Кина и Русија играат заедно.
Главната причина за богатството на западот денеска е сењораж /seigneuriage/, задно со ред други методи сењоражот да не предизвика инфлација. Земете ја бивша Југославија вклучително и Македонија во 90-е години или сега Замбија, таму тој начин на работа не успеа но на запад функционира и до денеска, зашто е тоа така?
Ако прашате некој економист што е тоа сењораж, нема да може да ви одговори одма, а треба да побара во разни речници додека го најде зборот.
seigneuriage- разлика меѓу номиналот на една банкнота и цената на производство.
Пример за да произведеш банкнота од 100 евро имаш расход од 10 цента, сењоражот е 99,9 евро на банкнота, истото важи и за виртуалните пари, банкноти што не се отпечатени а фигурираат само во компјутерите во банкарскиот систем, пример вчера ФЕД направи CD-> 2000 000 000 000$.
Богатството на западот постои затоа што сите беа принудени да играат по нивните правила. Во затворен систем, пример Северна кореја можеш да печатиш пари без покритие и да немаш инфлација, главниот услов е да немаш извоз-увоз од надвор или ако имаш извозот да е еднаков со увозот.
Реално денеска целиот свет работи по Северно Корејскиот модел, на ниво на цела планета, со тоа што колонијалните држави се принудени да ги признаваат светските валути: Долар, Евро, како единствени, пример ние за да отпечатиме милијарда денари, треба во НБМ да депонираме еквивалент долари, што значи треба да произведеме нешто и го извеземе или да земеме кредит, но на запад не треба да произведуваат ништо, а само создаваат илјада милијарди долари или евро од ништо.
Русија, Кина и останати земји низ светот, не сакаат да живеат во таков вид финансиско ропство, веќе ја мењат играта и прават определени чекори за рушење на тој модел, западот гледа тоа да не се случи и презема ред војно, политички, економски, шарени и други мерки.
Утре е многу важен ден започнува работа Шангајската берза за продажба на реално физичко злато за јуани, целата игра е Кина и сојузниците да купуваат нафта во јуани и а продавачите одма да купат злато за јуаните. Запад по секоја цена ќе гледа тоа да не се случи, ќе врши огромен притисок врз арапските производители да продаваат нафта само за долари.
Поголем дел од државите во светот веќе знаат кај е проблемот и ќе учествуваат во борбата, некој повеќе некој помалку, зависно од тоа коку се суверени, во секој случај има јадро од држави што ќе го започнат бунтот. /Русија, Кина,Иран,Турска... /