Имаше пред некој ден на некоја од контактниве емисии по телевизииве, се јавува еден албанец и вика: Што му смета на македонците двојазичноста, ние гласавме за сдс, Заев нас ни вети, не гласавме за бадијала.
Во неколку зборови човекот се кажа.
Заев за да дојде на власт си ја продал душата на ѓаволот, сега дојде времето за наплата. За некои си нивни болни амбиции се распродава државата. Ова без претерување е укинување на моменталните постулати врз кои се заоснова функционирањето на државата во формат каков што до сега егзистираше.
Сите наводни ветувања за реформи, стратегии 3-6-9 паднаа во вода а со нив и маските на владеачката гарнитура.
Го гледам на телевизија, човекот е целиот изгубен. Прави некоја фаца као демек се е под контрола а уствари му се чита дека се е отидено у три лепе. И двојазичност, и преговори за име и реформи...
Научил две-три фрази: Нашите пријатели, нашата земја, реформските планови, преговарачки процеси, да течел дијалогот...животот, јебо вас живот.
И овој за надворешни, се преговарало за позиции, кои позиции? Овај ваму му вели сменете устав, тој вергла некои глупости што ни тој не ги разбира. Воделе преговори во тајност. Грциве се му извадија на маса и само долеваат, овие се фатиле за преговарачкиот процес. Еднаш вика нема промена на устав, за по неколку дена да дреме ко коњ на новинарско прашање.
СЈО, бомби, револуции...на крај се ќе излезе дека е фингирано, само на условната за гаќите од Ивона се ќе се заврши. Спласна еуфоријата како за се друго во државава. Грујо ќе си се повлече заедно со милионите во позадина, исто ко Бранко. Нема да ме чуди и државна пензија да му дадат на крај овие шушумигиве.
Ние па со сиот ум кршиме овде прсти по тастатура. Че си лежеле...во државна фотеља.