„Јахја Кемал“ е дефинитивно подобро од било кое друго приватно училиште во земјава и за основно и средно образование. Единствено со него до некаде може да се мери и „НОВА“, но со оглед на тоа што е доста поскапа, „Јахја Кемал“ е навистина нешто најдобро што можете да го добиете.
Како прво, Кемал ви нуди професори со одлично образование, школувани на некои од најдобрите универзитети во светот, претходно е веќе спомнато за Станиша Вељковиќ - професор по физика, завршил во „Јахја Кемал“, потоа на Харвард, два пати учествувал на светска физика, а има и повеќе први награди на државен физика, моментално е ментор на ученици за натпревари, кои исто така постигнуваат успеси слични на неговите, понатаму Озѓур К'рчак - професор по математика, завршил на ODTÜ, ментор на ученици кои освојуваат сребрени и бронзени медали на светска и балканска математика, а на државно ниво секако се секогаш на врвот на листата. Спомнат е проф. д-р Зејнел Одемиш, но тој не е единствениот кој предавал во „Јахја Кемал“, а сега универзитет некаде низ светот, а не е ни единствен со академска титула поголема од дипломиран што предава во училиштето. Има многу магистранти, магистри и неколку докторанти, што моментално предаваат. Сите овие професори ќе сторат се што е во нивна моќ само за да ви помогнат да го остварите она што го поскаувате, но треба и да посакате, односно и самите да вложите труд, бидејќи во „Јахја Кемал“ немаме никаков апарат преку кој може на учениците да им се тури знаење и успех. Истите се постигнуваат преку долготрајна и напорна работа, со некои финти на кои ќе ве научат професорите.
Како второ, гледам се зборува на форумотв, дека турскиот ќе мора да го зборуваш и во сон. Тоа не е точно, еве четврта година сум и имам другар од клас кој едвај може да каже пет реченици на турски, а за разлика од него јас и една другарка освоивме две сребрени и две бронзени медалји на последните 10. Меѓународни турски олимпиајди во конкуренција на ученици од целиот свет. Ова се двата екстреми кои ви ги прикажувам, најголем дел од учениците во некоја меѓу-класа кои имаат долни познавања на турскиот да се разберат во секоја можна ситуација во која би се нашле. А, се прашувате зошто ви е протебен јазикот? Па можеби одговорот лежи во се поголемиот број на турски компании во секој сектор од стопанството во земјава, или можеби во тоа што во 135 земји од светот има турски училишта, каде младите луѓе го изучуваат турскиот јазик. Исто така, Турција е веле-сила на Балканот, но и на Блискиот исток. Се на се, турскиот е еден од 10-те најзборувани јазици на светот во друштво со англискиот, кинескиот, арапскиот, рускиот, францускиот, германскиот... Изучувањето на овој јазик не може да ви наштети, само може да ви помогне на многубројни начини.
Трета точка на која би сакал да се осврнам во постов се машко-женските односи во училиштето. Никој никому не му забранува да зборува, да се дружи или да прави нешто во нормално пристојните граници со лицата од спортивен или ист пол. Но, сега да се лапаш во школо или да се драпаат некои? Ве молам, но тоа е нешто претерано. Сепак училиштето е образовна институција и треба да се запази неговиот углед како таква установа. Односот со професорите од спротивен пол исто така не е нарушен на никој начин, се се одвива нормално и сите се пријателски настроени и тука да ти помогнат или да побараат нешто од тебе, ако сметаат дека на некој начин можеш да им помогнеш. Всушност во училиштето сите се пријатели, со таа мала разлика дека треба да ги почитуваш професорите малку повеќе од своите другари. За тоа што беше дека професорите од ист пол те сметаат за семејство, не е воопшто чудно и се однесува и на професорите од спротивен пол. Ќе те наречат и драг и мил, и ќе те гушнат, но тоа е поради тоа што навистина и тие и ти се приврзувате едни кон други, поради долгото време поминато заедно за време на часовите, но и надвор од училиштето во различни активности.
Четврто - дисциплината, вработените во училиштето даваат се од себе да ја задржат на што е можно повисоко ниво. Униформата е задолжителна во сите училишта, секогаш мораш да ја носиш, бидејќи без неа нема да ти дозволат да влезеш во училиштето. А, истата нуди доволно широк асортиман што секој ќе си го најде своето - има маица со куси, маица со долги, блуза, кушула и кравата, елече... И ти самиот можеш да решиш што ќе носиш тој ден. Некои од професорите дозвојуваат и да носиш дуксер, џемпер или нешто слично и над униформата (се додека истата се гледа). Понатаму, проблемот со пушачите - во никое од училиштата Јахја Кемал нема просторија наречена пушална од една многу едноставна причина како на учениците, така и на професорите им е забрането да пушат во просториите на училиштето. Надвор од него секој има право да прави што сака. Постои некој процент на ученици што пушат, но тој не е поголем од 20% и 99% од нив имале почнато да пушат уште пред да дојдат во училиштето. Што се однесува до ретките инциденти (тепачки, глупирања и сл.) се брзо санкционирани од страна на дисциплинските комисии кои постојат во секое од училиштата.
Последно нешто е статусот на семејствата на учениците. Не се сите богаташи! Тоа е факт. Училиштата секоја година нудат огромен број на стипендии од 15% до 100% во вид на попуст од школарината и цената за интернатот (во интернат престојува кој сака). Официјалните статистики на училиштето кажуваат дека дури 60% од учениците се школуваат со стипендија. Сите ученици се однесуваат нормално и со почит, нема фалење кој има поубав телефон, поскап саат, повеќе облеки со знак од некоја светска марка... Скоро сите се скромни и знаат да го почитуваат туѓото. А тие што не го знаеле тоа во прва година, ќе го анучат. Бидејќи и тоа е дел од мисијата на Јахја Кемал колеџите - да шират разбирање, мир и љубов меѓу луѓето и да ги оформуваат карактерите на учениците за да се создаде еден подобар свет.
Ако, не можеш да се решиш во кое средно ќе се запишеш, а имаш можност да дојдеш во Кемал - дојди! Не ја пропуштај шансата, бидејќи е навистина огромна отскочна даска - кон успех, кон подобро високо образование, кон поубава кариера!