Русија - смена во надворешната политика?

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Бафра, инает ти е хоби. Во друга тема ќе пишуваме за ова.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
@Almeida @Bafra најтрагично е тоа шо напишаното нема апсолутно никаква врска со насловот на темата :icon_lol:
 
B

Bafra

Гостин
@Almeida @Bafra најтрагично е тоа шо напишаното нема апсолутно никаква врска со насловот на темата :icon_lol:
Е има. Зборевме зашто Русија неможе да стане алфа и омега. Со споредба на состојбата на тој што моментално е алфа и омега, како стигнал и како ќе изгуби појасно е.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.327
Поени од реакции
18.186
@Klin многу добар пост, како јас да сум го напишал, а @Bafra го лајкувал :lolzz:, познат како љубител на тие што им се исраа на the founding fathers, чии идеи, мора да признаам дека и јас ги почитувам во таа форма во која се. Веројатно Кенеди е последниот кој беше достоен за таа функција и даваше надеж.
Кенеди :pos:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.327
Поени од реакции
18.186
Што е смешно за Кенеди ...
Имаше негде дека тој бил првиот Католик претседател ( не сум проверувал :icon_mrgr: )
Претседателот на америка што дојде на власт со помош на синдикатите под контрола на мафијата.

И тој е добар претседател ?

За мене Никсон е далеку подобар Претседател на САД од Кенеди. И можеби еден од најдобрите ако не и најдобар Претседател на САД после втора светска војна.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Едноставно не држи вода Британската верзија... Нашата солидарност заснована на фабрикувани вести...

Небензја: Скрипал не е закана, нема британски список

Поранешниот полковник на руската военоразузнавачка агенција Сергеј Скрипал не претставувал закана за Русија, рече рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја на синоќешната отворена седница на Советот за безбедност на ОН на која се дискутираше за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија.

- Верзијата за инцидентот што ја шири Британија наведува дека Русија никогаш не му простила за предавство и одлучила да го елиминира. Во меѓувреме, совршено е јасно дека човекот не можел да претставува закана за Русија, рече Небензја.

Тој исто така нагласи дека Лондон против Москва води пропагандна војна без никакви правила.

Небензја додаде дека Скрипал живеел во Британија од 2008 година и праша зошто Русија толку би чекала да изврши напад врз него, до пред изборите во Русија и одржувањето на Светското фудбалско првенство.

Небензја коментираше дека сосема се неморални сите споредувања на фудбалското првенство во Русија со Олимпијадата во Берлин 1936 на која, како што рече, за разлика од СССР, учествувале спортисти од Велика Британија.

- Главниот аргумент на британската страна - руското потекло на нервниот агенс се распадна на парчиња благодарение на изјавата на претставникот на британскиот воен истражувачки центар, рече Небензја.

Тој додаде дека има цела низа неразјаснети прашања, меѓу другото и тоа како е можно, ако е користен толку силен нервен агенс, Скрипал и неговата ќерка да останале во нормална состојба уште неколку часа додека полицаецот кој им помогнал веднаш ја загубил свеста.

Според него, единствено објаснување е дека веднаш им е даден противотров. Тој потсети и дека местото на нападот било неколку километари од центарот на Портон Даун каде се вршат истражувања на хемиско оружје.


Небензја исто така ги отфрли тврдењата на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон дека постои список на прашања кој Британија и го доставила на Русија, додавајќи дека ситуацијата е сосема поинаква.

- Нема никаков список, ниту го имало. И се обраќам на британската страна, ако сакаат нека ги постават тие прашања, само немојте како прашања да наведувате обвинувања и барања да признаеме вина, а кои се кажани во духот на ултиматум, подвлече Небензја.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Борис искочи Блер за сиромашни со лагиве. Битно нашите пудлици се потепаа послушно да испушат. А јебига што им остана друго.
Тоа се вика диктат... А системот, диктатура...[DOUBLEPOST=1523025138][/DOUBLEPOST]САД со нови санкции против руските олигарси

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска ги прошири санкциите против Русија и додаде 38 руски олигарси, државни директори и компании, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Американското Министерството за финансии соопшти дека проширените санкции се одговор на „штетната агенда на Кремљ која се состои од малициозни онлајн кампањи и напори да се поткопа западната демократија, па се до воените дејствија во Украина и Сирија“.

Списокот на санкции вклучува седум руски милијардери и 12 компании во нивна сопственост. Додадени се 17 високи официјални лица, една државна компанија за продажба на оружје и банка, филијала на таа компанија.

Канцеларијата за контрола на странски капитал при Министерството за правда воведе санкции против Кирил Шамалов, сопруг на ќерката на рускиот претседател Владимир Путин. Шамалов пред три години доби заем во висина од една милијада долари од државната банка „Газпромбанк“.

Во списокот се вклучени повеќе познати лица од руската елита како Олег Дерипаска, Сулејман Керимов, Виктор Векселбер, како и Алексеј Милар, шефот на државниот енергетски гигант „Газпром“. Од останатите високи официјални лица во списокот се наоѓаат Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација и Александар Жаров, раководител на „Роскомнадзор“, државна агенција за надзор на врски, инфорамациска технологија и масовни комуникации.

Капиталот во сопственост на сите овие поединци, кој се наоѓа на територија на САД, ќе биде замрзнат. Од друга страна, постои забрана американски компании и поединци да вршат бизнис со сите именувани во списокот на санкции.

Руските власти се одговорни за повеќе штетни активности низ целиот свет, како што е окупацијата на Крим и провоцирање насилство во источна Украина, снабдување на режимот на Асад со опрема и оружје, со кои тие ги бомбардираат сопствените граѓани, се обидуваат да ги поткопат западните демократии и користат малициозни кибер активности, изјави Стивен Мнучин, државен секретар за финансии.

Тој додаде дека руските олигарси и елити кои профитираат од рускиот корумпиран државен систем нема повеќе да бидат заштиени од последиците на дестибилизирачките активности на нивната влада.

Според Белата куќа, под санкции досега се ставени 189 руски поединци и компании, поради мешање во избори, врски со сирискиот режим на Асад, како и акции поврзни со Украина и Северна Кореја.

Кремљ засега нема коментар за најновите санкции воведени од САД.
------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во една реченица, криви се дека се дрзнале да пробаат да прават нешто што за САД е секојдневие веќе 70тина години....
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Pochna besnilo da gi fakja so ovaa anti ruska propaganda. Rusija da ti bila glema belja za cel svet. Site mozhni problemi se inicirani od Rusija dosega najgolema opasnost za svetskiot mir i poredok. Ne znam samo shto chekaat i se nategnuvaat, imaat sila da ja zbrisht od liceto na zemjata kako shto beshe so Irak, Libija, YU...shto chekaat ne mi e jasno. Eden "blitzkrieg" i zavrshena rabota, in and out za edna nedela, pa da mozheme da si zhiveeme "happily ever after" i da dojde zhivotot.
Sankcii, protrevanje diplomati, odzimanje imoti na oligarsi i sl. e samo gubenje vreme...treba akcija. hirurshki precizna i efikasna, i bez trte-mrte, samo trte.
Da se unishti toj demon Rusija i da prestane da se mesha vo Makedonckite Raboti i veke ednash Makedonija da zastane ramo do ramo so progresivniot svet vo svetla idnina.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Pochna besnilo da gi fakja so ovaa anti ruska propaganda. Rusija da ti bila glema belja za cel svet. Site mozhni problemi se inicirani od Rusija dosega najgolema opasnost za svetskiot mir i poredok. Ne znam samo shto chekaat i se nategnuvaat, imaat sila da ja zbrisht od liceto na zemjata kako shto beshe so Irak, Libija, YU...shto chekaat ne mi e jasno. Eden "blitzkrieg" i zavrshena rabota, in and out za edna nedela, pa da mozheme da si zhiveeme "happily ever after" i da dojde zhivotot.
Sankcii, protrevanje diplomati, odzimanje imoti na oligarsi i sl. e samo gubenje vreme...treba akcija. hirurshki precizna i efikasna, i bez trte-mrte, samo trte.
Da se unishti toj demon Rusija i da prestane da se mesha vo Makedonckite Raboti i veke ednash Makedonija da zastane ramo do ramo so progresivniot svet vo svetla idnina.
5 минути работа.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Еве ги и Гардијан...

Гардијан: Како Борис Џонсон му заби автогол на Лондон со случајот Скрипаљ
Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, ја прецени својата самодоверба кога без никакви докази изјави дека Русија е виновна за труењето на двојниот агент, Сергеј Скрипаљ, пишува британскиот весник “Гардијан”. Весникот пишува дека Џонсон самиот му дал на Лондон автогол во сферата на пропагандата, а на Кремљ право да се сомнева во секое тврдење на британската влада.

Борис Џонсон – тоа не е катастрофа што се случува од време на време. Ова е катастрофа што редовно се случува во изминатите неколку години, а единствената промена е тоа што секој скандал е поголем од претходниот “, пишува колумнистката на ,,Гардијан ” Габи Хинслиф.


Според неа, актуелниот шеф на британската дипломатија требаше одамна да биде сменет,пособено бидејќи не се учи од грешките и не сфаќа дека дури и најмало отстапување од утврденото сценарио може да доведе до сериозни последици кога станува збор за разузнавачки прашања.

Во едно ,,невнимателно” интервју, Џонсон, како што потсетува авторката, изјавил дека некој од лабораторија “Porton Down” лично го убедил дека зад труењето на британскиот шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка стои Русија.

“Сега тој мора да плати за овие работи, бидејќи шефот на лабораторијата, рече дека научниците биле во можност да утврдат за каква отровна материја се работи, но не и кој е виновникот “, пишува авторката.

Таа потсетува дека овие лекции требаше да се научат и по ситуацијата која доведе до војната во Ирак: Колку е тешко е да и се објасни на јавноста одлуката врз основа на разузнавачки информации, без проверка на изворите на податоци и нивната точност.

Според авторката, по контроверзните изјави на британските власти, довербата во британската влада е сериозно доведена во прашање.

По лошата проценка на Џонсон, Кремљ доби идеален изговор да се сомнева во каква било изјава на британската влада.

,,Џонсон на тацна и ја даде пропагандната победа на Москва “, оценува Гардијан, додавајќи дека шефот на британската дипломатија, без поголема потреба, им прави штета на работата на разузнавачките служби на Велика Британија.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
А владата на животот од Македонија направи колатерална штета....А да не зборам за подршката на несреќната опозиција...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom