Русија - смена во надворешната политика?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Поентата ми е Германија има политичко влијание само на Балканот, никаде на друго место не се меша толку конкретно политички, па ниту во една Полска.

Русија покажува интерест да го прошири своето политичко и геостратешко влијание, Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, Иран, Србија, еве сега најново Турција.

Германија само повеќе од економски си дозволува само на Балканот.. не ни има аспирации за повеќе во овој момент...[DOUBLEPOST=1521767499][/DOUBLEPOST]
Е ова ти е сеа цртан филм.... Ги сакам американците ама не го сакам Трамп...

Дали ти тоа ја потврдуваш Руската надмоќ во моментов ?
Јас убо си кажав во моментов само Кина има економска, а со тоа донекаде политичка глобална моќ.

Тоа што го нареди дека Русија сега остварувала политичко и геостратешко влијание на толку места во светот им е само пуста желба, затоа што тоа е сведено само на Сирија во моментов.

Дури ни во Србија немаат или не сакаат да имаат сериозно геостратешко влијание.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.442
Јас убо си кажав во моментов само Кина има економска, а со тоа донекаде политичка глобална моќ.
Што пак совршено се надополнува со Руската воена моќ..
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Што пак совршено се надополнува со Руската воена моќ..
Да ти кажам умо ми се сомле веќе, ова како пред кооперација дојде. Стасавме до еден нереализиран проект наречен БРИКС.

А ти не ми веруваш дека Британциве се мноооогу големи гнаси и допрва имаат наумено нешто.

Дури и се плашам дека можат да направат голема заебанција на Балканов, ако не им одат работите со ЕУ.

Така да сумирам единствени кои се потенцијални кандидати да направат хаос на Балканов се Британија и Русија.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Саморуков: Западниот Балкан е од маргинално значење за руската економија или за нејзините безбедносни интереси. Во однос на Кина, постсоветскиот простор или Блискиот Исток, Западен Балкан не е меѓу приоритетите на надворешната политика на Русија - особено сега, кога Москва се обидува да ги пренасочи своите меѓународни врски од Европа кон Азија. Сепак, Москва сé уште е заинтересирана за регионот како транзитен простор за своите енергетски проекти и исто така е желна да ја искористи популарноста на Русија во одредени делови на балканските општества за да го прошири своето меѓународно влијание, да го попречува понатамошното ширење на НАТО и на Европа да и покаже дека може да предизвика проблеми во дворот на ЕУ како одговор на активностите на ЕУ во пост-советските држави.

Руската балканска политика има многу мали директни трошоци за Москва. Најголем дел од работата ја извршуваат локалните актери, кои работат за сопствените интереси, кои често се компатибилни со руските.

Арен @jamajka ?

http://www.dw.com/mk/падот-на-груевски-ги-спречи-плановите-на-русија-за-македонија/a-43077885?maca=mk-Facebook-sharing
Јас мислам дека има засилено делување во Македонија. Кога си видел толку изјави од руски амбасадори и министри во врска со Македонија. Во минатото за празници само ни честитале. Плус руските партии во Мкд. Засега не се моќни ама не се па и пасивни.[DOUBLEPOST=1521792794][/DOUBLEPOST]
Да ти кажам умо ми се сомле веќе, ова како пред кооперација дојде. Стасавме до еден нереализиран проект наречен БРИКС.

А ти не ми веруваш дека Британциве се мноооогу големи гнаси и допрва имаат наумено нешто.

Дури и се плашам дека можат да направат голема заебанција на Балканов, ако не им одат работите со ЕУ.

Така да сумирам единствени кои се потенцијални кандидати да направат хаос на Балканов се Британија и Русија.
Точно британците се најгеноциден народ на планетава.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.442
Така да сумирам единствени кои се потенцијални кандидати да направат хаос на Балканов се Британија и Русија.
Точно на Русите им одговара хаосот што е наметнат, но не се иницијатори на истиот. Додека Британија веќе делува преку нивната продолжена рака САД....

А еве да те прашам, дали можеби ги хејташ Британците само затоа што излегоа од ЕУ ? :)
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.509
Поени од реакции
36.462
Чекај малку сега, збориме за економско влијание, не за политичко... Германија, освен на Балканот, скоро никаде не делува политички...

Што се однесува до Украина, Германците таму жртвуваа доста... А чим се спремни толку да жртвуваат...
Како тоа Германија не делува политички нигде освен на Балканот. Формирање на европска армија е нивна иницијатива. Во најмала рака се обидуваат да го фатат кормилото на ЕУ. Колку тоа им успева е друго прашање. Имаат свои трупи во база во Јордан и продаваат оружје на еден куп земји.

Германскиот национализам во денешно време многу се потценува. Доволно беше една криза во факинг Сирија да се случи за да добие крајната германска десница преку 12% од гласовите и да стане трета најголема партија.[DOUBLEPOST=1521805191][/DOUBLEPOST]
Не зборував од историски аспект, туку од денешен практичен. VW и Ford не се комплементарни, VW и Lukoil се. Од друга страна Apple е пример како САД и Кина е комбинација што функционира. Плус генерално не претендираат кон исти региони, како на пример Кина и Русија што би претендирале.

Ама има тука многу политичко влијание што не дозволува бизнис партнерствата да прераснат во сериозна соработка.
САД и Кина не претендираат на исти региони? :)
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Како тоа Германија не делува политички нигде освен на Балканот. Формирање на европска армија е нивна иницијатива. Во најмала рака се обидуваат да го фатат кормилото на ЕУ. Колку тоа им успева е друго прашање. Имаат свои трупи во база во Јордан и продаваат оружје на еден куп земји.

Германскиот национализам во денешно време многу се потценува. Доволно беше една криза во факинг Сирија да се случи за да добие крајната германска десница преку 12% од гласовите и да стане трета најголема партија.
Заслугите за пратеничките места на Алтернатива за Германија во германскиот Бундестаг во целост и` припаѓаат на Ангела Меркел, а не на војната во Сирија.

Ангела Меркел беше таа која со отворени прегратки ги пречекуваше таканаречените бегалци од Сирија и Ирак, за кои во пракса испадна дека добар дел воопшто не се бегалци, а не потекнуваат само од Сирија и Ирак, туку од целиот блиски исток, како и од северна Африка.

Истовремено, токму таканаречената Христијанско-демократска Унија - поголема иронија од име, здравје - на Ангела Меркел, наместо да излезе во одбрана на жените кои беа силувани низ Германија на 25 декември 2015, ги повикуваше германските жени да се облекуваат "поскромно, помалку провокативно, за да не ја привлечат агресивноста на бегалците", индиректно обвинувајќи ги жртвите на силувањата дека самите се виновни бидејќи биле силувани, а не бидејќи силувачите се увезени од блискиот исток и од северна Африка.

Со ваква влада на власт, и со социјалдемократите на пијаницата Мартин Шулц како најголема опозициска партија - но истовремено и како најголем коалициски партнер на Ангела Меркел и нејзината таканаречена Христијанско-демократска Унија - потребите од трета партиска опција која ќе ги брани жртвите, а не злосторниците, беа повеќе од очигледни.

Алтернатива за Германија си ја начека својата можност и најверојатно ќе ги снема од германската политичка сцена на наредните редовни федерални парламентарни избори - освен ако Ангела Меркел и нејзините таканаречени демохристијани, направат по уште некоја голема глупост.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Точно на Русите им одговара хаосот што е наметнат, но не се иницијатори на истиот. Додека Британија веќе делува преку нивната продолжена рака САД....

А еве да те прашам, дали можеби ги хејташ Британците само затоа што излегоа од ЕУ ? :)
Затоа што нема место на земјинава топка каде немаат замешано прсти со нивната гнасна империјална политика, и воедно се нација која ги има извршено најголемите геноциди во историјата на човештвото, но за нив никаде не може да се прочита, затоа што британците секогаш биле победници.

А се знај кој ја пишува историјата.

Така да ова што излегуваат од ЕУ му иди како инстант карма (русите замешаа прсти во резултатот од Брегзит) и пишав на темата дека тоа е официјален крај на Британската Империја, некаде 100 години после нивниот зенит во 1921 година кога империјата била најголема.[DOUBLEPOST=1521812386][/DOUBLEPOST]
Заслугите за пратеничките места на Алтернатива за Германија во германскиот Бундестаг во целост и` припаѓаат на Ангела Меркел, а не на војната во Сирија.

Ангела Меркел беше таа која со отворени прегратки ги пречекуваше таканаречените бегалци од Сирија и Ирак, за кои во пракса испадна дека добар дел воопшто не се бегалци, а не потекнуваат само од Сирија и Ирак, туку од целиот блиски исток, како и од северна Африка.

Истовремено, токму таканаречената Христијанско-демократска Унија - поголема иронија од име, здравје - на Ангела Меркел, наместо да излезе во одбрана на жените кои беа силувани низ Германија на 25 декември 2015, ги повикуваше германските жени да се облекуваат "поскромно, помалку провокативно, за да не ја привлечат агресивноста на бегалците", индиректно обвинувајќи ги жртвите на силувањата дека самите се виновни бидејќи биле силувани, а не бидејќи силувачите се увезени од блискиот исток и од северна Африка.

Со ваква влада на власт, и со социјалдемократите на пијаницата Мартин Шулц како најголема опозициска партија - но истовремено и како најголем коалициски партнер на Ангела Меркел и нејзината таканаречена Христијанско-демократска Унија - потребите од трета партиска опција која ќе ги брани жртвите, а не злосторниците, беа повеќе од очигледни.

Алтернатива за Германија си ја начека својата можност и најверојатно ќе ги снема од германската политичка сцена на наредните редовни федерални парламентарни избори - освен ако Ангела Меркел и нејзините таканаречени демохристијани, направат по уште некоја голема глупост.
Заслугите за пратеничките места на Алтернатива за Германија се исклучиво заслуга на во најголема мера на Ердоган, а во помала мера на Путин.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Заслугите за пратеничките места на Алтернатива за Германија се исклучиво заслуга на во најголема мера на Ердоган, а во помала мера на Путин.
Ааа, значи Ердоган и Путин увезуваа имигранти од блискиот исток и од северна Африка во Германија, и им велеа да им се нафрлат на германските жени и да ги силуваат на 25 декември 2015.

А бре тие пусти Руси и Турци, целиот свет го држат во раце, додека ние тука се тепаме за двојазичност и амнестирани терористи во власта бидејќи САД сакале мирен и стабилен регион, а тоа цело време да ти било масло на Русија и Турција.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Ааа, значи Ердоган и Путин увезуваа имигранти од блискиот исток и од северна Африка во Германија, и им велеа да им се нафрлат на германските жени и да ги силуваат на 25 декември 2015.

А бре тие пусти Руси и Турци, целиот свет го држат во раце, додека ние тука се тепаме за двојазичност и амнестирани терористи во власта бидејќи САД сакале мирен и стабилен регион, а тоа цело време да ти било масло на Русија и Турција.
Гледаш како ти текна :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.469
Поени од реакции
81.911
Русија кога посака да се понаша ко Америка и ко условно кажано - Западот, е обвинета за воено-политичка агресија, што е смешно и дволично.
Романтичното русофилство, на кое му припаѓам и јас, од тој аспект е морално и етички издржано.

Но практично, некој да биде русофил во Македонија денес е наивно до крај.
Никој од анти ЕУ и анти НАТО русофилите, не нуди никаква конкретна алтернатива. Се се темели само на идеи за неприклучување кон евро-атланските интеграции и празни муабети, во јавноста пропагирани од политички маргиналци. А на двете главни партии никогаш ни крај памет не им било јавно да посочат некоја друга, освен евро-атланската иднина. Ни Груевски во екот на најголемите свои антагонизмични периоди со западот, не ни помислуваше макар и да спомене друга алтернатива освен евро-атланската. Фини се овие желби, вака за пред кооперација, али у пракса...
Никаква буквално, конкретна алтернатива во тој правец, нема никој презентирано, ни на политичко безбедносен, ни на економски план. Све се сведува на романтични муабети.
Кога некој некој нешто споменал за некаква конкретна интеграција во тие фамозни евро-азиски дружини (на политичко-безбедносен или економски план)? Покана некоја? Најава за покана? Како иде таа интеграција?
Буквално ништо конкретно.

Немој само некој да ми спомне дека земја како Македонија треба да биде, во ова време, неутрална и надвор од било кој чадор.
80% економска размена, инвестиции, ни се од ЕУ. ИПАРД фондови, економска помош, све, буквално...

Која иницијатива конкретна Русија понудила?

Единствено нешто конкретно во регионот што го гледам е во Србија (Ниш, оружјето...), а на Србија ни на крај памет не и паѓа да рече, ОК ние не сме за ЕУ.

Еве и ја сакам да се интегрираме у БРИКС (или каде и да е таму) наместо у ЕУ, ама реално, практично нема никаква макар сламка за која би се фатиле да не повлече натаму.

Интересите на Русија и колку нејзе и е битна Македонија, е скроз јасна работа, а оди во тој правец и освен вербалност ништо практично нема презентирано.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Гледаш како ти текна :)
Како некој роден и израснат во Дизниленд, сосема разбирлива е твојата изопачена логика.

Тек па да си се родил и да си израснал во Третиот Рајх, сигурно Адолф Хитлер би се восхитувал на твојата русофобија, а Херман Геринг, Јозеф Гебелс, Хајнрих Химлер, Алфред Розенберг и Роберт Леј би ти завидувале.
 
Прекрасен психолошки профил за мене :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.442
Затоа што нема место на земјинава топка каде немаат замешано прсти со нивната гнасна империјална политика, и воедно се нација која ги има извршено најголемите геноциди во историјата на човештвото, но за нив никаде не може да се прочита, затоа што британците секогаш биле победници.

А се знај кој ја пишува историјата.
Потполно се сложувам....

Така да ова што излегуваат од ЕУ му иди како инстант карма (русите замешаа прсти во резултатот од Брегзит) и пишав на темата дека тоа е официјален крај на Британската Империја, некаде 100 години после нивниот зенит во 1921 година кога империјата била најголема.
Па сега дека е крајот, далеку од тоа, кралицата е сеуште кралица на Нов Зеланд, Канада и Австралија и има пратеници кои ги гувернираат овие земји... А башка и нивната маша САД....
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510
Барем 10 ЕУ држави планираат да избркаат руски дипломати
Според која логика, труење на руски двоен агент на британска територија, би и помогнало на Русија на било кој начин? Според никоја. Овој одговор од страна на ЕУ државите за продлабочување на кризата со Русија, ме тера да мислам дека труењето на агентот воопшто не е извршено од страна на Русија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom