Арсовски: Македонија е двонационална држава и во општините каде што Mакедонците се малцинство задолжително да учат албански јазик
Македонија е држава во која живеет две нации, македонската и албанската. И македонската нација која е дел од македонската држава, го зборува маkедонскиот јазик, Албанците кои што живеат и кои се дел од албанската нација во Македонија, зборуваат албански. Не знам за што се поистоветува нивното право да се обратат кон државата на албански јазик, со загрозување на нацијата, констатираше Арсов.
Македонија не е еднонационална држава, Македонија е двонационална држава. Mакедонците кои се малцинство во општините каде што Aлбанците се мнозинство, треба да имаат задолжителна настава на албански јазик до осмо одделение, рече аналитичарот Петар Арсовски кој важи за многу близок со владеачката СДСМ, на дебата за Законот за јазици во емисијата “200“ на Алсат -м телевизија.
Тој вели дека како што има јазична политика за македонски јазик, сега треба да се донесе јазична политика за албанскиот јазик. Воведувањето јазична политика за албански јазик не го нарушува правото на Mакедонците да зборуваат сопствениот јазик.
– Македонија е држава во која живеет две нации, македонската и албанската. И македонската нација која е дел од македонската држава, го зборува маkедонскиот јазик, Албанците кои што живеат и кои се дел од албанската нација во Македонија, зборуваат албански. Не знам за што се поистоветува нивното право да се обратат кон државата на албански јазик, со загрозување на нацијата, констатираше Арсов.
Тој исто така вели што го интересира некој Македонец дали Албанците ќе зборуваат албански, кога тој цел живот ќе може да се обраќа пред било која институција во било која ситуација на македонски јазик. Арсовски смета дека за носењето за Законот за албански јазик нема за што да биде прашан „некојси Трајче (Македонец)„, за тоа требало да бидат прашани исклучиво само Албанците.
Според аналитичарот, Македонија е двонационална држава со големо малцинство Албанци, и дека не вреди да се дискутира за идеологијата на Мекедонците и за тоа колку Македонците се чувствуваат навредени од носењето на законот за албански јазик.
– Македонија не е еднонационална држава, Македонија е двонационална држава со големо малцинство Албанци, 30%. Тоа е скап систем за одржување и точно е дека носењето на законот за јазиците, ја прави администрацијата поскапа, покомплицирана, поспора. Не вреди да се дискутира околу идеологијата и за тоа колку се навредени Македонците со носењето на еден ваков закон, во емисијата “200“ рече Петар Арсов.
Тој исто така смета дека ако на нешто вреди Македонија да потроши пари, тогаш тоа е овој проект за двојазичност.
Ова е тоа редефинирање на државата?