Власта е пирамида, наредбите се дават од врвот надоле. Во наполно суверена држава врвот е твој и носи решенија без значење дали се добри или лоши, такви држави се малку во светот: Русија, Кина, Филипини, Северна Кореја и уште некоја. Вториот тип држави се колонијални, потчинети на Новиот Светски Ред, тука има нијанси колку се потчинети 100%,60%,30%...
Западна Европа после ВСВ не е суверена, има туѓа армија на САД, тоа што го направија сега кај нас со вадење на криминалец од затвор, аболиција и носење на власт, во западна Европа е направено многу одамна.
Повеќето ЕУ политичари се како кучиња на синџир, извршуваат команда на газдата.
Тоа што сите се на едно мислење да речеме за војната во Хрватска, Босна, бомбардирањето на Србија, Либија, хемиското оружје во Ирак, создавањето на ИСИС, хунтата во Украина, хунтата во Скопје....
Буквално по секоја точка сите дејствуваат 100% заедно, како во хор, сето тоа не е од простотија или дека по убедување мислат дека се прави, проблемот е што се вазали и не се суверени.
Ние постарите имаме искуство со тоталитарен систем - СФРЈ, што ќе каже маршалот Тито, без приговор се исполнува по вертикалата надоле, од сите политичари, партиски членови... Во Европа е исто само што газдата не е Тито и не е јавна личност, а скриена структура на над национално управување.
Нема што да се чудите зашто ЗЗ избрка руски дипломат, не случајно од 5 години бевме подложени на специјална војна и со пуч ни донесоа колонијална власт.
Убавото е што таа сила во рамки на целиот свет губи, пред крајот е и во паника е, нема време и брза, но евроатлантиците се само малечок дел од целиот свет. Нашиот главен проблем е што географски се наоѓаме во Европа, империјата на злото се шири линеарно по границите, ја зема цела источна Европа и ние со Србија и Албанија сме на нивниот пат, логично е и тие територии да ги анексираат први, а не да речеме Казакстан.
Сите ние сме како пиуни во таа војна, сакат да ја исламизират Европа- го прават, сакат војна и поделба на Македонија меѓу Бугарија и Албанија-го прават.