И тоа е еден од проблемите околу македонците. Толку анимозитет меѓу нас, толкава склоност за поделби страшна работа... Малку што се делиме внатре на македонци и немакедонци, сдс - вмро, млади-стари, прогресивни-конзервативни, патриоти-предавници, скопјани и провинцијалци, богати сиромашни... и тн... Ете уште една поделба на македонското ткиво, дијаспорци и домородни македонци. Мислам, ова ги надмина сите други облици на поделба во македонското општество.
Па без оглед дали се викаат Џорџ, Мајкл или Даглас... ич на кур не ми е. И они, односно таа маса народ претставуваат ресурс, од кој и преку кој можеме да постигнеме заеднички бенефит(нивен и наш).
Со тоа што искочија пун курац илјади австралијци,амери што и да беа... со мкд потекло ние(ако сме држава, а за жал не сме) треба да ги глеаме како потенцијал, како основа за продлабочување на соработката и просперитетот на македонија, како сфера на влијание, па и економска можност што да не. Тие луѓе и таа маса народ можат да бидат основа за зајакнување на нашите позиции и да бидат основа за вршење на некаков притисок. Секако нели, доколку се има координирано дејствување сведено на бескрајна желба за напредок на Македонија.
Како и да е, на крај краева, луѓево, повикани или не, легитимно или не, изразиле(според нивна перцепција) поддршка кон Република Македонија. Сеа дали се во право или не е друга работа.
Но муабетот е што уште од старт се антагонизираат и релативизираат истите, а тие луѓе можат ете, макар и минорно да бидат искористени за да си ги подобриме позициите па и повеќе да просперираме како држава.