Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Вистината е таа, Калина има вина за својата и смртта на Александар. Тоа е тоа. Срам да им на сите што преќутуваат, ебате експертите.
Во ред е, доста со ова веќе. Подосаден стануваш од Алмеида со неговите навреди кон Трансверзалец и Зоки.
 
Jas koga go predloziv toa, me baniraa. Tolku postovi i detektivi, i na kraj sepak nisto
А, што очекуваш друго? Има модератори и кој да одлучи дали темата ќе биде заклучена или не. Ако ви се дискутира, дискутирајте во спротивно одлогирајте се.
 
Vidlivosta bila 100-150 metri.
Ugrinovski rece na taa vidlivost avionite bez problem sletuvale na aerodrom. I sto poveke? Uslovite bile planinski i idealni.

И треба да веруваме на се што ќе каже Угриновски ? Далеку биле идеални условите, доволно е да го видиш видеото на еден до тие што искачувале. И пази ова видео веројатно е уште од самиот старт на искачувањето со оглед дека има и ликови кои немаат баш добра опрема, можеш да замислиш какво била состојбата уште погоре
... погрешно цитираш, ова не е мој коментар !
 
Последно уредено:
Не ми е јасен Угриновски, на секое прашање одговара со контра прашање полно со ароганција, само го тера соговорникот да се повлече. Епа такви луѓе ни се авторитети, упм. Овој човек нема тронка сочувство или визија, само ароганција. Им предавал прва помош, ова му било трет мандат, бил претседател на повеќе балкански земји... да, за да има кој да одговара на новинарски прашања кога ќе се случи некоја несреќа (пошто само за тоа и го бива, односи со јавност, или како да изгледа дека си професионалец, а појма да немаш).
 
Не ми е јасен Угриновски, на секое прашање одговара со контра прашање полно со ароганција, само го тера соговорникот да се повлече.
Иако е таков, за некои работи имаше право. Генерички прашања поставуваше мисирката Жежова. И Жежова почна со голема грешка, се збуни малку самата и не се поправи, а на овој толку му требаше.
Тоа може да се забележи уште од почетокот на 3та минута, каде Жежова вели дека извештајот од Трансверзалец не се совпаѓал со извештајот од скијачкиот центар и потенцира на тоа дека „директорот на скијачкиот центар имал информација дека планинарите во 11:30 биле исчезнати“. Ова секако не е точно.
 
Де живти младоста стави линк од законот од кој ги имаш направено скриншотовите ?
Линкот што си го ставила е од Закон за измена и дополнување на Законот за банки...
Pod br. 6 citaj.[DOUBLEPOST=1519515423][/DOUBLEPOST]
http://www.sobranie.mk/pisarnica/..\WBStorage\Files\Pisarnica\Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност.doc

http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-planinski-pateki-05-09-2013.doc

Не читаш една страна до крај, а не цел Закон затоа и направив скриншот.
 
Последно уредено од модератор:
Народот нема леб да јаде, патишта никаква, БОЛНИЦИ НИКАКВИ, ДОКТОРИ НЕМАМЕ, НОВИ ФАБРИКИ НЕМА, УЧИЛИШТАТА СЕ РУШАТ ОД НЕОДРЖУВАЊЕ, вие се фативте за планинарски домови, тоа другари спаѓа во ХОБИ, а не во ПРИОРИТЕТ.
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: До кај оди човековата глупост.

пријателе си згрешил темата или си зел погрешни очила
 
ти држи вода ова што го напиша, колку непотребни трошоци се прават , еве на пример министриве што се шеткараат по европа, делегацииве што јадат на наша сметка, па и сега последново со табливе за аеродромов што се менуваат (цирка 50 илјади еу мин) мислиш елдорадо е ова париве од бунар ги вадат... рачунај да се дадеа по 10 илјади еу на 10 планинарски клуба за средување на домовите оваа година, па уште по 10 илјади на други клубови наредна год па понатака да се направеа уште барем 3 нови планинарски домови ( по 30 000 еу ) тоа се некаде ебани 300 000 еу за 3 год, колку споменик или дваесеттина безвезни субвенции за спотови на партиски квазипеачи
Шеткарање на пратеници, шеткарање на директори на агенции, расфрлање за џипови и лимузини на премиери, министри, градоначалници, расфрлање на пари за споменици, расфрлање на пари најново за тргање на споменици, организација на геј паради, инвестиции во песни и што уште не, да ги собериш овие има пари да направиш домови од кристали на на секое ридче во држава.[DOUBLEPOST=1519542329][/DOUBLEPOST]
Иако е таков, за некои работи имаше право. Генерички прашања поставуваше мисирката Жежова. И Жежова почна со голема грешка, се збуни малку самата и не се поправи, а на овој толку му требаше.
Тоа може да се забележи уште од почетокот на 3та минута, каде Жежова вели дека извештајот од Трансверзалец не се совпаѓал со извештајот од скијачкиот центар и потенцира на тоа дека „директорот на скијачкиот центар имал информација дека планинарите во 11:30 биле исчезнати“. Ова секако не е точно.
Жежова само такви прашања може да поставува тоа е проблемот, онаа може да интервјуира само деца до четврто одделение со прашања од типот „која учителка ти е поубава, класната или таа по Англиски“ и што е потрагично не е ни свесна дека се збунила, гледаш дека трча како прле пред магарица, мисли дека ако го каже тоа што го наумила ќе и ракоплеска цел свет, водителката од ТВ24 иста приказна. Таму немаше кој да ја води емисијата, двајцата планинари што беа доведени исто се вртеа во круг, особено тој со црното како и да се викаше, пола од муабетот ни сам не се разбра што кажа.
Е се ова го сети Угриновски и ги вртеше цела емисија како што сака, поинтелигентен е човекот од сите што беа околу него, па си одигра онака како што му одговара него, да беше во емисија кај некој асален новинар, ќе беше сигурно поинаку.
 
Последно уредено:
Иако е таков, за некои работи имаше право. Генерички прашања поставуваше мисирката Жежова. И Жежова почна со голема грешка, се збуни малку самата и не се поправи, а на овој толку му требаше.
Тоа може да се забележи уште од почетокот на 3та минута, каде Жежова вели дека извештајот од Трансверзалец не се совпаѓал со извештајот од скијачкиот центар и потенцира на тоа дека „директорот на скијачкиот центар имал информација дека планинарите во 11:30 биле исчезнати“. Ова секако не е точно.
Типична жена во емисија, нормално дека и она немаше аргументи на кои стриктно ќе се држи до крај, туку ќе напаѓа дур ѝ се може, и после ќе заборави на своите првични аргументи. Стварно имаше недоследности меѓу двата извештаи, кои и она, и другата новинарка, требаше да ги знаат напамет и на сон.
И освен тие прашања, да постават и други клучни прашања во врска со тоа што све може да се поправи, а Е во надлежност на федерацијата.Требало и тоа да го знаат на сон, што све е под палка на федерацијата, за да се постават правите прашања, макар и хипотетички.
Зошто со таков арогантен самобендисан претседател може само и хипотетички прашања да се поставуваат, тој секако ќе најде соодветен одговор во кој он ќе биде 'херојот". Него го интересираат ситуацииве само од аспект на тоа колку него може некој да го обвинува за ова. Затоа што он си е центар на светот, не го интересира него реално да се подобрат состојбите. Секогаш за него ќе биде оправдување дека планинарите не биле доволно психо - физички спремни, а не што некој дозволува и недоволно спремните да одат на такви релации. Не сфаќа дека ланецот е онолку силен колку што е и најслабата негова алка. Значи стварно не е релевантно дали он искачил планини и колку, а он мисли дека за тоа е дискусијата. Релевантно во ситуацијава е колку искачиле најмалку спремните планинари кои биле на оваа или било која акција.
 
Реално, ни еден од гостите, па ни водителката, не можеа да му парираат на Угриновски. Оној што седеше до Угриновски, ни самиот не знаеше што сака да каже, а не па некој друг да го разбере.
Цела емисија пробуваа одговорноста за смртта да ја префрлат само на водичот. Да, одговорност треба да сноси за сите пропусти, ама не и за смртта. Во моментот кога се одвоиле од групата, цела одговорност на водичот завршува. И да не се одржела турата, да ги послушале надлежните од ски-центарот, никој не гарантира дека истиве што сега се одвиле немало да тргнат на своја рака, како и сега што направиле.
И Угриновски колку и да звучеше сурово кога кажа дека Зоки успејал 52-3 (не ми текнува бројот) да ги врати безбедно доле беше во право. Сите што го послушале биле безбедо вратени. Со ова не треба да се намали одговорноста која треба да ја сноси Зоки, затоа што не мора да се случи некоја трагедија за некој да одговра. Сепак, со своите постапки ги ставил во опасност животите на планинарите, пред се поради лошата проценка на временските услови и поради тоа што понел со себе планинари без потребната опрема (иако во извештајот стои дека имале, а видеото покажува друго).
 
Оваа Жежова е тешка мисирка. Ја не би и дал овци да води. Овој до Угриновски е врвна глуперда, со најверојатно прв настап во емисија, и ги кажа сите паметни зборови кои ги знае, за да изгледа дека знае што зборува и е паметен. Требаше да го остават дечково планинар нешто повеќе да каже.
Ова беше натпревар на надуеното его на Угриновски со глупоќата на овие двајца.
 
Народот нема леб да јаде, патишта никаква, БОЛНИЦИ НИКАКВИ, ДОКТОРИ НЕМАМЕ, НОВИ ФАБРИКИ НЕМА, УЧИЛИШТАТА СЕ РУШАТ ОД НЕОДРЖУВАЊЕ, вие се фативте за планинарски домови, тоа другари спаѓа во ХОБИ, а не во ПРИОРИТЕТ.
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: До кај оди човековата глупост.

Убаво дадов предлог СИТЕ НАДВОР И КЛУЧ ДА СЕ СТАВИ.. Админе дај послушај ме.

За планинарски домови кои може со малку пари да се средат нема ама битно има за спонзоририрање на лгбт паради, деца кои пеат за учк, членови на аек кои трошат по 600 евра дневно за службени патувања и трошоци а и да си ги покачат ионака високите хонорари што ги зимаат гледајки го македонскиот стандард. А тука комотно може да ги спомнеме и градоначалниците на општини низ Македонија кои во својот мандат купуваат луксузни возила од 50к+ илјади евра наместо некоја скромна варијанта
 
И по Снеже Лупеска испадна дека главниот проблем во државата е што Трансверзалец не издава фискални сметки за акции каде што нема заработка.
Е Снеже Снеже, едно време беше дури и новинарка.

А да, екипата на ДСЗ од Битола (знам дел од луѓето и тие вредат, колку да се разбереме), ќе стигнела до летната караула со две моторни санки, а останатите десет до дванаесет души ќе дошле со турно скии.
А до местото на настанот би стигнале за три дена, од прилика.
Кај се оние два часа од изјавата на потпаролот (или што и да беше) на ДСЗ ???
 
I jas toa prokomentirav,rabotava ispadna batali decava sto zaginaa,tuku kako bez fiskalni smetki i bez turisticki vodici bile turive. Sekoj si ja vlece vodata nakaj svoja vodenica. Slednata zimska tura pokani nekoj od vodicive sto filozofiraat na tv,i fakaj im seir
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom