Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Ехааа, јуриш :icon_lol:

Ти смеј се, ама човек доколку ги почитува тие 10 закони, сите ќе живеат хармонично. Џабе ти ќе ставиш 1000ци закони кога пак гледаш дека светот е за никаде.

Кажи државна програма која имала позитивен ефект, а не да кажуваш дел биле неефикасни. Кажи државен проект кој е почнат, завршен и има позитивен ефект...

Сите афери кои ќе ги наброиш се помогнати од ПОЛИТИЧАРИТЕ за кои ти сакаш да им дадеш слобода да регулираат сѐ. :P

Со среќа во наоѓање на чесни, морални политичари, а уште поголема среќа да натераш мрзлив народ да гласа за такви ;) .

Без да навредам некого, а и да не те вадам од контекст, во оваа ситуација со ваков клер на двете доминантни верски заедници може не само оданочување, слободно фискализација да се воведе,
Тоа е тој Орвелов гавран Мојсеј кој секогаш проповедаше секогаш дека ако се одолее тука на искушенијата, во некој нареден свет биче боље. Чудо едно имаше добри односи со секоја власт а никогаш ништо не работеше, солиден животен стандард секогаш ;)


Тоа е утопија во моментов. Македонија нема човечки потенцијал за да понуди добри услуги, што нема да ти биде криво да ги плаќаш, ако си богат.
Функционална држава е утопија?
Една педа земја, една рака народ како нас?
Не би рекол, а и неаме лоша легислатива само некако да се стави во функција и ќе иаме драматични подобрувња.

Не е исклучиво помал буџет и помал данок поврзани се. Не очекувам од ниедна држава посебно не Македонска рационално да ги троши парите. Затоа што помали даноци и помал буџет подобро. Инаку и јас сум донекаде либертаријанец. Не им завидувам на богатите. Сакам и јас да сум богат и да не ме оданочуваат високо. Добро е да има класни разлики, зошто и јас сакам еден ден да имам пари како Мијалков и да не плаќам повеќе данок. Сите овие даноци ме дестимулираат да инвестирам повеќе ми оди да се задолжувам и трошам. Каматите се ниски, инфлацијата расте, а даноците на дискреционите приходи се зголемуваат само се пумпа потрошувачка и задолжување...тоа не ми се допаѓа. Треба да се стимулира инвестирање а не трошење. Друго не ми се допаѓа да молам држава за пари, само поголема моќ за политичарите. Тоа не е убаво. Се стимулира нерационално однесување и се прави погрешна алокација на средства. На пример земјоделие, мали бизниси, зелена енергија итн. И се генерираат сектори кои не се економични и зависат од државата вечно. А големите бизниси пак им оди ОК зошто ако се затворат државата ги спасува поради вработените. Нема логика ова што го правии оваа влада, уште полоша е од предходната.


..никогаш не ми бил јасен концептот на столчување на малиот и среден бизнис. Во тој сегмент се конценнтрирани скоро сите можни кочници и сопки, а истиот служи и како поле за работа на сите можни инспекции и контроли , евентуално за да можат да си покажат потреба од нивното постоење , а и дека нешто работат. Зошто се сече гранката на самовработување и работа во мал обем , не е изгледа никому јасно. Дури и на сите влади што го практицирале, го прктицираат и ќе го практицираат тоа, неважно што зборат и кажуваат.
Сумирано за сите,

И јас сметам дека немаме државен апарат кој може да спроведе нов комплексен механизам за прогресивно оданочување, е сеа од друга страна сметам дека во услови на една ваква перверзна дистрибуција на капиталот каква иаме, скоро анулирана средна класа, рамниот данок не е никакво решение. Значи сепак да има промена во даночниот систем, меѓутоа нешто соодветно за наши услови (ова повеќе капацитети и можности) со тоа шо целна група би бил крупниот капитал.
Јас би бил креативен и би одел подлабоко кон тоа да дефинирам кои компании повеќе од 50% од приходите им се од буџетска цицка, би ги ставил во посебна категорија со што би добиле екстра давачки и услови за така да битисуваат.

Некоја пропорционалност, колку повеќе цицаат од буџетот така да расте државниот интервенционизам, пошто не може вака.

Исто како шо странските инвестиции не се решение за нашата економија, така и рамниот данок не е соодветен за истата.

Инаку се додека се гледаат буџетарите како гласачка машинерија која едино дава отчет пред избори и покажува шо знае/може, нема ништо да биде од тука, а токму поради тоа ги чуваат среќни. Настрана шо цела системска корупција корен се тие.

Ништо нема да профункционира а згора и нема одговорност за неуспехот.


 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.777
Поени од реакции
37.789
Иначе нашиот градски татко Шилегов, ќе сади по едно дрвце за секое новородено дете. Подобро ќе му беше да садеше по една лозова прачка, па тоа дете да има обврска да ја крои прачката, а плодовите да ги бере Шиле, ама он не у кафана ќе пиел, ебате домаќинот.
...тоа ќе биде садење каде ќе се роди детето? ауууу тогаш Чаир за кратко време ќе биде шумски појас :D
 
S

silmarillion

Гостин
Абе знаеш како, и Германија превише ги згрижи своите ранливи категории што мораше да увезе сириици и авганистанци да им чистат смет и тоалети. Е после им ги ебеле жените, епа сеа...извини. Сакаш да бидеш раблива категорија на државна цицка? Неможе тоа да трае вечно. Сите сакаат у рај никој нејќе да умре.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Доколку си безобѕирен како овие асли претприемачи наши сега шо продаваат либертаријанство како превез за тоа шо не сакаат давачки, да прифатат доброволно јуриш инспекциски да влезе кај нив и да им го измери капиталистичкиот дух брзопотезно.

Избрана екипа шо знае шо треба и каде да најде. После ова во истиот тој дух на капитализмот конфискација.

Ама под услов да си безобѕирен како нив, да заборавиш во каква вукојебина живееме сите.

Структура на гласачката машинерија т.е партиски војници:

 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Затоа што превзел ризици (во рамки на законите). Затоа што поинаку ги планирал своите 24 часа кои ги има и Столе.
Хм, голема вина имаат и двајцата, ама прво и основно Трифун не смее да биде прикажуван како „снаодлив“ - пошо не е. Ги имал 5-те минути и во нив бил снаодлив, а после тоа - ништо. Трифун искористил цела логистика, врски, конктакти на општествен трговски гигант и ги преусмерил во своја полза. Легалноста на ова е релативна работа и не можеме да гарантираме ни јас ни ти. Детаљи не знаеме, ниту па тој нешто открил во јавност. Поентирал на кратко и понатаму од рупа у рупа му се бизнисите. Има некоја банка, осигурување...со незначителен учинок. Толку од „способноста“.
Столе од друга страна има тешка борба да ја надмине игнорантноста (или незнаењето, неосвестеноста). Гледаш и самиот после цели 25-6 години уште се лажат луѓе со вреќи брашно и зејтин на избори и уште се инвестира во најефтина пропаганда која го храни конформизмот на Столе.
Е сеа, реално и мене ми е преку к дојдено од двајцата. Столе не е ранлива категорија, се согласувам, ама дека треба да се форсираат ликови како Трифун дека се успешни приказни - тешка работа.
Единствено во Македонија што признавам се ликови од типот на Fx3x и фирми од IT секторот што работат за странство. Сигурен сум дека имаа многу вработени кои се несоодветно платени, ама луѓето со мали ресурси и со продавање памет носат сува пара внатре во државата. Не викам дека цела држава може да се базира на тој сектор, ама би го помагал реално - меѓу другото и затоа што се работи за кадар што е посвесен од Столе и не може да се лаже со гајба зејтин на избори. А глорификација на Свето, Трифун, оној на Алкалоид....ехеее колку народ има завршено на улица или по гробишта од нивната „снаодливост“ - и уште треба да ги слушам приказните „абе добро, барем не ја затворија фирмата за да го лапнат плацот“ - кое цивилизациско достигнување еееј.
 
B

Bafra

Гостин
Ехааа, јуриш :icon_lol:




Без да навредам некого, а и да не те вадам од контекст, во оваа ситуација со ваков клер на двете доминантни верски заедници може не само оданочување, слободно фискализација да се воведе,
Тоа е тој Орвелов гавран Мојсеј кој секогаш проповедаше секогаш дека ако се одолее тука на искушенијата, во некој нареден свет биче боље. Чудо едно имаше добри односи со секоја власт а никогаш ништо не работеше, солиден животен стандард секогаш ;)




Функционална држава е утопија?
Една педа земја, една рака народ како нас?
Не би рекол, а и неаме лоша легислатива само некако да се стави во функција и ќе иаме драматични подобрувња.







Сумирано за сите,

И јас сметам дека немаме државен апарат кој може да спроведе нов комплексен механизам за прогресивно оданочување, е сеа од друга страна сметам дека во услови на една ваква перверзна дистрибуција на капиталот каква иаме, скоро анулирана средна класа, рамниот данок не е никакво решение. Значи сепак да има промена во даночниот систем, меѓутоа нешто соодветно за наши услови (ова повеќе капацитети и можности) со тоа шо целна група би бил крупниот капитал.
Јас би бил креативен и би одел подлабоко кон тоа да дефинирам кои компании повеќе од 50% од приходите им се од буџетска цицка, би ги ставил во посебна категорија со што би добиле екстра давачки и услови за така да битисуваат.

Некоја пропорционалност, колку повеќе цицаат од буџетот така да расте државниот интервенционизам, пошто не може вака.

Исто како шо странските инвестиции не се решение за нашата економија, така и рамниот данок не е соодветен за истата.

Инаку се додека се гледаат буџетарите како гласачка машинерија која едино дава отчет пред избори и покажува шо знае/може, нема ништо да биде од тука, а токму поради тоа ги чуваат среќни. Настрана шо цела системска корупција корен се тие.

Ништо нема да профункционира а згора и нема одговорност за неуспехот.


Ти си во дилема, што е постаро јајцето или кокошкта, т.е. политичарите ли се виновни или приватниците.
А многу е лесно, политичарите се виновни. Донеси чесни, морални, па ќе видиш како е доволно 10% данок.

Не може да го земаш за пример Трифун, Орце дека се претставници на капитализмот кога сите знаеме дека се збогатиле со нечесни игри, а им дозволиле политичарите.
Ти слободно стави и 70% ама имавме такви системи кои ти ги величиш па ги има снемано :(
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Единствено во Македонија што признавам се ликови од типот на Fx3x и фирми од IT секторот што работат за странство.
Цел сектор тежи 10тина илјади луѓе преку сила, од кои третина стварно вредат и се видливи за странците. Просечната плата во цел сектор е близу до 1000 евра, просечната плата на вторите е некаде над 1500. Премала бројка да променат нешто значајно, ама ете, како поефикасно би ги искористил?
 
S

silmarillion

Гостин
@Almeida

Ама не збориме за Трифун Костовски тука нели? Мислам бев јасен дека несреќно е избрано името од Лазар. И дека транзициски лопови типа Трифун не се репер за успешен бизнисмен. Затоа реков ти сакаш да го казниш Трифун со данок пошто другачие неможеш а со тоа удараш и по недужни а способни и успешни бизнисмени кои не ги праќале во Виена и Киев да бидат претставништво на Технометал.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
@Almeida

Ама не збориме за Трифун Костовски тука нели? Мислам бев јасен дека несреќно е избрано името од Лазар. И дека транзициски лопови типа Трифун не се репер за успешен бизнисмен. Затоа реков ти сакаш да го казниш Трифун со данок пошто другачие неможеш а со тоа удараш и по недужни а способни и успешни бизнисмени кои не ги праќале во Виена и Киев да бидат претставништво на Технометал.
Како и да е. Селекцијата не може да биде толку прецизна.
Суштината е следна. Двеве банди што не ограбуваат си имаат и "сончоглед" и "свои" главурди што ги финансираат, а со тоа и им сервираат барања со кои ќе останат недопрени. Треба(ше) одамна да излезе на површина трет субјект кој ќе мати вода при носење на вакви потези со кои и понатаму ќе се таргетираат погрешни чинители во економијата. Ама пак ќе кажам, комплексот "вреќа брашно" да го надминеме како античка цивилизација.[DOUBLEPOST=1522778498][/DOUBLEPOST]
Цел сектор тежи 10тина илјади луѓе преку сила, од кои третина стварно вредат и се видливи за странците. Просечната плата во цел сектор е близу до 1000 евра, просечната плата на вторите е некаде над 1500. Премала бројка да променат нешто значајно, ама ете, како поефикасно би ги искористил?
Добро, не знам од каде ти се бројкиве. И да се грешни и да се точни би го поддржувал и помагал овој сектор. Само како за пример ќе ја земам Естонија која е слична по број на жители и има добар дел од населението што е во IT. Кадарот, во поразвиени релации и со подобри плати, сигурен сум дека бил поквалитетен.
Сакам да кажам дека пре би се надевал на ова него на Казандол.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Добро, не знам од каде ти се бројкиве. И да се грешни и да се точни би го поддржувал и помагал овој сектор. Само како за пример ќе ја земам Естонија која е слична по број на жители и има добар дел од населението што е во IT. Кадарот, во поразвиени релации и со подобри плати, сигурен сум дека бил поквалитетен.
Сакам да кажам дека пре би се надевал на ова него на Казандол.
Државен завод за статистика за просечните плати и за бројот на луѓе. Бројот на добри луѓе се некои интерни проценки на рекрутери во секторот. Во Скопје на пример, просечната плата е некои 20% повисока, ама бројот на способни луѓе е по 1500 .нет и 1500 јаваши. И сите фирми се со сериозен недостиг на кадар.

Да беше бројот на луѓе дуплиран на пример, и просечната плата ќе беше многу повисока. Затоа што сериозни гиганти се имаат откажано од влегување во Македонија затоа што нивната проценка е во Македонија не можат да најдат и константно да го оддржуваат бројот од 1000 луѓе, колку што би им требале за да им се исплати отворање претставништво. Речиси и да нема фирма што не форсира преквалификување на кадар.

Не викам дека секторот нема потенцијал, напротив, има огромен. Ама тоа треба да е 20 годишен план.
 
S

silmarillion

Гостин
Доколку си безобѕирен како овие асли претприемачи наши сега шо продаваат либертаријанство како превез за тоа шо не сакаат давачки, да прифатат доброволно јуриш инспекциски да влезе кај нив и да им го измери капиталистичкиот дух брзопотезно.

Избрана екипа шо знае шо треба и каде да најде. После ова во истиот тој дух на капитализмот конфискација.

Ама под услов да си безобѕирен како нив, да заборавиш во каква вукојебина живееме сите.

Структура на гласачката машинерија т.е партиски војници:

Хаха мислиш не дошла УЈП? Место да се ситишна УЈП кој влага у поштени фирми кои добро работат и обртот го пали црвеното копче, види зашто ни Хари ни Андреа ни Штерјо ни Савка ни Минчо и новите Орце, Алек и слични, не се чепнати. Односно плаќаат рекет на иднивидуи такозвани премиери и директори на ДБК.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.958
Зашто Столе е ранлива категорија?
Зашто така ги научиле у Југославија и така денес ги учат своите деца. Дека ако си неспособен и не те бива да се снајдеш, државата/партијата треба да се погрижи за тебе, дека ако си земјоделец и откупната цена ти е ниска државата треба да ти го откупи родот за да те спаси и еден куп други примери. Народ без амбиција и научен да биде паразит. Затоа бирото за вработување на ДПМНЕ имаше повеќе членови него ли КПМ.
Што очекуваш од луѓе што се тепаат да се вработат како архивари во некоја институција за да маваат печати и најголемо достигнување да им биде да кажат на некој "ти фали документ".
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Леле, Мицковски рече лека ноќ на крајот од интервјуто во 20.43.

Роботски, „математички“, без никаква порака, без поента, со излитени фрази и флоскули, блед настап.
Игра на сигурно, не се залетува со изјави тоа е јасно, чека шанса и чека ветер у грб
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.492
Поени од реакции
24.268
Зашто така ги научиле у Југославија и така денес ги учат своите деца. Дека ако си неспособен и не те бива да се снајдеш, државата/партијата треба да се погрижи за тебе, дека ако си земјоделец и откупната цена ти е ниска државата треба да ти го откупи родот за да те спаси и еден куп други примери. Народ без амбиција и научен да биде паразит. Затоа бирото за вработување на ДПМНЕ имаше повеќе членови него ли КПМ.
Што очекуваш од луѓе што се тепаат да се вработат како архивари во некоја институција за да маваат печати и најголемо достигнување да им биде да кажат на некој "ти фали документ".
Ehe kolku ima tuka , ne e se taka crno i belo. Posebno za zemjodelstvoto i drugite subvencionirani granki ama aj nema veze dolga i siroka e taa prikazna.
Koga sme veke tuka ni clenstvoto na SDSM ne se pokaza bas imuno na tie partiski vrabotuvanja, naprotiv toa im e brend na partijata. Site sme svedoci na zalopojki po fb od razocarani clenovi i simpatizeri koi izvisile za rabotata koja im bila vetena ili pak od ratoborni i polni so elan da ja opravat rabotata naednas gi snema od eterot posto neli si go obrabotija svoeto , se smestija i lezi tetin neka pasat.
Posto za danokot bese muabetot ne gledam apsolutno ama bas nikakva pricina zosto na bogatite bi trebalo da im se naplakja povekje zatoa sto zarabotuvale poveke zatoa sto tie veke i plakjaat povekje od onie pomalce snaodlivite i uspesnite. Se drugo e ramno na zavidlivost obvitkano so celofan. Ili nesposobnost.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom