Океј е шо се правиш ко демек не знаеш дека било џоинт
Сеа сериозниот дел, мешаш баби и жаби.
Прво, шо мешаш геј права со ова ?!
Која е поврзаноста меѓу овие две работи ?!
Друго, и пиење алкохол е прекршок и да, исто треба да се казни и тоа и ова револуционерството на момево.
Трето, оправдување за легализација на марихуана ти е дека може да се најде на црниот пазар ?
Као, зошто и државата да не добива дел од колачот на дилерите ?
Башка мојот пост не беше про или контра легализација на марихуаната туку дека револуционеркава треба да плати глоба.
И ја порано бев за легализација на марихуаната, може и уште сум, ама страшно ме нервира ова со сила гуркање на таква идеја, можеби и пренападно, особено сеа од коа се смени власта.
Да, треба да се легализира марихуаната, ама тоа треба да биде некој природен општествено-политички процес, а не нешто исфорсирано со дебати на Правен, со фестивали, со статии по медиуми и што ли уште не.