Одамна немам бапнато некоја торта.
Ја правев за на татко ми роденденот.
Измислував, шлапав, турли тава напраив.
Пандишпан 1 и 3:
Се миксираат 2 јајца со 450 гр шеќер. Се додава 300 мл млеко со 120 мл масло и 300 мл овошен јогурт од јагода. На страна се меша 210 гр брашно со 100 гр какао, 1 пециво и 2/3 лажичка сол. Се соединуваат смесите, се дели на два дела и се печат посебно.
Пандишпан 2 и 4:
Цврсто се матат 5 белки со постепено додавање на 6 лажици шеќер. Се додаваат една по една и 5те жолчки. На страна се меша 100 гр рендано чоколадо, 1 лажица брашно, 1 пециво и 1 опаковка пудинг од јагода. Се соединуваат смесите, се делат на два дела и се печат одделно.
Прв фил:
Од 900 мл млеко се двои малку, во него да се растворат 3 пудинга од ванила со 9 лажици шеќер. Кога ќе зоврие останатото млеко, се додава пудингот, се меша додека да згусне. Се остава на страна да се излади. На страна се меша 200 мл слатка павлака и се соединува со миксер, да се олади во фрижидер, па се додава 100 гр сецкано чоколадо.
Втор фил:
300 гр блендирани (или сецкани) замрзнати јагоди со 4 полни лажици шеќер на оган се меша, да зоврие некоја минута, па се додава прашокот од 2 пудинга од јагоди со 6 лажици шеќер претходно разматен во 400 мл млеко. Да се згусне, па да се олади.
Се реди прв пандишпан, втор фил, втор пандишпан, прв фил, трет пандишпан, втор фил, четврти пандишпан, прв фил.
П.С. многу поедноставно е да се печат наеднаш прв и трет пандишпан, па втор и четврти, ама пошто ја сум тро неспособна после да го преполовам на пола пандишпанот, ризично ми е да не ми се раскрши, па овака посебно 4 пати печев.
Плус порамномерно излегува смесата.