Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
taka de.. so sila covek ne moze da ti dade...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Е дај објасни каков е тој капитализам сега во САД а богами и во Русија.
Да не сакаше да кажеш "има само социјализам со нешто поразлични контури" ... зашто во ЕУ и САД системот одамна им се и сешто, само не капиталистички врз принципите на Адам Смит.
Многу работи и во САД се изменија после падот на СССР, многу често се среќава фразата дека оваа и ваква Америка не e онаква каква што ја замислиле основачките татковци (founding fathers), сеа има се поголем државен итервенционизам поради тоа шо токму тие основни постулати на либералниот капитализам се нарушени преку пазарна манупилација и сл пиздарии.
Е сеа тоа шо ти го викаш социјализам тие го нарекуваат кејсенијанизам, може така им е поприфатливо меѓутоа факт е дека главниот застапник на таа економска доктрина Стиглиц е прилично присутен во јавноста и е добитник на Нобелова награда, исто и Кругман, така да јавноста во САД не е алергична на социјализмот како некогаш, ниту навидум.

Русија е сосема друга приказна, Путин на остатоците од КГБ изгради повтoрно некоја нова аристократија која дефакто има полна контрола врз РФ во секој поглед, многу слично концепциски се случи и кај нас, е сеа дали кај нас целосна некадарност владееше или пак разликата ја прават енергенсите кои тие ги имаат а ние не, не знам.

Кога градиш култ кон личност место систем на вредности сите знаеме како тоа ќе заврши, иако се шпекулира со имиња кои се „одгледуваат“ во позадина за да го наследат.

Точно е само дека во принцип се капиталистички опшества и двете, а сепак има огромна разлика.

Туку сега кога прават претстава/ тензии со дипломативе и со санкциите, САД и Русија ќе продолжат ли да си соработуваат на научни,индустриски и економски полиња ко Србија и Хрватска што заеднички правеа тенк за извоз а во меѓувреме војуваа :sneaky:
Ова е интересна приказна, само не е баш така како шо е пласирана, еве конкретно сум читал доста околу развојот на тенкот М84, и Србија и Хрватска имаат пост СФРЈ развојни концепти, само што не е тоа...

Соработката која е пласирана во јавноста во суштина е програмата за модернизација на кувајтските М84 специјално адаптирани за пустински услови, еден од конструкторите(инаку хрват ако тоа воопшто има значење) на долго и широко има објаснувано околу ова на српско хрватски форум, СФРЈ беше должна да обезбеди полна логистика за тие тенкови долго после набавката и воедно тука се соработува, бидејки различни компоненти беа произведувани и развивани низ различни делови на Југославија, вклучително и кај нас, посебно МЗТ Скопје.

Инаку М84 е во суштина базиран на Т72, и тоа добар дел, иако има и подобри а и помалку полоши спецификации а има и нешто од Т80 итн...истата екипа која работи на М84 како freelancers има работено низ цел свет на одржување на оклоп воглавно Т72ки.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Патриот против ракетниот штит на уса не успеал да собори ниту една од ракетите од Јемен кон Саудиска Арабија. Имајќи во предвид дека тие рекети се застарени значи дека тој систем е за украс. Сега да видиме ц400 во акција. Може да испадне дека и ц400 се само за бизнис без никаков ефект.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.215
Поени од реакции
16.719
Зошто се возбудуваат Шќиптарите у вези посетата на Путин во Турција и нивниот незваничен сојуз? Сериозно прашувам и ме занима посериозен одговор.

Ќе се прават ли руско-турски пиздарии на Балканов?
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.288
Поени од реакции
1.786
Зошто се возбудуваат Шќиптарите у вези посетата на Путин во Турција и нивниот незваничен сојуз? Сериозно прашувам и ме занима посериозен одговор.
Ќе се прават ли руско-турски пиздарии на Балканов?
Ако има некој центар на управување во светот, без значење како ќе го наречеш: САД, евроатлантици, НСР, Хабад, концептуална власт... и таа сила реши да направи голема Македонија, повеќето од нас ќе се задоволни, иако долгорочно тоа нема да биде добро за нас.
Ако по некоја причина тој центар на власт се руши и светот станува многуполарен, дали ние ќе се уплашиме да не ја загубиме таа голема Македонија, сигурно да.
Ситуацијата со Албанија и Косово е слична, паметиме како во Тирана направија извонредна седница после победата на Трамп, се уплашија да не има случајно промена во американската политика во однос на голема Албанија.
Во моментов светот стана многуполарен, целата таа стара власт губи сила, ќе следат промени какви што немало никогаш до сега или ТСВ.
Ердоган после неуспешниот пуч од страна на НАТО, иако официјално е нивни член, на практика е само формално и се ориентира кон исток, Русија и Кина, и со ЕУ е исто, само формално, за да може да ги рекетира еврогејовите, пари за не пуштање бегалци кон Европа.
Ситуацијата со Косово е иста, имаат бескрајна благодарност кон САД и се должни да го слушаат господарот, сличен случај е и со нашит ЗЗ, добие наредба да избрка руски дипломати и исполнува.
На Ердоган уопште не му се важни тие 2-3 илјади пучисти кој имаат азил во европа ЕУ или Косово, јадрото на пучистите е во зандана, многу малку од главните избегаа, повеќето од таа мрежа во ЕУ беа логистика за после пучот, дипломатите да ја признаат воената хунта, а офицерите да се потчинат и не допушат контрареволуција на подружниците на Ердоган.
Односите Ердоган - Косово се ситни работи, Ердоган си прави курташак со ЕУ, САД и другите поситни марионетки, особено на темата азил на хунтата.
Главното е што направи историски избор за многуполарен свет и е во сојуз со истокот, активно работи во таа насока, се што треба, трговија, дедоларизација, златна берза во Шанхај, стабилизирање на Сирија, денеска средба со Путин утре со Рохани, секоја држава од сојузот спрема своите можности и задачата која и е дадена, заковува по некоја шајка во ковчегот на евроатлантиците.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Интересен развој на настаните.... Се солидаризиравме, а солидизираните немаат докази... Слично како муабетот со Тони Блер извинете шалили смо се...

Британската воена лабораторија: Немаме докази дека отровот е од Русија

Британската воена лабораторија соопшти дека не успеала да утврди оти нервниот агенс употребен при труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал потекнува од Русија.

„Успеавме да идентификуваме дека се работи за ‘новичок’ – нервен агенс од воен тип“, изјави Гери Ејткенхед, шефот на лабораторијата „Портон Даун“.


Според неговите зборови, лабораториски не можело да го утврди потеклото на агенсот, а британските власти користеле други извори за да дојдат до заклучоците.

Британските власти сметаат дека Русија е одговорна за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои на 4 март беа пронајдени без свест во англискиот град Солзбери. По обвинувањата од страна на британските власти, голем број земји, меѓу кои и Македонија, протераа руски диломат во знак на солидарност кон Велика Британија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.686
Поени од реакции
11.917
Интересен развој на настаните.... Се солидаризиравме, а солидизираните немаат докази... Слично како муабетот со Тони Блер извинете шалили смо се...

Британската воена лабораторија: Немаме докази дека отровот е од Русија

Британската воена лабораторија соопшти дека не успеала да утврди оти нервниот агенс употребен при труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал потекнува од Русија.

„Успеавме да идентификуваме дека се работи за ‘новичок’ – нервен агенс од воен тип“, изјави Гери Ејткенхед, шефот на лабораторијата „Портон Даун“.


Според неговите зборови, лабораториски не можело да го утврди потеклото на агенсот, а британските власти користеле други извори за да дојдат до заклучоците.

Британските власти сметаат дека Русија е одговорна за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои на 4 март беа пронајдени без свест во англискиот град Солзбери. По обвинувањата од страна на британските власти, голем број земји, меѓу кои и Македонија, протераа руски диломат во знак на солидарност кон Велика Британија.
Russian spy: Source of nerve agent 'not identified'

Како тоа немаат докази, секако дека имаат, еве ги.



 
S

silmarillion

Гостин
И со право. Очигледно е false flag ситуација.

Симптоматично е, уствари скроз провидно, како одеднаш на BBC се тргна аферата со труењето од топ вести.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.686
Поени од реакции
11.917
Изгледа плавите политичари од типот на Хилари Клинтон, Доналд Трамп, Борис Џонсон и останати, премногу гледаат Фаличен пансион.

Проблемот не е во гледаноста, туку во обидите да се пренесе Фаличен пансион во вистинскиот живот, и тоа на глобално ниво.

https://off.net.mk/vesti/svet/boris-dzhonson-ja-izrezili-britanija-okolu-skripal-i-rusite

Борис Џонсон ја изрезили Британија околу Скрипал и Русите

5 Април 2018 - 10:55

Што је баби мило...

Во март британскиот министер за надворешни работи во интервју за Дојче веле потврди категорично, неодречиво и „со златни букви Тито“ дека отровот што е искористен против Скрипал доаѓа од Русија и дека тоа му го потврдиле од лабораторијата што испитувала. Не му го потврдиле.



Разговорот во интервјуто за Дојче Веле е следен:

Борис Џонсон: Да ви биде јасно... Кога ги погледнав доказите, мислам луѓето од Портон даун, лабораторијата...

Дојче Веле: Значи тие имаат примероци...

Борис Џонсон: Имаат. И тие се апсолутно категорични и јас сам го прашав човекот ’дали си сигурен?’ И тој рече дека нема никаков сомнеж. “

Пред неколку дена Гери Аиткенхед од лабораторијата Портон даун, за Скај њуз изјавува дека „точниот извор“ на отровот не може да се утврди.

Околу судирот на изјави Ели Мае О’Хаган во Гардијан пишува:

„ Еден од овие двајца мажи не е во право. Можно ли е тоа да е научникот кој цел живот се занимава со цврсти докази, или пак е британскиот Доналд Трамп: комплет со лудата фризура, неразбирливото ораторство и лабава врска со фактите?

Задача на британското новинарство е да истражи дали нашиот министер за надворешни работи го лажел светот за активностите на друга држава, но и покрај тоа интересот на медиумите беше насочен да покаже дека обидите на Џереми Корбин да предупреди дека треба повнимателно справување со целата работа се доказ за некакво негово немање патриотизам.

Тука имаме два одговора на надворешната политика: еден базиран на внимателно испитување на доказите и активирање на дипломатија, и друг кој вклучува јуриш во конфликт со силно вооружена суперсила.

Министерот за надворешни ја одбра втората опција, притоа невнимателно работејќи со фактите со цел да ја оствари таа.

Првата - таа околу која можеме да се согласиме дека ја претпочитаме - беше прогласена од медиумите, ториевците, и умерените лабуристи, како разединувачка и несериозна. Најголем дел од овие луѓе исто така се претворија во генерали од фотеља во моментот кога се крчкаше војната во Ирак, одлука која предвидливо стана најголемата дипломатска катастрофа на Британија во изминатите 30 години. Како одговор на нив, можам само да го парафразирам Клемент Атли: ’малку посветување време на проверка на сопствените постапки ќе биде многу добредојдено за вас’.

Неизбежно, Русија ги заштити своите национални интереси по коментарите од Портон даун и обвинувањата за таков гнасен акт, па тензиите ескалираа. А сепак Борис Џонсон, кој радо го ложеше оганот пред само две недели, останува на својата позиција. Секако едно од најосновните барања за позицијата министер за надворешни работи е да не лаже на меѓународна цена и да не ги влошува односите со другите држави?

Има бројни објаснувања за Тефлон способностите на Џонсон. Можеби привилегијата на богатите белци навистина толку преовладува што буквално можат да прават што сакаат и да не претрпат никакви последици. Можеби причината зошто е толку тешко да се посрами Џонсон е што тој изгледа како воопшто да нема капацитет да почувствува срам. Или, можеби заложничката ситуација во која се најде нашата премиерка по последните избори значи дека таа не може да му каже на Џонсон да напушти, без разлика колку лошо тој се однесувал.

Во секој случај, еден ден ќе се случи последната капка што ќе ја прелие чашата, и ова слободно може да биде таа.

Ако лажење на целата држава околу нешто толку сериозно не го врати Џонсон на резервна клупа, тогаш што е потребно за тоа да се случи? “
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
@Klin многу добар пост, како јас да сум го напишал, а @Bafra го лајкувал :lolzz:, познат како љубител на тие што им се исраа на the founding fathers, чии идеи, мора да признаам дека и јас ги почитувам во таа форма во која се. Веројатно Кенеди е последниот кој беше достоен за таа функција и даваше надеж.
 
B

Bafra

Гостин
@Klin многу добар пост, како јас да сум го напишал, а @Bafra го лајкувал :lolzz:, познат како љубител на тие што им се исраа на the founding fathers, чии идеи, мора да признаам дека и јас ги почитувам во таа форма во која се. Веројатно Кенеди е последниот кој беше достоен за таа функција и даваше надеж.
Ти кога ќе напишеш таков пост, јас 5ка ќе ти напишам.
Чоекот убаво ја опишал состојбата која секако не е демократија и капиталистички правила.

Толку ти е капацитетот за да разбереш на кого сум ја љубител. Ти секако не си на тие што викаш дека ги почитуваш гледајќи од твоите постови.

Многупати сум потенцирал да правите разлика од САД сега и тогаш и од капиталисти и олигарси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom