Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
... апсолутно се сложувам, колку планини имаме со свои природни убавини ништо вложено во планинарските домови, зарем ај да речам една таму „мала колиба“ би одзело толку од буџетот на МКД?

1280px-Kajmak%C4%8Dalan%2C_od_1930.jpg


...што ако имало планинарски дом на Кајмакчалан изграден во подножјето на црвата нели, на наша страна, активен со луѓе во него, а со тоа и околината попристапна до планинарскиот дом како фотографијава од 1930 година за заклонување од невреме да речеме дали трагично починатите Калина и Александар ќе имале шанса да се спасат?

Има дом на Ниџе, го имаш во списокот подолу, се вика Скочивир и е поранешна караула на ЈНА и АРМ. Со него стопанисува П.Д. 18 Август од Скопје.
Уште нешто, не можеш да поставиш планинарски дом на место каде што немаш барем вода, струја и активен пристапен пат до него во текот на цела или скоро цела година. Електриката сега може да се реши на принцип на соларен колектор или генератор, ама како ќе ја однесеш нафтата и прехрамбените артикли до горе ако патот ти е осум-девет месеци затворен ??
За вода да не правиме муабет.
П.С.
Фотката ти е од грчка страна.


titov-vrv-3.jpg


...Планинарски дом “Титов врв“ на Шар Планина, толкава посетеност, никакво вложување!

Кулата на Титов Врв не е и никогаш не бил планинарски дом.
Сега за сега Аргентус Моунт инвестира нивни лични сретства и физичка сила за колку-толку да се приправи и да се користи како засолниште.
Помагаме колку што можеме, бидејќи сепак сме од ист град и добро соработуваме, ама споро оди. Чисто колку за инфо, до сега се пренесени шеснаесет прозори, врата, околу еден тон песок, од прилика толку вода, 300 кг цемент, скеле, а од ЕВН ни донираа сончев колектор со комплетна инсталација како и една скала на расклопување.
Ни остануваат да пренесеме уште барем три тони песок, околу тон цемент, 800 кг сретстви за изолација на кровот (донација од АДИНГ), панели за подот барем за првиот поставување на првиот спрат и уште многу-многу работи.
Многу работа, ама не се предаваме (Аргентус води, ние помагаме).


Jelak%2BSara.jpg


... опожарениот планинарски дом “Јелак“ од 2001 година на Шар Планина од конфликтот се уништиле три планинарски дома и до денес никој не поднел иницијатива да се обнови барем еден од нив со што една од најголемите планини на Балканот остана само со два планинарски дома...

Постои барање уште од 2006 година од страна на Трансверзалец за обнова на овој планинарски дом, уште нема никаква одлука по тоа барање. Инаку претходно овој планинарски дом беше во користење на П.С.Д. Трансверзалет и П.К. Тетекс.

Во тоа време Трансверзалец и можеа да најдат некои сретства за обнова за овој планинарски дом, сега веќе не можат.

Инаку сега и П.Е.Д. Ендорфин од Кичево земаа на користење училница во село Папрадиште и планираат да направат планинарски дом таму, проблем е што тешко се опремува тој објект. Бараа помош од АРМ во облик на кревети, ама не ги добија (Аргентус исто така бара помош од армијата за да се превезе дел од потребниот материјал за кулата на Титов Врв со помош на хеликоптер, ама освен ветувања, до сега нема никаква помош, повеќе помош добивме од ЕВН како донација и помош, отколку од армијата која сите ние ја плаќаме од нашите плати).
 
Кулата на Титов Врв не е и никогаш не бил планинарски дом.Сега за сега Аргентус Моунт инвестира нивни лични сретства и физичка сила за колку-толку да се приправи и да се користи како засолниште.Помагаме колку што можеме,
... но може да стане планинарски дом!

14494783_kamena-kula-titov-vrv-planinarski-dom.jpg


...секоја чест за планинарите!

14606532_kamena-kula-titov-vrv-planinarski-dom.jpg


... како така да државата не помага во ниеден сегмент? а знае да бара кривци кога се случува некоја трагедија баш на овие планински патеки !

14492572_kamena-kula-titov-vrv-planinarski-dom.jpg
 
Инаку, првата е моја фотографија, а втората и третата на Ѕвонко, сите во истиот ден фотнати. :D :D

Не може да биде планинарски дом, планинарски дом обезбедува комплетен сместувачки асортиман, спиење, храна и други активности. Кулата на Титов Врв може да биде само засолниште со можност евентуално за преспивање ако те фати лошо време и да си зготвиш чајче на плинско. :)
 
Последно уредено:
Во ред е, доста со ова веќе. Подосаден стануваш од Алмеида со неговите навреди кон Трансверзалец и Зоки.
Ај састај се, не препичувај. Навреди....

Ова за домовите што го пишувате...никој не се замара. Ете баш тој ФПСМ кој е „организирана“ форма или асоцијација на планинари со мал прст нема мрднато. Специфична работа е со планинарски дом што тој за да функционира мора да има постојана или сезонска покриеност со персонал. Барем еден домар. Сам, планинарски дом не функционира. Има низ државава домови и некои функционираат подобро, некои се прилично очајни. За мене добар пример е Вила Љуботен, Васе, не знам дали за викенди е таму, ама со најавување мислам дека нема проблем. Штета што патот не му го праат или можеби добро, па одат само планинари, а не е и комерцијален јебарник. Со добра работа мислам дека и ги исфорсира Љуботен да си го средат домот кој им беше крш, а е одма над Васе, поточно тој е најстариот планинарски дом на наша територија, ама и домарот знаеше да праи пијанки и хаос со музики (нешто што нема по домови по запад, може во Бугарија евентуално). Еден од подобрите исто е над Штип, мислам Вртешка дека се вика, луѓето со мерак си го одржуваат и да ти е мерак да отидеш. Некои ми биле помалку пријатни...Смрека на Шапка или Караџица над Алдинци (во вториов одамна не сум бил, не знам дали е нешто реновиран). Не е само да се каже - за дом треба луѓе. Бугарите (неќам да ги земам како пример, ама за жал) имаат многу, многу сериозни домови, а за тоа треба долго време градење култура - да си го однесеш семејството или друштвото на уредно, скромно присуство у природа - насекаде по свет е така, соби густо наредени со кревети, делење вц, поскромна храна исл. Планинарењето е култура, начин на живот - нешто со што луѓе се оплеменуваат. Сме делеле соби со пијандури што доаѓале со цели прасиња и гајби алкохол со кола до домот и ти се смеат на твојата храна која е у, да кажам, разумни количини.
 
Ај нека се лечат овие. Што имаат социјалните мрежи и нивните лажни профили (налози или ботови lololol) активно да ја попречуваат истрагата?
Истрагата ќе си се врши во Ворас, ќе си се врши лично со Трансверзалец и сите што биле на турата... нека не мешаат баби и жаби.
Па уште кој колку заработувал пишале, политички примери... лол.
Ај састај се, не препичувај.
У реду је со зборовиве.
 
@Trpe Grozni Имам праено муабет со Зија за кулата (мислам Зија дека беше). Многу го ценам тоа што го прават, ама им реков и тогаш дека кулата мора структурално да се зајакне. Многу долго е изложена на веројатно најлошите временски услови во целата држава - константен ветер, громови, мраз...дури и мислам дека на посилен ветер се осеќа тресењето внатре. Ок е шо ќе се спречи вода и мраз, ама треба и некој трегер, греда...нешто...
Да не ја носиме темава у друг правец...најдобра позиција за дом имаше тој на Лешница шо го изгореа учкарите во 2001-ва и не заживеа после. Батали ја бијонси и нејзиниве инфантилни постови, спремна е да коментира и трансплантација на мозок, само да се најде у муабет. Кулата на Титов врв единствено може да биде заклон. Нема ни димензии, ни вода за да сместиш луѓе.
 
За мене добар пример е Вила Љуботен, Васе, не знам дали за викенди е таму, ама со најавување мислам дека нема проблем. Штета што патот не му го праат или можеби добро, па одат само планинари, а не е и комерцијален јебарник.

Вила Љуботен не е планинарски дом, туку приватен угостителски објект. Затоа и некои „планинари“ се бунеа поради високите цени кај него, иако вредат секој денар. За останатото си потполно во право. :)

Almeida напиша:
Со добра работа мислам дека и ги исфорсира Љуботен да си го средат домот кој им беше крш, а е одма над Васе, поточно тој е најстариот планинарски дом на наша територија, ама и домарот знаеше да праи пијанки и хаос со музики (нешто што нема по домови по запад, може во Бугарија евентуално).

Тргнаа со реновирање, ама сеуште се заглавени. Тешко се наоѓаат сретства, ама гураат и тие колку што можат.
П.С.
Домарот беше уапсен од истите оние со кои славеше и лумпуваше горе.

Almeida напиша:
за тоа треба долго време градење култура.......

.......Планинарењето е култура, начин на живот - нешто со што луѓе се оплеменуваат.

Многу, многу битни реченици, нешто што за жал сега за сега многу ни недостига. Тоа би требала да е една од работите на кои клубовите треба да работаат, а тоа би се постигнало со омасовување на планинарствот баш преку помасивни акции (не се сите акции створени да бидат масовни).

Не знам дали го гледавте Здравко Дејановиќ на последниот „КОД“, мислам единственото нешто што навистина вредеше. Кога некој поискусен ќе ти каже нешто, послушај го, можеби не знае се, ама сигурно има повеќе искуство од тебе. (не мислам на тебе @Almeida ).
 
Последно уредено:
@Trpe Grozni Имам праено муабет со Зија за кулата (мислам Зија дека беше). Многу го ценам тоа што го прават, ама им реков и тогаш дека кулата мора структурално да се зајакне. Многу долго е изложена на веројатно најлошите временски услови во целата држава - константен ветер, громови, мраз...дури и мислам дека на посилен ветер се осеќа тресењето внатре. Ок е шо ќе се спречи вода и мраз, ама треба и некој трегер, греда...нешто...
Да не ја носиме темава у друг правец...најдобра позиција за дом имаше тој на Лешница шо го изгореа учкарите во 2001-ва и не заживеа после. Батали ја бијонси и нејзиниве инфантилни постови, спремна е да коментира и трансплантација на мозок, само да се најде у муабет. Кулата на Титов врв единствено може да биде заклон. Нема ни димензии, ни вода за да сместиш луѓе.

Се сложуваме, ама нема пари за целосно реновирање на истата. До сега федерација им има исплатено околу 1000 евра (сега скоро се исплатени), сето останато до сега е или од донации или од сопствени сретства на членовите на П.Е.Д: Аргентус (да Зија се вика човекот. :) )

Што се однесува до Лешница, таму имаше три објекта и нити еден не беше планинарски дом, Првиот објект беше полициска станица, вториот беше на шумското претпријатие Лешница, додека третиот беше риболовен дом.
Да бидам искрен, пробавме со здружението на риболовците да најдеме заеднички јазик околу обновата на нивниот дом и користење како риболовно-планинарски дом, ама и нив им фалат документи, така да без тоа не можеме да направиме ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom