Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
И јас имам завршено во таков клас и затоа ти кажувам дека треба математика, од 30 души што завршивме во тој клас, околу 18 се програмери, а 12 во други инженерски области и сите имаат супер работа и менуваат фирми кога тие ќе посакаат, арно ама не прават само рандом странички или андроид апликации за квизови, туку проекти од по неколку стотини илјади долари, за жал во Македонија останаа уште една рака луѓе и за скоро нема да има ниеден.Е па гледаш дека сум во право.
И нема ограничени програмери, туку програмери кои си ја знаат работата (добри) и програмери кои не си ја знаат работата (лоши).
Еве пример, ќерка ми учи во математички клас и тоа најдобар, и повеќето се многу добри математичари, некој се и на математчка олимијада. Само неколку деца го разбираат програмирањето, а прават идиотски програми за математички проблеми, најчесто низи.
Програмирањето е логика.
И во крајна линија Ајнштајн бил слаб математичар (ова условно речено да не си речиш дека врска немал), најтешкиот дел од математиката на теоријата на релативитетот, му го средиле неговиот ментор и жена му. Едноставно бил во тие 10%, море во тие 1%, кој имале/имаат мозок за физика.
ДАРБА !!!
Математиката ти е основа и начин како да размислуваш понатаму, спореди на пример човек што разбира комбинаторика и дај му ист проблем на некој што нема појма, да видиш како ќе пристапат и двајцата кон решавање на истиот.
На добар пат си го пуштил детето, после таков клас на факултет ќе и биде многу полесно во поглед на математиките, а и на останатите предмети, додека другите кубат коси со математиките, таа ќе може да си ги совлада другите предмети (нормално ако го совлада материјалот во средно). Најтешкиот дел на математичките класови е тоа што го заебуваат детството, математичка анализа, алгебра, линеарна алгебра, програмирање и што уште не за таа возраст си бараат сериозно седнување и учење, па ќе мора да скрати на шетање и забава.