Конфликтот во Сирија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.118
Поени од реакции
12.699
Ок, извинете што спомнав мртви деца. Како не ми е срам.

Ве молам продолжете со прославата, извинете уште еднаш за вознемирувањето.
Сосема во ред е тоа што ти спомна мртви деца, исто како што е сосема во ред тоа што јас се надоврзав на твојот коментар и спомнав и други деца од кои добар дел - за жал - не го доживуваат сопственото детство.

А кога сме кај прославите, зависи за кого како - Џорџ Буш Помладиот славеше на носачот на авиони Абрахам Линколн на 1 мај 2003 по повод американската окупација на Ирак, Тони Блер го славеше заробувањето на Садам Хусеин на 13 декември 2003 со својата изрека "дами и господа, го имаме", Хилари Клинтон славеше со својата изрека "дојдовме, видовме, тој умре" по повод масакрирањето на Моамер Гадафи на 20 октомври 2011, така да, ако има нешто за славеење, кога, каде и како ќе се слави зависи исклучиво од славеникот.

Јас не гледам никаков повод за славеење не само во смртта на деца, туку општо во масакрирањето на човечки суштества, но затоа па кога сме кај жалење, понекогаш се прашувам кои се повеќе за жалење - тие кои дочекале брза смрт, или овие кои умираат со години како резултат на бомбардирањата со осиромашен ураниум ?

Плус Асад ги отепал. Штом Асад ги отепал тоа морало да се некои лоши дечишта. Општо е познато дека само САД убива деца а Асад го местат.

Огно да ме изгори кај спомнав таква клевета за човекот.
Зависи од тоа дали и ирачките деца кои умираат како резултат на бомбардирањата со осиромашен ураниум се лоши дечишта, или децата во Јемен, или девојчињата заробени и силувани од страна на Боко Харам во Нигерија.

Или па децата низ Сомалија и ДР Конго се лоши дечишта за да заслужат глад, особено гладот предизвикан од човечки фактор во ДР Конго, кој за жал трае до денешен ден, но тоа не им смета на САД и европските држави за да продолжат да увезуваат дијаманти и останати природни богатства од таквите држави.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.509
Поени од реакции
24.288
Плус Асад ги отепал. Штом Асад ги отепал тоа морало да се некои лоши дечишта. Општо е познато дека само САД убива деца а Асад го местат.

Огно да ме изгори кај спомнав таква клевета за човекот.
Nema vrska koj gi otepal tuku od kade se decata. Ovie kako sto rekov se nebitni , deca od tretiot svet. Ne se ko zapadnite.
Inaku opsto e poznato deka SAD po pravilo na mravka ne gazi koga vojuvaat za demokratija. Epten imaat sofisticirana oprema i prosto e nevozmozno nekoja nevina zrtva da zagini koga gi osloboduvaat od rezimot.
Znaes ti za takov slucaj od koga izbi arapskata prolet?
Edinstveni deca koi imaat zaginato od amerikanski kursum se samite amerikanski deca kaj niv doma. Vo stranstvo takva rabota NE.
Od druga strana pak ovie Rusite i Asad kako so kamenja da frlaat pa koj pogodi pogodi. Ama pa kako se nesto im se godi uciliste, bolnica, gradinka, deca na cesma voda piele, magacin so hemisko i biolosko oruzje koe po nekoe nepisano pravilo za site rezimi najcesto go smestuvaat odma do gradinkata. Bezveze.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.412
Поени од реакции
43.222
Ок, извинете што спомнав мртви деца. Како не ми е срам.

Ве молам продолжете со прославата, извинете уште еднаш за вознемирувањето.
Мртвите деца се спомнуваат само злите Гадафи и Асад кога бомбардираат, а нема мртви деца кога се бомбардира од другите, тоа е само колатерална штета.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.965
Мртвите деца се спомнуваат само злите Гадафи и Асад кога бомбардираат, а нема мртви деца кога се бомбардира од другите, тоа е само колатерална штета.
Па не би рекол дека не се спомнуваат. Посебно за Израел и САД.
 
T

Terroir

Гостин
Тотален колапс им се случува на терористите во Источна Гута, Сиријската војска за неполна недела ослободи скоро 50% од територијата таму

Во поголемите градови ќе биде потешко сигурно, но немаат многу шанси и за брзо време ќе прифатат да ги транспортираат со автобуси во Идлиб..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.476
Поени од реакции
5.172
Турција за 40 дена војување со Курдите успеа да освои десетина села, и 30% проценти од околу 2000те километри квадратни врз кои цели.

САД за истото време го освоија Ирак со 400 000 км/2 во 2003 година.
Курдите не се ни оддалеку споредливи со тогашната Ирачка армија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Турција за 40 дена војување со Курдите успеа да освои десетина села, и 30% проценти од околу 2000те километри квадратни врз кои цели.

САД за истото време го освоија Ирак со 400 000 км/2 во 2003 година.
Курдите не се ни оддалеку споредливи со тогашната Ирачка армија.
Турција нема армија во вистинска смисла на зборот... Цела армиска структура скапува по затвори ... Ердо почнувајќи од кога дојде на власт па до сега, испозатвори све што беше салам во армијата и да е иронијата поголема арнаутите што ги донесе како замена, му спремија пуч.... Епа сеа нема и јаре и паре...
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Турција за 40 дена војување со Курдите успеа да освои десетина села, и 30% проценти од околу 2000те километри квадратни врз кои цели.

САД за истото време го освоија Ирак со 400 000 км/2 во 2003 година.
Курдите не се ни оддалеку споредливи со тогашната Ирачка армија.
Турција напаѓа со мала бројка, на почетокот 6000 војници, сега имаат нешто повеќе, 10-тина илјади се умерените сириски бунтовници (башибозук), поточно платениците кој се бореа/борат против Асад,

досега излезе дека биле ликвидирани 2200-2300 терористи (курди), имајќи во предвид дека овие се бранат, би требало да има барем 1000-2000 мртви ФСА борци, ама излегуваат бројки само за турската армија, додека за овие нема ништо или многу малку се пишува.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Турција за 40 дена војување со Курдите успеа да освои десетина села, и 30% проценти од околу 2000те километри квадратни врз кои цели.

САД за истото време го освоија Ирак со 400 000 км/2 во 2003 година.
Курдите не се ни оддалеку споредливи со тогашната Ирачка армија.
Турција со војската минимална сила користи бидејќи ги има и сириските бунтовници. Додуше тие се топовско месо во случајот. Турски командоси се уште не се вклучени со голема бројка. Турција цело време тактизира со бројките. И повеќе покушава преку воздушни напади да дејствува отколку копнено, се со цел да има по малку жртви а да има голем ефект. Наместо турски војници многу повеќе сириски бунтовници гинат во полза на Турција. Ердоган не се брза паметни потези игра без разлика кој што мисли. Војната е бавна но победата е сигурна за Турција.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.476
Поени од реакции
5.172
Турција со војската минимална сила користи бидејќи ги има и сириските бунтовници. Додуше тие се топовско месо во случајот. Турски командоси се уште не се вклучени со голема бројка. Турција цело време тактизира со бројките. И повеќе покушава преку воздушни напади да дејствува отколку копнено, се со цел да има по малку жртви а да има голем ефект. Наместо турски војници многу повеќе сириски бунтовници гинат во полза на Турција. Ердоган не се брза паметни потези игра без разлика кој што мисли. Војната е бавна но победата е сигурна за Турција.
Абе шо тактизира хахахаха
Американците цел Ирак го освоија за месец и нешто, овие уште се мачат со пограничните региони на одвај 2 000 км/2...
Патем веќе имаат двојно повеќе жртви отколку Американците, а уште не почнала борбата во градовите.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Абе шо тактизира хахахаха
Американците цел Ирак го освоија за месец и нешто, овие уште се мачат со пограничните региони на одвај 2 000 км/2...
Патем веќе имаат двојно повеќе жртви отколку Американците, а уште не почнала борбата во градовите.
Тие одат на сигурна победа. А ти калкулирај кој колку жртви давал. :icon_lol:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.476
Поени од реакции
5.172
Тие одат на сигурна победа. А ти калкулирај кој колку жртви давал. :icon_lol:
Сигурна победа беше Американците со Ирак.
Ова е катастрофа од војување.
"Модерна" армија не може да порази локална група што немаат ни тенкови ни противвоздушна одбрана ни авијација и се скоро изолирани во мала територија.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Сигурна победа беше Американците со Ирак.
Ова е катастрофа од војување.
"Модерна" армија не може да порази локална група што немаат ни тенкови ни противвоздушна одбрана ни авијација и се скоро изолирани во мала територија.
Ти реков Турција се уште користи минимална сила. Ги има Сириските бунтовници. Зошто да се брза или зошто да дава жртви кога ги има сириските бунтовници. Турција се уште не е влезена со максимална сила како Американците во Ирак што влегоја.
 
T

Terroir

Гостин
Сигурна победа беше Американците со Ирак.
Ова е катастрофа од војување.
"Модерна" армија не може да порази локална група што немаат ни тенкови ни противвоздушна одбрана ни авијација и се скоро изолирани во мала територија.
Па не би рекол дека е катастрофа војување, напредуваат полека но сигурно и веќе се на 7км од Африн. Да не заборавиме дека многу малку користат своја војска туку платеници, а може и намерно одоволекуваат со оглед на тоа дека чекаат засилување на курдите од другите места во Сирија па да ги имаат повеќе мети на куп таму
 
B

Bafra

Гостин
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека „изградбата на американски бази во Сирија“ наговествува дека е можна Трета светска војна.
http://alfa.mk/News.aspx?id=130725#.WqqpgDOxU0M

Како беше муабетот пред некој месец, дека Русите ги избркаа Америте од Сирија, дека им ја скршија кичмата... не ми е баш јасно од Ердо изјавата :toe: :nesumjas:

Русите мадафака :pijani:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom