хусеин го нападнаа оти имал хемиско оружје, Гадафи исто така имал хемиско оружје, Милошевиќ па на него за чудо не му најдоа хемиско оружје но тој од вкупно 1 и пол милион Албанци на КосМет заклал дури 5 милиони и сл. глупости во кој ни баба ми не верува, сега и со Асад истата приказна дека пуштал намерно хемиско оружје и тоа врз цивили се со цел да го нападнат со нивните невидливи стелт авиони !
Зошто САД/НАТО не напаѓаат на пр. во подсахарска/субсахарска Африка епа таму има џунгли и мајмуни а нема нафта, но затоа во северна Африка како и на блискиот исток од Азија има нафта знаат они каде да удираат со нивните фантом авиони и ракети томахавки ![DOUBLEPOST=1523724074][/DOUBLEPOST]Ај Америве него и нивните Европски приврзоци Англија и Франција скокаат исто како петли после не е ни чудо што во Париз и Ница камиони им газат десетици луѓе по плоштади и улици и им рокаат бомби по метроа, автобуси, стадиони, трговски центри, аеродроми во сред Брисел, Берлин, Лондон и.т.н.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.408
Поени од реакции
18.572
да бе.... се гледа колку поим имаш ти па остај ме мене што немам
Геополитика не е мавање возови со камења, години треба да пројдат за да се види кој имал ќар од овој потег.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom