27 Февруари Протестен Марш за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Persey
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ко демек утре да го добиеме името Македонија се ќе се смени на подобро
досега фиром бевме па тоа не ни подобри ниту влоши нешто
реални проблеми кои директно влијаат на стандардот и животот на граѓаните треба да се решат

Ти сериозно сметаш дека било кој во Владата го интересира стандардот и животот на граѓаните на Македонија?
Си видел какви одлуки има оваа влада
за законот за ДДВ
за зголемување на прагот за пензионирање
за вртоглавото задолжување
за фијаското со законот за стечајци со кој и нивната симпатизерка Лиле Георгиевска остана без социјален надомест
за Зона трико - Виница, Веибо Груп - Крива Паланка, Фени - Кавадарци, Еурокомпозит - Прилеп и бог знае уште колку други такви а не смеат да кажат дека со месеци не земаат плати

Сакал некој да признае или не оваа влада не е ништо освен алатка инсталирана на криминоген начин од албанскиот елемент во државава
 
Тврдокорни протестираат да не се мења името.
Мислат дека власта е спремна да го смени името?
 
Ти сериозно сметаш дека било кој во Владата го интересира стандардот и животот на граѓаните на Македонија?
Си видел какви одлуки има оваа влада
за законот за ДДВ
за зголемување на прагот за пензионирање
за вртоглавото задолжување
за фијаското со законот за стечајци со кој и нивната симпатизерка Лиле Георгиевска остана без социјален надомест
за Зона трико - Виница, Веибо Груп - Крива Паланка, Фени - Кавадарци, Еурокомпозит - Прилеп и бог знае уште колку други такви а не смеат да кажат дека со месеци не земаат плати

Сакал некој да признае или не оваа влада не е ништо освен алатка инсталирана на криминоген начин од албанскиот елемент во државава

Сега наеднаш од протест околу името ова станува протест против владата. :icon_lol: Независни сте како ГДОМ.
 
Генерално секој протест кој се одржува, е протест против влада или против нејзината политика на некој начин...
 
Генерално со вакви тактики ќе поминат на протестот како боси по трње. Се тргнува со некоја обединувачка за идека за прекин на преговорите за името, и потоа следи пензионирањето, ддвето и слични тракатанци за долу влада.

Циркус се.
 
Генерално со вакви тактики ќе поминат на протестот како боси по трње.
Може, не викам не...ама генерално сите протести во државава поминале како боси по трње, пошто и оние кои успеале да направат некави промени, уствари не направиле промени поголеми од курто-мурто транзиција, вклучувајќи ја и шарената револуција.
 
Сега наеднаш од протест околу името ова станува протест против владата. :icon_lol: Независни сте како ГДОМ.
Јас им верувам на Тврдокорни дека за името протестираат.
Името не е сменето, но тие насетија дека владата е спремна да го смени и протестираат, исто како што масовно протестираа веднаш по 16-ти мај '15-та (по објавувањето на 33-тата бомба), кога лично од уста на власта слушнавме дека веќе се согласиле на ново име.
 
Може, не викам не...ама генерално сите протести во државава поминале како боси по трње, пошто и оние кои успеале да направат некави промени, уствари не направиле промени поголеми од курто-мурто транзиција, вклучувајќи ја и шарената револуција.

Шарената револуција го направи најголемиот преврат во кратката политичка историја на Македонија. Ја турна владата на Гвујо која изгледаше за век и веков.
 
Точно така,.... го турна Грујо, ама Груевизмот го практицира..
 
Шарената револуција го направи најголемиот преврат во кратката политичка историја на Македонија. Ја турна владата на Гвујо која изгледаше за век и веков.

За сега истите револуционери да викаат дека народот бил критикувал, за некој што 11 години ќутел на предходната власт
 
Шарената револуција го направи најголемиот преврат во кратката политичка историја на Македонија. Ја турна владата на Гвујо која изгледаше за век и веков.

Грујо прво се турна самиот себеси кога почна целата таа банда без исаф да си бута по џебовите
Потоа тотално го обезличи оној што му ги даде бомбите на Заев (најверојатно САД)
Трето албанските криминогени структури кога оценија дека подобро ќе заработат со Заев него ли Груевски

Дефинитивно не го турнаа деликвенти кои беа платени со 1 500 000 денари од СДСМ да се однесуваат ко хулигани низ цел град.
Знаеш дека во фондот на шарените сеуште има 700 000 денари кои ги користат за отплаќање на судски казни од нивниот вандализам?
 
Ми паѓа жал за некои бивши и сеуште присутни и амбициозни членови на форумов, толку време се мачеа и сега после режимот успеаја/успеваат да се снајдат во животот...

Поради нив се двоумам дали да излезам на протести...
 
Мислам дека ќе нема сендвичи, џабе ќе одиш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom