Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
И американците ги боли рукот за Албанци и Македонци, тие сакаат да го имаат регионов под контрола. А ќе го имаат под контрола ако влезиме во НАТО.

Прво си мислев дека ќе му се одмаздат на Ахмети за ова, ама сега си мислам дека не ги ни интересира ако ги послуша во дадениот момент.

Исто како што нема да му направат ништо на Мијалков, ако сега ги слуша.
Види ајде да се сложиме дека и САД и Русија ги боли стапот... Но не е тука еден човек, има цела плејада играчи... Дали мислиш дека ако Ахмети сменил страна и станал Руски човек, САД тек така ќе дозволеле ?

Немаше да го брка СЈО, ќе го заборавевме одамна....
 
Што има Ахмети направено спротивно на амерички интерес, па да му се одмаздуваат?

Го истурка законов за јазици на начин да предизвика масовна хистерија и предвоена состојба.

Исто така пред тоа долго време не сакаше да коалицира со Заев.
 
Може на САД им одговара војна, за да не поделат пошто неможат да не бутнат у НАТО како такви.. Грција неќе, а Бугарија и Албанија имаат нагласени аспирации кон нашата територија...
 
Го истурка законов за јазици на начин да предизвика масовна хистерија и предвоена состојба.
Да, зошто Американците да сакаа не можеа да го спречат. Како што Бејли ја распушти ДИК со една изјава, така и ќе го архивираше законот за навек, да му беше гајле за тоа.
 
Види ајде да се сложиме дека и САД и Русија ги боли стапот... Но не е тука еден човек, има цела плејада играчи... Дали мислиш дека ако Ахмети сменил страна и станал Руски човек, САД тек така ќе дозволеле ?

Немаше да го брка СЈО, ќе го заборавевме одамна....

Абе Ахмети и 2001 и сега си ги координира работите со УДБА.
 
Точно, само што УДБА е под Америчка капа ... истите лустрирани во мк, беа најгласни проамериканци...
 
Да, зошто Американците да сакаа не можеа да го спречат. Како што Бејли ја распушти ДИК со една изјава, така и ќе го архивираше законот за навек, да му беше гајле за тоа.

Абе Бејли одвај го натера да коалицира со Заев :).

А и што има да изгуби Ахмети сега ?
Сега само може да добие ако ги влече конците.[DOUBLEPOST=1521667708][/DOUBLEPOST]
Точно, само што УДБА е под Америчка капа ... истите лустрирани во мк, беа најгласни проамериканци...
Ова ти е многу наивен одговор.
 
Абе Бејли одвај го натера да коалицира со Заев :).

А и што има да изгуби Ахмети сега ?
Сега само може да добие ако ги влече конците.
оф оф, загреота, излезе Ахмети цел позеленет од преговорите од преговорите за влада...
 
Го истурка законов за јазици на начин да предизвика масовна хистерија и предвоена состојба.

Исто така пред тоа долго време не сакаше да коалицира со Заев.

А дали законот за новата територијална организација на локалната самоуправа - односно за новите граници на општините - од 2004 година, исто така беше спротивен на американските интереси, па затоа непосредно пред референдумот во ноември 2004, САД ја признаа Македонија под уставното име - иако за волја на вистината, одредени државни и јавни функционери од САД до денешен ден не` нарекуваат ПЈРМ ?

Дали законот за употреба на знамињата исто така е спротивен на американските интереси ?
 
оф оф, загреота, излезе Ахмети цел позеленет од преговорите од преговорите за влада...

https://civilmedia.mk/hajredini-aahmeti-pravi-se-za-da-go-spasi-gruevski/[DOUBLEPOST=1521667971][/DOUBLEPOST]
А дали законот за новата територијална организација на локалната самоуправа - односно за новите граници на општините - од 2004 година, исто така беше спротивен на американските интереси, па затоа непосредно пред референдумот во ноември 2004, САД ја признаа Македонија под уставното име - иако за волја на вистината, одредени државни и јавни функционери од САД до денешен ден не` нарекуваат ПЈРМ ?

Дали законот за употреба на знамињата исто така е спротивен на американските интереси ?

Не, не е ни новиов закон за употреба за јазиците спротивен на нивните интереси, зборувам како закон.[DOUBLEPOST=1521668034][/DOUBLEPOST]
За структурите на УДБА во Македонија мислев...

Е па и за нив ако зборуваш пак ти е наивен одговорот.
 
https://civilmedia.mk/hajredini-aahmeti-pravi-se-za-da-go-spasi-gruevski/[DOUBLEPOST=1521667971][/DOUBLEPOST]

Не, не е ни новиов закон за употреба за јазиците спротивен на нивните интереси, зборувам како закон.[DOUBLEPOST=1521668034][/DOUBLEPOST]

Е па и за нив ако зборуваш пак ти е наивен одговорот.
Ако го дислоцираат воинот на коњ во Вашингтон пред Белата Куќа, можеби и ќе поверувам на прикаскава ....

Абе ќе дојде ден, кога САД ќе им сврти грб на Албанците, тоа секогаш е така и со Садам, и со Талибан.... Ама тој ден е далеку сеуште....
 
Види Ахмети е револуционер марксист, оден по затвори, а после затвор сите револуционери се менуваат.

Па и ИСИС е зачнат во ирачки затвор под американска контрола. Еве @Dexter26 знае за кого работи ИСИС сега, нели :)
 
Не, не е ни новиов закон за употреба за јазиците спротивен на нивните интереси, зборувам како закон.

Е па ако тие закони се спротивни на американските интереси, зошто тогаш воопшто САД го форсирале зајко кукурајко да формира нова владина коалиција со амнестираните терористи ?

Или да се вратиме поназад, зошто воопшто САД испратија нивен олеснувач - Џејмс Пердју - за да им помогне на македонските политичари да потпишат политички брачен договор со амнестираните терористи во август 2001 ?

Нели САД се`/беа, односно се декларираа(т) како држава која не преговара со терористи, а сепак го поздравија потпишувањето на охридскиот рамковен договор ?

Зошто наместо Џејмс Пердју, не им текна да ни испратат по неколку стотици тенкови и борбени авиони за и ние да си го исчистиме дворот ?

Зошто не потпишаа рамковен договор со Осама бин Ладен и Ал Каеда после 11 септември 2001, туку го нападнаа и го окупираа Авганистан ?
 
Види Ахмети е револуционер марксист, оден по затвори, а после затвор сите револуционери се менуваат.

Па и ИСИС е зачнат во ирачки затвор под американска контрола. Еве @Dexter26 знае за кого работи ИСИС сега, нели :)
Точно така, но вистина е и дека ИСИС е сеуште под Америчка контрола... Ама мислам дека на крајот сам ќе си видиш....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom