Машките мастурбираат на било која девојка?!

Член од
22 март 2017
Мислења
34
Поени од реакции
84
Соу фак'д ап...
Значи, имам партнер веќе некоја година. Нема да разговарам конкретно околу МОЈАТА врска, пошо не е ни тема, ни место, ни време. Муабетот ми е, дека, не е баш најактивен којзнае колку по социјални мрежи, али ми стана чудно како наеднаш се "загреа" по Инста и тргна со "max speed" у заследување.
Не се декларирам како љубоморна личност, меѓутоа баш ме заинтригира како мојот дечко 90% од тие што ги следи, "случајно" се профили на познајнички кои "случајно" се со истакнати атрибути, рецимо.
Го имав прашано директно, без влакна на јазик, зошто баш нив ги следи. Одговорот беше дека му се појавуваат како "suggestions" за заследување на инстаграм, врз база на тоа шо веќе ги има како пријател(к)и на фб. И све е тоа океј, али од сите негови фб пријатели, Инстаграм да има алгоритам да ги предложува оние со најголеми атрибути (рецимо), шознам?!
Не е дека поверував, али решив да пробам да не се замарам .

Денес, уз расправија го наметнав прашањето, ми рече најчесто отваран профил му бил на другар му - жена му. И претходно го имаше спомнато истото, али бев као, океј, нема везе, екипа сме.
И денес ми светна сијаличката и го прашав: "А шо баш толку жена му?"..

One thing led to another, призна дека константно си "завршува работа" на жена му, и сви остали шо ги следи на инста (негираше за мои другарки, али не можам да бидам сигурна).

Ако речам дека сум оупен-мајндед и либерте`, ќе звучам клише. Хмм, немам проблем со тоа некој да гледа порно и да фантазира околу некои нереални ситуации, и околу мастурбирање на социјалните мрежи на слики од познајници (горе-долу сите го правиме тоа). Меѓутоа, кога сум во врска (зборувам индивидуално, за мене) не би го правела тоа, од причина што имам личност која ја почитувам и сакам и би ми било одвратно дури и да помислам да мастурбирам на слики на социјалните мрежи на негов другар.

Јасно ми е, дека сите сме различни и сакаме различни работи, и баш поради тоа имам право да се изјаснам дека јас не можам да се замислам да преминам преку нешто такво, затоа што веќе, од сега, па натаму, ќе го имам чувството дека никогаш за него нема да бидам доволна самата јас.

Океј, сите имате различни ставови околу темата и не ми е целта да судам, но сметам дека не е океј фактот што мојот партнер си зема за право да ми "всади" у глава дека тоа е најнормална работа и ја треба да се привикнам со тоа, дека сите машки го прават тоа, дека тие не можат да се контролираат и сл.

Истиот тој партнер ме наговараше летово (2017) да си купам купаќи кои ќе бидат пристојни за на плажа (пробував обичен горен дел - корпа, не беше воопшто нешто провокативно) затоа што "на што ќе личело да одам разголена на плажа". Нормално, си го купив купаќот, по долго расправање, затоа шо плажа е, а не е скијачки центар. Ставив слика на фб од плажа, ништо провокативно (па што, и да е? али ипак не беше ништо посебно, туку онака, слика море, карпи, ја у купаќ) и ми беше приговорено за тоа.

Денес, ми текна баш на горенаведената случка и како аргумент додадив у стилот: Океј е ти да мастурбираш на пола град, али не е океј јас да имам слика на која изгледам привлечно? (горе-долу).
За одговор добив дека му е грдо кога некој би мастурбирал на мене, затоа не сакал такви слики да прикачувам на фб.......?! Факин' булшит!! Шо уствари ми покажува дека доколку ситуацијата би била обратна: ако неговите другари мастурбираат на мене, или пак, ако јас сум таа што мастурбира на негови другари, веројатно нема да му биде ни малку мило нему и би бил против тоа.

Никогаш не помислив дека би се "отворила" на форумов. Се осеќам толку изгубено, шо не знам ни дали е правата ствар да пишам тука, али јебига.
Едноставно, у моментот се почувствував дека ми треба мислење од личност која не ме познава и нема ниту да ме теши, ниту да биде на моја страна на оваа тема, само поради тоа што ми е другарка.

Ме интересира вашиот став доколку сте не мое место т.е. доколку Вашиот партнер мастурбира на жените/женските на неговите другари и скоро на сите негови привлечни познајнички? (или Вашата партнерка - на дечковците на нејзините другарки и на привлечните познајници /пријатели)?
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не се декларирам како љубоморна личност, меѓутоа баш ме заинтригира како мојот дечко 90% од тие што ги следи, "случајно" се профили на познајнички кои "случајно" се со истакнати атрибути, рецимо.
Го имав прашано директно, без влакна на јазик, зошто баш нив ги следи.
Дај линкувај некоја од познајничкиве за да видиме шо е проблемот со чоеков....да ти помогнеме.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
365
Поени од реакции
152
На почеток не сакаше да зборуваш за својата врска и незнам во каква врска сте, затоа ќе ти кажам нешто воопштено и како маж.

Ние луѓето по природа сме полигамни суштества,

Мајмуните исто. Кај нив сексот се врти околу алфа мажјакот во групата.Тој ги брани женките од секс со други мажјаци, но другите мажјаци доаѓаат до женки на потешкиот начин.

Некогаш кога се живеело во матријархат, луѓето биле групирани во родови заедници, како орди, и не само што не знаеле кој им е татко, туку и немале концепт за татко. Мислеле дека мажите треба да ги наводнуват децата во утробите на жените, за да пораснат и да се родат.

Денес скоро низ цел свет се живее во патријархални семејства, каде мажот го има главниот збор, а семејството е основна градбена единица на општеството.
Нормално е човек да се презасити од секс со една иста личност и во тој случај помало зло е да се напали, па и да мастурбира на туѓи слики и порно, отколку да прави реални неверства, каде во прашање доаѓаат семејството и здравјето.

Има религии кои дозволуваат неверство, а кај Христијаните се формираат заедници како хипи движењето и свингерите, каде партнерите си дозволуваат секс со странци. Сепак треба да има компромис меѓу партнерите, за да опстане семејството.

Ако зборуваме за етика, помислете на своите деца и каков пример им давате, не бидете себични.
 
Последно уредено:

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Секој со фетишот...
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Значи океј е он да дрка на други, а не е океј други да дркаат на тебе или ти да мастурбираш на други. Јас мислам дека дечко ти сака да има секс со други, тоа му е некоја скриена желба која не ја остварува од причина што ако го направи тоа, ти ќе го оставиш. Тоа што ќе го направи следно е ќе проба да ти всади во глава дека е во ред он да има секс со други, а секако не е во ред ти да имаш секс со други.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
меѓутоа баш ме заинтригира како мојот дечко тие што ги следи, се профили на познајнички со истакнати атрибути
Зошто ова би те заинтригирало? Што сакаш машко на Инстаграм да следи? Девојки што постираат кафиња и книги и цитати за дождот? Луѓе што постираат храна?
За одговор добив дека му е грдо кога некој би мастурбирал на мене, затоа не сакал такви слики да прикачувам на фб.......?! Факин' булшит!!
И ја викам факинг булшит за идејата дека некој би мастурбирал на тебе во тој костим за капење...

Со тек на време, порките стануваат досадни и човекот е во потрага по нешто „реално“. Тоа „реално“ се познајничките во случајов (ти си му здосадена ваљда). За некое време и тоа нема да му биде доволно реално и ти ќе бидеш поздравена.
Заклучок: Откачи го дечко ти дур не те поздравил.
Или, прај си уште драмички со него, и утре кога ќе те откачи падни во депресија, жали се на другарките... битно е нешто да се дешаа, да се движиме...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726
Значи океј е он да дрка на други, а не е океј други да дркаат на тебе или ти да мастурбираш на други. Јас мислам дека дечко ти сака да има секс со други, тоа му е некоја скриена желба која не ја остварува од причина што ако го направи тоа, ти ќе го оставиш. Тоа што ќе го направи следно е ќе проба да ти всади во глава дека е во ред он да има секс со други, а секако не е во ред ти да имаш секс со други.
Ајдее какви глупости изнапиша. Како што напиша некој погоре ние сме полигамни суштества и нормално е да имаме желба за секс со други, а тоа што се ограничуваме на еден партнер во животот е последица на различните центри на моќ кој ни влијаат од самото раѓање.
Нема ништо страшно да се пали на други, инстаграмот му е само издувен вентил и веројатно никогаш (дур сте во врска нормално) нема да премине на следното, т.е. да има секс со друга.
Дечкото во оваа ситуација е крив единствено што ти кажал на кого дрка и која го пали. Врска со целосна искреност никогаш нема да успее, бидејќи внатре сите сме одвратни животни, а лицето под кое не знаат другите е само приказна за тоа какви сакаме ние да бидеме креирана под влијание на најразлични центри на моќ (семејство, друштво, школо, вести итн).
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Нема ништо страшно да се пали на други, инстаграмот му е само издувен вентил и веројатно никогаш (дур сте во врска нормално) нема да премине на следното, т.е. да има секс со друга.
Таман работа. Луѓето се познати како лојални суштества, ако им се отвори шанса обично ја одбиваат.

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Instagram почна као хипстерска апликација со оние fancy филтерчиња, за да прерасне у Red light district за све што е женско со смартфон. Ваљда пошо родителите им се френдови на фејсбук, а инстаграм на старите не им е така атрактивен пошо нема муабет и тука може раат да си ставаат duckface селфија у бикини и долен веш. Пред 20 години луѓето мислеа дека со технологија ќе лебдиме и ќе летаме, а уствари технологијата само им помогна на курвите у маркетинг....го разбирам чоекот, стаен е на искушение.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Прво јас нејќам да зборам за мојата врска и после читаме цел реферат за твојата врска.

Јас не сум машко и стварно не знам што им се врти во глава во вакви ситуации, но го мислам скоро истото со некои коментари, а тоа е дека дечко ти баш и не те смета за доволна, ко што ти самата сега си мислиш, ти ја намалил самодовербата. Тоа не е во ред и тоа само по себе си носи глупости, ко ти темава што ја отвори. Ти си знаеш и каков/колку секс имате, ти си знаеш и он колку се пали на тебе, ти си знаеш и дали си му доволна и без глупостиве со инста што ги правел. Ако не си сигурна, тогаш секако не си доволна. Понатака како ќе се носиш ти со тоа, твоја работа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Има логика во постот на @VardarVoSrceto, мора понекад да имаш некој вентил без притоа да растуриш врска и фамилија, боље дркај на што сакаш него ли да швалерисуваш насекаде, ама од друга страна треба да има граници, сепак константно манијачење на другарки на жената/девојката не е баш нормална работа и може да доведе и кон полоши ситуации.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.351
Јас да сум на твое место, ќе се издупам со неговиот најдобар другар(или брат ако има, уште поарно). Ако нешто се побуни ќе му речам: момак, следен пат очите овде и никаде на друго место. That will teach him a lesson.

И не, не претеруваш. Јасно е дека ќе погледне и ќе фантазира за други, ама да го дудла на пола познанички и не е баш така океј. Нештата кои се реализираат прво се раѓаат како идеја во глава. Јас низ нос би му го извадила ова, сериозно.
После вашиот муабет мислам дека нема место за преговори, носи што ти душа сака и ако се буни, игнорирај. И дркај на брат му!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Точно е дека треба да има издувен вентил. Затоа постојат порничи. Во случај порничите да ти се здосадени и да бараш нешто "пореално", постои и Virtual Reality порно, кај што ти легнуваш на кревет, го ставаш VR headset-от на глава и гледаш како женската од порничот "ти се качува". Фантазирање за другарки на жена ти, жената на другар ти и слично е многу опасно, зашто тоа се личности од блиското опкружување и никад не се знае, таа фантазија можно е да се оствари.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
Машките мастурбираат на било која убава девојка.

Инстаграм во главно изобилува со женски профили со провокативни слики. Заследуваш еден и инстаграм ти дава уште неколку слични профили на кој не е многу тешко да кликнеш follow.

Мажите гледаат по други и дркаат на други, биле непознати или блиски иако не признаваат сите. Еве дечкоти е од тие што признаваат иако те има излажено дека не дрка на твои другарки(или барем не ги мањачи). Да го откачиш и да си најдеш друг и другиот ќе мањачи иако можеби нема да ти каже.

Нормално е на периоди да е заситен од тебе, иако ти веројатно нема ни да знаеш(може да се одрази на сексот и однесувањето но и не мора да значи).

Крај краева ако и тебе ти се допаѓа другарот, договорете се плеснете се другарски можеби ќе ти се аресе. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom