Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
ме радува што Роналдо си ја врати формата, нешто слично како и минатата, во финишот на сезоната...искрено, со сите киксови што ги направивме сезонава, не се надевам на ЛШ, ама ако некако се случи да ја освоиме и трет пат по ред, наредните 5 сезони би играл исклучиво за Ла Лига..последниве 20 години имаат само 7 титули, што се стварно малце за ваков клуб..
 
И последните 4 год, 3 ЛШ, исто толку колку што 80% од европските клубови имат , т.е. немат освоено во целокупното свое постоење :D
 
Ќе пројдете ли? Со јак состав ли ќе излезете? Или ќе ве помочаат...
 
Трет пат во животов како ги гледам во живо, ама прв пат во Мадрид на Бернабеу. Прејако искуство, нешто што секој фан на Реал треба да го доживее и искуси. Морници лазење е и покрај ваква очајна сезона да ги гледаш на домашен терен како играат.
 
Како помина друже, кај фановите на странта ли беше
 
Како помина друже, кај фановите на странта ли беше
Одлично, прејако. Карши нив бев, на обратната страна. Мислам дека беше трет блок или втор не сум сигурен зашто не ги разбрав баш блоковите. :D Со оглед на ситуацијата во лигата и тоа што врнеше мислев дека нема да има многу луѓе, али стандардно 80-90% беше пун стадионот, освен долните трибини кај што фаќа дожд. Свака част за тоа како е направен стадионот, капка дожд не допре до нас а врнеше константно цел натпревар. Горе на кровот околу сите трибини има ставено огромни греачи кои беа уклучени (не знам дали го има ова и на другите стадиони) и не се осети воопшто ладно.

Погледот ни беше феноменален, бевме втор ред од трибината и буквално многу убаво се гледаше. Имам и слики и видеа од сите голови ама не можам да ги прикачам тука не знам зашто, ваљда форматот на истите е премногу голем. Се на се прејако беше. Стварно не може да се опише туку мора да се доживее колку и да звучи ова клише баш така е, вакви работи едноставно можат само да се доживеат.
 
Телевизијата не може да ја долови масивноста на еден таков храм. 70-80,000 луѓе на едно место.
 
28576822_10151545388194953_2766103062389389828_n.jpg
 
Одличен состав,првпат на поозбилен натпревар да излезе без иско,крос,модриќ и бале :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom