Еве една од причините зошто млад човек не излегува на протест.
И не, не ја бранам дотичната која што го напишала писмово. Она ако била факултетски образована и магистар како што тврди, требало да биде способна да собере 2+2 и да и стане јасно дека: ако немаш човек внатре во партијата која што претендира да дојде на власт, кој ти е близок и е доволно влијателен за да ти издејствува работно место, тогаш многу нормално дека ќе служиш како топовско месо за нечии туѓи интереси.
Моментот кога влегуваш во некоја политичка партија со првиот чекор ти го оставаш на врата твоето достоинство и твоето јас. Тоа ти е како да си се зачленил во некоја секта и типови ко Павле, Туфегџич, Богоев...ти го перат мозокот и те носат жеден преку вода во некоја си утопија каде ти' после 3-4 изборни циклуси ќе се најдеш во некоја канцеларија во министерство за култура, како културен промотор и ќе шеташ низ цел свет на државна сметка. За на крајот да сфатиш дека си гадно заебан, обично веќе кога е предоцна.
Јас разбирам, човек кога е во очај е спремен на се. Да стане партиски член, газолижач, да вади бугарски...таква ни е државата. Луѓето пробуваат да го одберат условно кажано полесниот пат, бараат алтернативи. Понекогаш проблемот е и до нас, не само до околностите. Човек е голем и доблесен кога признава дека погрешил, кога ќе го лоцира проблемот во себе.
Авторкава на писмово си е сама виновна. Влегла во ризик, еве и го резултатот. Deal with it! А не, фрла со дрва и со камења отпосле, од кога ја заебале. Што ако ја примеа на работа? Тогаш се што напишала немаше да важи, најверојатно. Е тоа е целиот проблем во писмото.
Таа се нарекува револуционер, рушач на режим и тоа со пенкало, а сега тоа пенкало може комотно да си го набута у гз и сите останати како неа. Овие ликови, т.н "интелектуалци" и "слободоумници" самопрогласени револуционери, се само обични партиски полтрони и мифки од рангот на просечен член на ВМРО кој до вчера го нарекуваа "небањат" и "сендвич" а излегоја бетер од нив.
Она што е уште потрагично е што упорно потенцира, свесно или не, дека била извисена на крајот, дека и следувало нешто а не и било дадено како заслуга за "рушењето" на режимот на Грујо. Па ти ако си револуционер тогаш креваш револуција во име на некаков идеал за подобро утре, за тебе и за сите останати граѓани на државата. Нели: "Живот за сите". Ваквите како неа тргнале од личните интереси и тоа не е толку спорно, спорна е приказната која му ја продаваа на народот на телевизии пред да дојдат на власт.
Државава е на прво место во Европа па младинска невработеност. Што е таа попривилегирана од останатите млади луѓе во земјата кои се невработени? Дека одела на протести и фрлала куртони со боја по јавни објекти по дифолт и следува работа во државна администрација?
И не е само оваа. Ликови ко нејзе пред 6-7 години излагаа на контра протести против земјоделци. Службенички со фризури кои работат во јавна администрација. Народ против народ. И оваа ќе беше иста утре ако ја примеле на ветеното место.
Гомната што ги јади во писмото се од лични побуди, се акт на незадоволство не заради актуелните политики, туку заради сопствените неостварени себични цели.
Јас утре ако излезам на протест очекувам тој да биде вистинско будење на младите во државава. Дека заедничкиот интерес ќе надвладее над личниот и партискиот. Дека тоа ќе биде протест за вистински промени, искрен, па макар се собрале и 10 души. Таквите вредат повеќе од колку илјада како оваа што го напишала писмото. Јас со вакви не би застанал рамо до рамо на протест. Затоа и нема одзив на никакви протести во државава, е баш заради ова.