Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Не се работи за тоа, може да си мускулест и на џанк храна, ама замисли си ја разликата на клетки создадени од мекици, и тие од зеленчук, овошје, јаткасти плодови итн.

Ти си сега (буквално) подвижна мекица.
Мекица со стомачни.
 
Глупост врз глупост е видеото али ај
Поарно да стаеше видео од др. грегер

Видеото беше пример само, секако на темава и да постирам труд од Ронда Патрик, или Брус Ејмс само ќе се смешкаат иронично, и пак ќе тераат по свое.
 
Jadam mekici barem 3-4 pati vo nedelata, brza hrana 3 dena vo nedelata obavezno, blago skoro sekoj den. Am i fatty troll user on kajgana?

Може не ти се познава на тебе т.е немаш стомак или нешто, ама веруј ми 10000% органите внатре, поточно јетрата, се ти се обвиени у мрснотии што ти не ги гледаш, но ќе осетиш разлика кога ќе остареш и кога метаболизмот ќе падне. Не е се у тоа јадам незнам глупости и ништо немам гг ез, НЕ НЕ ....soon ...soon.
 
Може не ти се познава на тебе т.е немаш стомак или нешто, ама веруј ми 10000% органите внатре, поточно јетрата, се ти се обвиени у мрснотии што ти не ги гледаш, но ќе осетиш разлика кога ќе остареш и кога метаболизмот ќе падне. Не е се у тоа јадам незнам глупости и ништо немам гг ез, НЕ НЕ ....soon ...soon.

Tокму така, телото кога е под стрес (лоша храна - инфламација/оксидација) се активираат гени за oпстанок - преживување на кратка стаза, телото пробува сите рисорси да ги насочи кон тој период, дали тоа ќе биде 3, 5 или 20 години не се знае, но кога тогаш ќе пукне и ќе добиеш некоја сериозна хронична болест, ќе отидеш на доктор и ќе те убедуваат како тоа е нормално, како се случува, и како не се знаело од што се добивале истите болести.....

И пази, најголемите фекалии кои се, а тоа се дека има многу фактори кои доведуваат до болести, не викам не има. Ама прашањето е следново, ако толку многу фактори има, зашто кога 95% од луѓето ќе ја сменат диетата и ќе почнат да суплементираат, се осеќаат како супер луѓе, зарем факторите кои претходно те правеле болен ги снемува во тој момент? хахаха, комедии.

INB4 дедо ми јадеше ова она и ништо не му беше :icon_lol:
 
Decki
So mislite za ovaa dieta? Ja najdov na eden forum nekako tapa e
Оваа диета е доста позната и имам слушнато доста добри коментари за неа. Позната е како најдобар а воедно и здрав начин на симнување на вишокот килограми.
За оваа диета се потребни многу килограмималку упорност и 90 дена на располагање.
Велат дека со оваа диета освен што ќе гиизгубите килограмите, ќе го промените иметаболизмот па изгубените килограми нема да ви се вратат.

Диетата трае 90 дена а се ослабнува од 18 до 25 килограми.
Доколку сакате помалку да ослабнете ќе ја прекинете порано диетата.
Диетата секогаш започнува со протеински ден, па следи скробен ден,
јагленохидратен ден, овошен ден и повторно протеински.
Редоследот не смее да се менува
Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје.

1 ден – Протеински ден
Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничениколичини. Супа но без резанци.
Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината.
Вечера-истото од ручекот, но без супата.
Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо.

2 ден – Скробен ден
Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варена и единствено зачинета со сол, вегета, кечап или варен домат. Едно парче леб и салата.
Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.

3 ден – Јагленохидратен ден
Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли.
Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење.

4ден – Овошен ден
Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате.

После циклусот од 7x4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер.
После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден.
Кафе и чај може да пиете но без шеќер.
Соковите сведете ги на минимум. Се што е наведено треба да се јаде бидејки има своја улога во организмот.
Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ке му даде енергија на организмот.
Чоколадата го штити организмот од можни алергии.
Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени
за нашите услови и поднебје.
Мора да бидете доследни и упорни.
Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите,
но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми.
После 90 дена диета уште толку за доручек сејаде само овошје, додека со ручекот и
вечерата се враќате по стариот начин наисхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни одпостигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци.

Сакам да прашам дали некој ја има држанооваа диета, па ако не ви е проблем споделетего искуството со нас. Поздрав
 
Диетата е ретардирана
Ефективна - дискутабилно, здрава у никој случај. Ќе се осеќаш како го*но додека ја држеш диетата. После, кифлички, пецива, тестенини, пица? чоколади? сладолед... Трето што е разлика меѓу 2 и 3 ден ? Зашо не би јадел у 3 ден исто како у 2.. јх од добар извор наместо срања.
Начин на исхрана се прае со trial and error(сооднос на макронутриенти и тајминг) - подобар начин нема. Ти сам треба да одлучеш колку и што му треба на твоето тело. Генерално јх треба да се внесуват у помала количина стратегиски, по потреба. Друго битно е сите нутриенти да ги внесуваш од здрава храна, и да не јадеш по 60 пати на ден. И да не буташ празни калории како и гејнери, протеини и слични ретардирани суплементи :)
 
@martin01 ако сакаш брзо и лесно да ослабеш, пробај кето, имаш тон туторијали на јутјуб. А за таа диета ...хмм карб сајкл, мех ...ако инсулинот не ти е у реду, нема мнмн да ти делуе.
 
Ако може да објасните овде за кето диета накратко овде на форумот прв пат прочитав за неа.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom