- Прво војската не е комунално претпријатие за да ти ги чисти тебе тротоарите, не е ни Македонија Пат за да ги чисти улиците. Законски си обврзан да си го исчистиш тротоарот заедно со ѓубретот и изметот кои ги оставаш, тоа што кај нас закон за тоа не функционира тоа ти е друга работа. Војската има што да си чисти и каде да чисти.
- Второ војската има строго утврдени правила и постапки каде смее да се појави, не е ова циркус па да гледаме сеир по улици. Нивниот контакт со цивили е сведен на минимум, освен во ситуации каде што имаат спасувачка дејност, затоа вие ги гледате кога има пожар или поплави, а некогаш се случува воен хеликоптер да биде активиран во зима каде што има строго јасно утврдена цел.
- Трето војската има огромен допринос во буџетот на РМ, најчесто од мисиите во кои учестува но за жал земаат многу малце пари и нивната модернизација е 0.
- Четврто војската не добива храна, професионалните војници и сите припадници на АРМ си носат храна од дома, освен кога се на стража (поготово кога се на граница на милост и немилост на времето, на милост и немилост на бегалците кои итоа како знаат да маваат и прават проблеми, со 3 конзерви храна и со тоа се благодарни...
) а тие што немаат служено воен рок не знаат колку комплицирано е тоа.
- Петто војникот одговара кривично со точно утврдени законски обврски ако се случи нешто на негова должност, одговорноста е премногу голема за ти вака неблагодарно да се изкажуваш на форум и јавни места.
- Шесто војниците имаат 8 часа обврски секој ден, почнуваќи од физичка работа па се до психичка.
Има уште многу работи кои треба да ги пишам, но не е темата за тоа. За својата работа војникот гарантира со својот живот покрај тоа има уште многу други работи кои ти и цивилното население не треба да ги знаат, ако мислиш дека е лесно пробај си ја среќата види како е, не да
без врска и да се мачкаш со нивеа кремче за да ти бидат помеки рачината пред спиење.
ПС. МО треба да има x3 буџет од овај што е сега за да функционира правилно.