Русите убиваат граѓани во туѓи држави...Исто како во студената војна. Русите се криви.
Тешко дека е наместено и дека треба доста да се докажува. Русите имаат мотив, средства и репутација за вакви работи.
Русите, убивале шпиони и порано, Путин се закани дека ќе го снајде “несреќа„ секој кој работи против него. Плус е во Британија, така да тешко дека некој друг освен Русии се криви. Нормално професионалци не оставаат многу траги...и тешко дека некогаш ќе се казнети убиците. 99% Руси ја завршиле работата.
И то шо велиш, исто како што и Србите ги убија Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во Сараево на 28 јуни 1914.
Докази нема, ама ако Австро-Унгарија вели така, тогаш мора да е вистина.
Па Србија како независна и самостојна држава им попушти на Австро-Унгарците, се` им дозволи:
1. Прифати да ги цензурира сопствените учебници по историја во кои Австро-Унгарија е` претставена како агресорска држава;
2. Прифати да ги цензурира сопствените весници кои ја прикажуваат Австро-Унгарија како агресорска држава;
3. Прифати да дозволи австро-унгарски истражувачи на сопствена територија за да вршат истрага за наводната вмешаност на Србија во сараевскиот атентат - иако истиот се` случи на австро-унгарска територија, а не на српска територија.
Случајно или не, денешниот јужен сосед на Србија постапува слично - да не речам исто - како и Србија во 1914 година: преименување на аеродром за да се задоволат хировите на некоја надворешна страна, бркање на руски дипломат исто така за да се задоволат хировите на некоја надворешна страна, наскоро ќе бидне и менување на името исто така за да се задоволат хировите на некоја надворешна страна, и пак нема надворешните страни да бидат задоволни.
Исто како што и Австро-Унгарците останаа незадоволни и покрај попуштањата од страна на Србија, по што и` објавија војна на Србија на 28 јули 1914 - точно месец дена после сараевскиот атентат, и веќе наредниот ден почнаа да го гранатираат Белград. А од докази - НУЛА.
Па така и ти во твојата поддршка на приказните на Борис Џонсон без конкретни докази - докази нема, ама Русите се виновни за труењето на Сергеј Скрипал и на неговата ќерка Јулија.
Во 21ви век сеуште не погребавме ниедна империја. Тие ми личат како најсериозни кандидати, од малкуте останати.
И во 19 не погребавме ниедна... изгледа на парен век се погребува
Незнам зошто се потценува Британската моќ...мислам дека се далеку од крај они
Па не беше баш ниту една империја погребана во 19-от век, авантурите на Наполеон Бонапарта и неговата Француска Империја не траеја баш долго.
А млад е веков, сеуште ја ситничиме првата од останатите 82 години до Нова Година 2100-та.
И исто како што пред 110 години ова време ако некој кажеше дека за 12 години нема повеќе да постојат Германската Империја, Австро-Унгарската Империја, Руската Империја и Отоманската Империја, најверојатно ќе му кажеа дека не е со сите, така и денес ако некој каже дека за 10 години од сега САД ќе се распаднат или дека Руската Федерација ќе стане најголем и најважен економски, политички и воен фактор во Европа, најверојатно ќе му кажеме дека не е со сите.
Има време, вистината е дека никој од нас не знае што носи иднината.
Не им го потценувам потенцијалот, само делуваат неорганизирано. И тоа не сега, туку 20 години наназад. Можеби е само моја перцепција, ама немаат ништо сериозно изиграно во последно време. Сем што палат огнови насекаде од кои на крај Русија добива.
Освен ако не им е тоа целта...
Врати се наназад 6 години во време на кампањата на Мит Ромни, он таму ја најави оваа состојба во која се наоѓа светот. Поларноста е пред се потребна на светот, за да може полесно да се контролираат народните маси. Се надевам само дека нема ова да излезе од контрола и дека нема да има кај нас прокси војна, ако останеме надвор од блоковите.
Отприлика
тука го има мојот став од тогаш, напред назад неколку страни, и неколку погрешни епизодни улоги.... Но суштината е таа.
Е па такво време е` сега, сезона на русофобија, во 2014 година западот знаеше дека Русија и Владимир Путин ќе молчат додека се` одржуваа Зимските Олимписки Игри 2014 од 7 февруари 2014 до 23 февруари 2014 во Сочи, Русија, па се случи државниот удар во Украина помеѓу 18 февруари 2014 и 23 февруари 2014 - таман пред да завршат ЗОИ 2014 во Сочи, Русија.
Иста е приказната и денес, Светското Првенство во Фудбал 2018 допрва започнува во Русија, а треба да трае од 14 јуни 2018 до 15 јули 2018 - месец дена мирен терен за нови државни удари и воени агресии на западот, кои ќе ја натераат Русија или да молчи и да биде мирољубив домаќин на светски спортски настан, или да биде претставена како светски агресор доколку интервенира.
Украина и Сирија допрва ќе бидат интересни за набљудување помеѓу 14 јуни 2018 и 15 јули 2018, западот веќе ги трие рацете.