FIFA World Cup Russia 2018 - Panini Sticker Album

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе го собирате албумот?

  • Вкупно гласачи
    48
O

ob1

Гостин
29573086_2028704287384905_8462020831387928895_n.jpg

Денес и официјално излезе во продажба официјалниот албум на Панини за самолепливи сликички за овогодинешното Светско Првенство во Русија. Моментално албумот го има за продажба во сите бензински на Макпетрол, супер маркетите на Тинекс и во подобро снабдените трафики како Тобако и слично, до утре би требало да го има и во сите други локални продавнички.

Албумот ќе се состои од 682 сликички од кои 50 ќе бидат "златни". Муабетите испаднаа точни, за жал, како и во остатокот од светот така и кај нас цената на пакетчињата е зголемена на 40 денари, а албумот е 80 денари.

Нека користи темава за договарање на разменување на дупликати, споделување на евенти за групно разменување на сликички и нормално за дискутирање на албумот.
 
682 сликички / 5 сликички = 137 пакетчиња
137х40 = 5480 ден.
пуууууууу
 
Ова ти е во некоја утопија дека за толку ќе го собереш, а во меѓу време удри уште 500-600 дупли шо ќе имаш, мало морген, 200 евра не те раскрстуваат за да го собереш.
 
Многу е 200 евра бе. Не знам каква ќе биде заинтересираноста сега, ама ако биде како 2014 кога секој викенд имаше собири во Парк и низ други локации, со фб групи, плус и една страна знам имаше за размена, мислам дека ќе биде реално да го собереш и со 100 евра. Доколку цело време одиш по собирите и успеваш да ги смениш скоро сите дупликати, нормално.
 
Каква е наградата за целосно соберен албум?
 
Бедно е што го направија 40 денари. Планирав да го собирам ама слабо. Инаку никад нема да ги сфатам тие што собираат албум и после го менуваат за некоја награда, макар и парична??? :cuc:
Па нема ништо поубаво од тоа да имаш своја колекција на собрани албуми, кои што си тргал пари на страна, си се договарал да се мењаш си ги барал сите сликички кај што треба и не треба, плус ти е спомен од првенството кое најверојатно го следиш. Ниедна пара не може да го замени тоа чувство на исполнетост коа ќе го собереш цел албум :D
 
Може, ако понатму вредат доста, а тебе ептен ти требаат пари :icon_mrgr:
 
Ако е за егзистенција (кров над глава, јадење, облека) да, во спротивно за ниеден луксуз :D
 
Бедно е што го направија 40 денари. Планирав да го собирам ама слабо. Инаку никад нема да ги сфатам тие што собираат албум и после го менуваат за некоја награда, макар и парична??? :cuc:
Па нема ништо поубаво од тоа да имаш своја колекција на собрани албуми, кои што си тргал пари на страна, си се договарал да се мењаш си ги барал сите сликички кај што треба и не треба, плус ти е спомен од првенството кое најверојатно го следиш. Ниедна пара не може да го замени тоа чувство на исполнетост коа ќе го собереш цел албум :D
Албумот од Мексико 1970 се движи и до 5000 евра. ;)

...па и повеќе:
Screenshot_4.jpg

Ама добро, овој дури и незалепен е.
 
Јас да ја искористам приликава да пробам да го дополнам албумот од 2014. Ако чувате дупликати и имате некоја од сликичкиве, пишете ПП да се договориме.

00, 5, 11, 24, 25, 30, 34, 38, 94, 98, 101, 112, 113, 115, 129, 144, 147, 151, 159, 161, 171, 183, 277, 293, 300, 303, 318, 347, 348, 358, 367, 371, 375, 455, 457, 459, 479, 576, 596, 601, 624.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom