Конфликтот во Сирија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.122
Поени од реакции
12.703
Другото исто со @Dexter26

Ептен навијачки си пишал :icon_lol:

Текстот има поента, а тоа е дека при конвенционално војување западот е надмоќен, ова надмоќен може повеќе во квантитативна смисла, затоа шо и таа победа би била Пирова за нив.

Тоа со испалувањето на плотун крстосувачки проектили повеќе се однесуваа на заситување-сатурација на ПВО системот за target acquisition, не знам конректен превод на мкд за ова, знам англ и срп-хрв :icon_lol: секоја батерија има одреден број на проектили на готовс плус стенд бај полнења, а за повторно полнење на двата посебно за very long and long range треба некое време.

Прашање е и колку имаат борбена резерва од овие проектили во Сирија русите, така да типот не е баш таков аматер какво шо го прогласи ти. Пак да нагласам дека се работи за чисто конвецнионално војување, се друго е коњец филм за сите.

Уште едно прашање е само со што располага а не се знае јавно Израел и колку е спремен да влезе во отворен конфликт со Русија.
Единствен навивачки коментар е приказната на Џастин Бронк.

Таков аматеризам можам да си дозволам јас - кој не сум воен експерт - но за некој како Бронк - кој се нарекува себеси воен експерт - да си дозволи таков аматеризам говори на колку ниско ниво се спуштени стандардите за некој(а) да биде квалификуван(а) како воен(а) експерт(ка) кај западот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Види, самата местоположба не ти дозволува да направиш споредба со тоа шо беше 1998/99 во Југославија, Израел, Иран, Турција и Саудиска Арабија ти се во непосредна близина на Сирија, на Балканот освен Грција не постои друга воена сила, ако уште во овој контекст се земе и техниката која е моментално распоредена во и околу жариштето во Сирија, game changer.
Има чешање глави во Пентагон моментално.

Инаку аваксите не само шо светат како елка на системите за аквизиција на С-400 сега и со четвртиот ПВО слој со многу долг дострел им се лесен плен, 400км има самиот систем домет, ако се земе во одбзир фактот шо се интероперабилно со сириското ПВО било која батерија може да добие target acquisition и да стрела, а сега изјавија дека без разлика шо се надвор од сирискта аероторија ќе гаѓаат на нив. Very long range проектилот ако се сеќавам добро развиваше врзина од некои 15 маха и може 20g корекција на траекторија да направи со плафон од 128км, наменет е за паметни интерконтинентални балистички проектили, се шо е early warning е загрозено сега во тој блискоисточен театар на војување.

Инаку сиријците имаат набавено руски системи за одбрана од море шо се интероперабилни со С-400, кој патем речено може да гаѓа цели до пет метри над земја, како најнизок праг.

K-300P Bastion-P, 3K60 Bal 130 km 300 km
Operational range
350 km against sea targets
450 km against ground targets


Плус овие ги има во поморски варијанти на руските бродови ;)

Другото исто со @Dexter26
Ми ја утна поентата, не сакав да споредам Југославија како сила или како нешто што може да се мери, туку напротив, сакав да потенцирам дека Русија не се Југославија(иако мора да признаеме дека војската на Југославија одлично маневрираше) или Ирак или Авганистан, па само да се бранат од ракетите... Туку напротив, како што кажува израелскиот разузнавач, ќе има противнапад... Нема да чекаат да испалат 480 томахавки и да ги уништуваат која како дојде, туку ќе удрат по бродовите, во авијацијата, па мислам дека ќе удрат и по базите од кај што потекнуваат нападите.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Единствен навивачки коментар е приказната на Џастин Бронк.

Таков аматеризам можам да си дозволам јас - кој не сум воен експерт - но за некој како Бронк - кој се нарекува себеси воен експерт - да си дозволи таков аматеризам говори на колку ниско ниво се спуштени стандардите за некој(а) да биде квалификуван(а) како воен(а) експерт(ка) кај западот.
Шо има аматерско, ликот пишува исклучиво за борбено сценарио со конвенционални средства.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.122
Поени од реакции
12.703
Шо има аматерско, ликот пишува исклучиво за борбено сценарио со конвенционални средства.
А што има конвенционално во граѓанската војна во Сирија - освен материјалната и колатералната штета ?

Граѓанската војна во Сирија од поодамна не е конвенционална, финансирање и вооружување на исламистички ѓубриња од луѓе кои силуваат и масакрираат невино цивилно население нема никакви траги од конвенционално војување.

Измислувањето лажни изговори за започнување на војна исто така нема никакви допирни точки со конвенционалното војување, но светот од поодамна го прифати како норма - уште од Првата Светска Војна па наваму.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Ми ја утна поентата, не сакав да споредам Југославија како сила или како нешто што може да се мери, туку напротив, сакав да потенцирам дека Русија не се Југославија(иако мора да признаеме дека војската на Југославија одлично маневрираше) или Ирак или Авганистан, па само да се бранат од ракетите... Туку напротив, како што кажува израелскиот разузнавач, ќе има противнапад... Нема да чекаат да испалат 480 томахавки и да ги уништуваат која како дојде, туку ќе удрат по бродовите, во авијацијата, па мислам дека ќе удрат и по базите од кај што потекнуваат нападите.
Сепак и на тоа ти одговорив, дека и AWACS е во домет, ако радарски домет на авакс е 400км на С400 е 600км, веројатно и повеќе на С400 со само детекција без можност за одредување висина и брзина.

Пак исто како со @Dexter26 ако се сведе само на конвенционални средства сепак западот е надмоќен, плус Израел е тука шо зависи како ќе делува во цела ситуација. Макар шо напишав дека ако дојде до судир од поголеми размери и без употреба на нешто посериозно ќе биде покољ и победата на која и да е страна би била Пирова.

Затоа и нема да дојде до такво нешто туку че има огномет за публика :icon_lol:[DOUBLEPOST=1523535394][/DOUBLEPOST]
А што има конвенционално во граѓанската војна во Сирија - освен материјалната и колатералната штета ?

Граѓанската војна во Сирија од поодамна не е конвенционална, финансирање и вооружување на исламистички ѓубриња од луѓе кои силуваат и масакрираат невино цивилно население нема никакви траги од конвенционално војување.

Измислувањето лажни изговори за започнување на војна исто така нема никакви допирни точки со конвенционалното војување, но светот од поодамна го прифати како норма - уште од Првата Светска Војна па наваму.
Види правиме муабет за воената технологија шо е распоредена во и околу Сирија и шо би било... ти пишуваш за нешто сосем друго.

Фамилијата Асад не е баш олицетворение на добробит во Сирија неколку децении веќе, тука рековме градација само помеѓу злото е рационална.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.426
Поени од реакции
43.244
Русите треба да го сменат Асад со друг човек, а со тоа западњаците ќе ги изгубат сите изговори што би ги имале околу евентуална инвазија на Сирија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Сепак и на тоа ти одговорив, дека и AWACS е во домет, ако радарски домет на авакс е 400км на С400 е 600км, веројатно и повеќе на С400 со само детекција без можност за одредување висина и брзина.

Пак исто како со @Dexter26 ако се сведе само на конвенционални средства сепак западот е надмоќен, плус Израел е тука шо зависи како ќе делува во цела ситуација. Макар шо напишав дека ако дојде до судир од поголеми размери и без употреба на нешто посериозно ќе биде покољ и било која победа би била Пирова.

Затоа и нема да дојде до такво нешто туку че има огномет за публика :icon_lol:
И да се бутне 1-2 авакси не е ништо сериозно и опасно, опасно би било да се потопи некоја крстарица или носач на авиони....

Искрено не би можеле да кажеме дали западот е надмоќен, тука има врска и теренот на којшто се игра. Рачунај дека се за Русија е среден дострел медитеранот... Така да надмоќноста во оваа криза ќе да е на Руска страна.[DOUBLEPOST=1523535674][/DOUBLEPOST]
Русите треба да го сменат Асад со друг човек, а со тоа западњаците ќе ги изгубат сите изговори што би ги имале околу евентуална инвазија на Сирија.
Зошто би го смениле ??? Сите принципи позади кои седат ќе ги изгубат, а САД тоа би го прикажале како победа.... Јас сум да стојат цврсто до крај позади Асад... Ако го пуштат низ вода Асад, сите потенцијални сојузници од сега па натаму би ги изгубиле...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.122
Поени од реакции
12.703
Русите треба да го сменат Асад со друг човек, а со тоа западњаците ќе ги изгубат сите изговори што би ги имале околу евентуална инвазија на Сирија.
Зарем веруваш во тоа ?

Западот сака да инсталира своја марионета во Сирија, исто како што инсталираа свои марионети во Авганистан, Ирак и Либија, и секогаш ќе изнаоѓа нови изговори за да ја оправда својата агресија.

Заминување на Башар ал Асад од власта во Сирија нема да биде посакуваното решение на западот, после заминувањето на Асад ќе бараат "демократизација" на државата, па Белите шлемови да ги обезбедуваат изборите, па целосно отстранување од изборниот процес и од државната и јавната администрација на сите државни и јавни службеници кои работеле на своите државни/јавни функции додека Асад бил на власт, и ред други идиотизми.

Па ќе си инсталираат свој Садам Хусеин кој ќе мерка свои непосакувани општествени елементи за истребување - со биохемиско оружје од западот, се разбира - тоа можат да бидат Курдите, можат да бидат алавитите на Асад, или па можеби христијанското малцинство во Сирија, но се додека нивниот сириски Садам Хусеин игра на музиката на западот, воопшто нема да им пречат неговите злосторства. Кога ќе му истече рокот на траење, ќе му најдат и на него биохемиски оружја за масовно уништување, ќе му приредат нова војна, ќе го соборат, па ќе го обесат како Садам Хусеин во Ирак или ќе го искасапат жив како Моамер Гадафи во Либија.

Башар ал Асад од поодамна не е проблемот во Сирија, туку исламистичките ѓубриња од луѓе кои западот ги финансира, вооружува и обучува, не за да донесат слобода и демократија во една од ретките секуларни држави на блискиот исток, туку да создадат уште една марионетска држава на блискиот исток.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
И да се бутне 1-2 авакси не е ништо сериозно и опасно, опасно би било да се потопи некоја крстарица или носач на авиони....

Искрено не би можеле да кажеме дали западот е надмоќен, тука има врска и теренот на којшто се игра. Рачунај дека се за Русија е среден дострел медитеранот... Така да надмоќноста во оваа криза ќе да е на Руска страна.[DOUBLEPOST=1523535674][/DOUBLEPOST]
Зошто би го смениле ??? Сите принципи позади кои седат ќе ги изгубат, а САД тоа би го прикажале како победа.... Јас сум да стојат цврсто до крај позади Асад... Ако го пуштат низ вода Асад, сите потенцијални сојузници од сега па натаму би ги изгубиле...

Тоа е веќе ICBM, и без нуклеарна/атомска боева глава не е конвенционално средство.

Еве го алтруизмот на засегнатите:

 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Може ќе чека Трамп да стигне флотата предводена од усс Труман во блиски исток па после ќе нападне. До тогаш којзнае колку подморници ќе шпартаат во медитеранот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.122
Поени од реакции
12.703
После Монти Пајтон и Фаличен пансион, во воената игранка се` придружува и Ало ало.

Доказите на Британците не држат вода, американците немаат докази, па затоа сега француската макарона се придружува во воената игранка со своја приказна - имал доказ.

Syria 'chemical attack': France's President Macron says he has proof

Оооф кутра плането Земја, какви се` гнаси те газат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Да се надоврзам, Меркел рекла дека нема да се приклучи кон воена акција...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.122
Поени од реакции
12.703
Да се надоврзам, Меркел рекла дека нема да се приклучи кон воена акција...
Украинскиот фашист Петро Порошенко и` дојде во посета на Ангела Меркел за да се` расплака во нејзиниот скут бидејќи руски Газпром најави дека нема да ги обновува договорите со украински Нафтогаз за испорака на гас во Украина откако ќе истечат во 2019 година.

Па затоа во моментов Меркелка е малку презафатена со блокирање на надградбата на постоечкиот гасовод Северен Поток од Русија кон Германија, доколку Русија не продолжи со испорака на гас во Украина и откако ќе истечат договорите на Газпром со украински Нафтогаз во 2019 година.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871




^
A lot of military traffic over the Med including: -Royal Air Force Sentinel ISTAR ZJ690 -3x C17's RAF, UAF, USAF -USnavy P-8A Poseidon 168439 PS122


Во контекст на дешавките низ средоземјето,



 

Kajgana Shop

На врв Bottom