S
silmarillion
Гостин
Затоа што превзел ризици (во рамки на законите). Затоа што поинаку ги планирал своите 24 часа кои ги има и Столе.Зошто па Трифун е успешен?
Затоа што превзел ризици (во рамки на законите). Затоа што поинаку ги планирал своите 24 часа кои ги има и Столе.Зошто па Трифун е успешен?
Ти смеј се, ама човек доколку ги почитува тие 10 закони, сите ќе живеат хармонично. Џабе ти ќе ставиш 1000ци закони кога пак гледаш дека светот е за никаде.
Кажи државна програма која имала позитивен ефект, а не да кажуваш дел биле неефикасни. Кажи државен проект кој е почнат, завршен и има позитивен ефект...
Сите афери кои ќе ги наброиш се помогнати од ПОЛИТИЧАРИТЕ за кои ти сакаш да им дадеш слобода да регулираат сѐ.
Со среќа во наоѓање на чесни, морални политичари, а уште поголема среќа да натераш мрзлив народ да гласа за такви.
Функционална држава е утопија?Тоа е утопија во моментов. Македонија нема човечки потенцијал за да понуди добри услуги, што нема да ти биде криво да ги плаќаш, ако си богат.
Не е исклучиво помал буџет и помал данок поврзани се. Не очекувам од ниедна држава посебно не Македонска рационално да ги троши парите. Затоа што помали даноци и помал буџет подобро. Инаку и јас сум донекаде либертаријанец. Не им завидувам на богатите. Сакам и јас да сум богат и да не ме оданочуваат високо. Добро е да има класни разлики, зошто и јас сакам еден ден да имам пари како Мијалков и да не плаќам повеќе данок. Сите овие даноци ме дестимулираат да инвестирам повеќе ми оди да се задолжувам и трошам. Каматите се ниски, инфлацијата расте, а даноците на дискреционите приходи се зголемуваат само се пумпа потрошувачка и задолжување...тоа не ми се допаѓа. Треба да се стимулира инвестирање а не трошење. Друго не ми се допаѓа да молам држава за пари, само поголема моќ за политичарите. Тоа не е убаво. Се стимулира нерационално однесување и се прави погрешна алокација на средства. На пример земјоделие, мали бизниси, зелена енергија итн. И се генерираат сектори кои не се економични и зависат од државата вечно. А големите бизниси пак им оди ОК зошто ако се затворат државата ги спасува поради вработените. Нема логика ова што го правии оваа влада, уште полоша е од предходната.
Сумирано за сите,..никогаш не ми бил јасен концептот на столчување на малиот и среден бизнис. Во тој сегмент се конценнтрирани скоро сите можни кочници и сопки, а истиот служи и како поле за работа на сите можни инспекции и контроли , евентуално за да можат да си покажат потреба од нивното постоење , а и дека нешто работат. Зошто се сече гранката на самовработување и работа во мал обем , не е изгледа никому јасно. Дури и на сите влади што го практицирале, го прктицираат и ќе го практицираат тоа, неважно што зборат и кажуваат.
...тоа ќе биде садење каде ќе се роди детето? ауууу тогаш Чаир за кратко време ќе биде шумски појасИначе нашиот градски татко Шилегов, ќе сади по едно дрвце за секое новородено дете. Подобро ќе му беше да садеше по една лозова прачка, па тоа дете да има обврска да ја крои прачката, а плодовите да ги бере Шиле, ама он не у кафана ќе пиел, ебате домаќинот.
Хм, голема вина имаат и двајцата, ама прво и основно Трифун не смее да биде прикажуван како „снаодлив“ - пошо не е. Ги имал 5-те минути и во нив бил снаодлив, а после тоа - ништо. Трифун искористил цела логистика, врски, конктакти на општествен трговски гигант и ги преусмерил во своја полза. Легалноста на ова е релативна работа и не можеме да гарантираме ни јас ни ти. Детаљи не знаеме, ниту па тој нешто открил во јавност. Поентирал на кратко и понатаму од рупа у рупа му се бизнисите. Има некоја банка, осигурување...со незначителен учинок. Толку од „способноста“.Затоа што превзел ризици (во рамки на законите). Затоа што поинаку ги планирал своите 24 часа кои ги има и Столе.
Ти си во дилема, што е постаро јајцето или кокошкта, т.е. политичарите ли се виновни или приватниците.Ехааа, јуриш
Без да навредам некого, а и да не те вадам од контекст, во оваа ситуација со ваков клер на двете доминантни верски заедници може не само оданочување, слободно фискализација да се воведе,
Тоа е тој Орвелов гавран Мојсеј кој секогаш проповедаше секогаш дека ако се одолее тука на искушенијата, во некој нареден свет биче боље. Чудо едно имаше добри односи со секоја власт а никогаш ништо не работеше, солиден животен стандард секогаш
Функционална држава е утопија?
Една педа земја, една рака народ како нас?
Не би рекол, а и неаме лоша легислатива само некако да се стави во функција и ќе иаме драматични подобрувња.
Сумирано за сите,
И јас сметам дека немаме државен апарат кој може да спроведе нов комплексен механизам за прогресивно оданочување, е сеа од друга страна сметам дека во услови на една ваква перверзна дистрибуција на капиталот каква иаме, скоро анулирана средна класа, рамниот данок не е никакво решение. Значи сепак да има промена во даночниот систем, меѓутоа нешто соодветно за наши услови (ова повеќе капацитети и можности) со тоа шо целна група би бил крупниот капитал.
Јас би бил креативен и би одел подлабоко кон тоа да дефинирам кои компании повеќе од 50% од приходите им се од буџетска цицка, би ги ставил во посебна категорија со што би добиле екстра давачки и услови за така да битисуваат.
Некоја пропорционалност, колку повеќе цицаат од буџетот така да расте државниот интервенционизам, пошто не може вака.
Исто како шо странските инвестиции не се решение за нашата економија, така и рамниот данок не е соодветен за истата.
Инаку се додека се гледаат буџетарите како гласачка машинерија која едино дава отчет пред избори и покажува шо знае/може, нема ништо да биде од тука, а токму поради тоа ги чуваат среќни. Настрана шо цела системска корупција корен се тие.
Ништо нема да профункционира а згора и нема одговорност за неуспехот.
Цел сектор тежи 10тина илјади луѓе преку сила, од кои третина стварно вредат и се видливи за странците. Просечната плата во цел сектор е близу до 1000 евра, просечната плата на вторите е некаде над 1500. Премала бројка да променат нешто значајно, ама ете, како поефикасно би ги искористил?Единствено во Македонија што признавам се ликови од типот на Fx3x и фирми од IT секторот што работат за странство.
Како и да е. Селекцијата не може да биде толку прецизна.@Almeida
Ама не збориме за Трифун Костовски тука нели? Мислам бев јасен дека несреќно е избрано името од Лазар. И дека транзициски лопови типа Трифун не се репер за успешен бизнисмен. Затоа реков ти сакаш да го казниш Трифун со данок пошто другачие неможеш а со тоа удараш и по недужни а способни и успешни бизнисмени кои не ги праќале во Виена и Киев да бидат претставништво на Технометал.
Добро, не знам од каде ти се бројкиве. И да се грешни и да се точни би го поддржувал и помагал овој сектор. Само како за пример ќе ја земам Естонија која е слична по број на жители и има добар дел од населението што е во IT. Кадарот, во поразвиени релации и со подобри плати, сигурен сум дека бил поквалитетен.Цел сектор тежи 10тина илјади луѓе преку сила, од кои третина стварно вредат и се видливи за странците. Просечната плата во цел сектор е близу до 1000 евра, просечната плата на вторите е некаде над 1500. Премала бројка да променат нешто значајно, ама ете, како поефикасно би ги искористил?
Државен завод за статистика за просечните плати и за бројот на луѓе. Бројот на добри луѓе се некои интерни проценки на рекрутери во секторот. Во Скопје на пример, просечната плата е некои 20% повисока, ама бројот на способни луѓе е по 1500 .нет и 1500 јаваши. И сите фирми се со сериозен недостиг на кадар.Добро, не знам од каде ти се бројкиве. И да се грешни и да се точни би го поддржувал и помагал овој сектор. Само како за пример ќе ја земам Естонија која е слична по број на жители и има добар дел од населението што е во IT. Кадарот, во поразвиени релации и со подобри плати, сигурен сум дека бил поквалитетен.
Сакам да кажам дека пре би се надевал на ова него на Казандол.
Хаха мислиш не дошла УЈП? Место да се ситишна УЈП кој влага у поштени фирми кои добро работат и обртот го пали црвеното копче, види зашто ни Хари ни Андреа ни Штерјо ни Савка ни Минчо и новите Орце, Алек и слични, не се чепнати. Односно плаќаат рекет на иднивидуи такозвани премиери и директори на ДБК.Доколку си безобѕирен како овие асли претприемачи наши сега шо продаваат либертаријанство како превез за тоа шо не сакаат давачки, да прифатат доброволно јуриш инспекциски да влезе кај нив и да им го измери капиталистичкиот дух брзопотезно.
Избрана екипа шо знае шо треба и каде да најде. После ова во истиот тој дух на капитализмот конфискација.
Ама под услов да си безобѕирен како нив, да заборавиш во каква вукојебина живееме сите.
Структура на гласачката машинерија т.е партиски војници:
Зашто така ги научиле у Југославија и така денес ги учат своите деца. Дека ако си неспособен и не те бива да се снајдеш, државата/партијата треба да се погрижи за тебе, дека ако си земјоделец и откупната цена ти е ниска државата треба да ти го откупи родот за да те спаси и еден куп други примери. Народ без амбиција и научен да биде паразит. Затоа бирото за вработување на ДПМНЕ имаше повеќе членови него ли КПМ.Зашто Столе е ранлива категорија?
Ehe kolku ima tuka , ne e se taka crno i belo. Posebno za zemjodelstvoto i drugite subvencionirani granki ama aj nema veze dolga i siroka e taa prikazna.Зашто така ги научиле у Југославија и така денес ги учат своите деца. Дека ако си неспособен и не те бива да се снајдеш, државата/партијата треба да се погрижи за тебе, дека ако си земјоделец и откупната цена ти е ниска државата треба да ти го откупи родот за да те спаси и еден куп други примери. Народ без амбиција и научен да биде паразит. Затоа бирото за вработување на ДПМНЕ имаше повеќе членови него ли КПМ.
Што очекуваш од луѓе што се тепаат да се вработат како архивари во некоја институција за да маваат печати и најголемо достигнување да им биде да кажат на некој "ти фали документ".