Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Ako nekoj clen od nasava ekspedicija bil prisuten na toj moment na obid za izvlekuvanje najdobro ke kaze sto se desilo. I ima i nema logika. Koj ne osetil nevreme na planina noke ne znae kakva lamja e, a od druga strana veke koga spustile remen veruvam deka imale i drugi opcii za obid za spasuvanje. Stranska zemja se drzat do protokoli, ne se site ko nas emocii da vodat, od site proceduri se izleguva za da se spasi covek.

Па ти кажаа дека и тие немаат специјално обучен тим на ниво на оние што ги имаат земји како Швајцарија, Канада, Австрија, Германија.

Pred nekolku godini pilot na helihopter vo Srbija poleta po nevreme da spasi dete, se srusija site. Ne go razbiram momentot koga se povlekle zaminale znaejci deka zad sebe ostavaat dve mladi dusi, ama sigurno imaat nekoe objasnuvanje. Zosto od nasive nekoj ne se ponudil da se spusti?
Според ова ќе му опростеше ти ако пробаа и загинеше уште некој од спасувачите?
Сигурно пробале и не било безбедно да се спуштат и тие се луѓе и гарантирам дека ги измачува совест ако нешто можат, а не направат, особено кога се работи за да се спаси живот.
Едноставно некогаш понеодговорно е да ризикуваш да загине уште некој, отколку да кренеш раце и да се повлечеш, а според локацијата каде што ги нашле и карпите што ги ставија на изминативе страни, во темница со магла и силен ветер голема е веројатноста дека ќе загинел уште некој ако се спуштел да ги вади.
Дури и да имало некој од нашите зошто сметаш дека бил во можност да се спушти и да ги спасува?
Како прво тешко да е обучен за такво спасување, како второ нема да му дозволат службите кои се задолжени за спасување, како трето цел ден премрзнати и изморени прашање е дали можеле да стојат на нозе, а не да спасуваат некој.
Не за џабе на филмови и на многу реклами ви пишуваат „не пробувајте да го направите дома“, од фотелја може да направиме секакви стратегии и да ги извадиме сите можни комбинации, ама во реална ситуација прашање дали ќе ти текне како се викаш, а не да мудруваш.
 
те молам не ми ги извртувај зборовите и прочитај што напишав под 1.

јас сум убеден дека има уште милион причини што не ги знаеме...
греота за мртвите сега да се препуцаваме што и како...

има мн несредени работи во оваа наша вукојебина, така е и со планинарските тури..., така е со газење пешаци на црвено светло, така е со умирање на трудници и новороденчиња... the list goes on...

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Апсолутно истото го зборам уште од првиот ден. Сакам да ти кажам дека се работи за луѓе без осет. Џабе правилник, џабе закон. И свесни се дека ќе пројдат без одговорност - ќе видиш. Ќе пројде како лична одлука.
 
Ај експерти некој да ми објасни зошто Угриновски сите го гледаат како крив за настанот ?
Што е тоа што Угриновски или Федерацијата пропуштиле да го направат па се криви за нешто ?
Глеам тоа од вчера како таа планинарската новинарка хистеризира и ми иде да и врзам 2-3 шамари...
Требал Угриновски да оди пред секоја планинарска тура и да брои колку искусни/многу искусни и неискусни планинари има на еден водач ?
Дали Федерацијата дава дозвола за одржување на тура ?

Ајде има нели тука експерти со милион години планинарско искуство па бујрум нека ми објасни што е тоа што Угриновски како претседател на Федерацијата го згрешил или пропуштил да го преземе, а бил должен да го стори тоа ?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Абе на крај сегде ќе најдете вина и зошто Ниџе е толку стрмна да и ебам мајката ќе биде работава. Ама од реалноста и вистината секогаш бегате пошто е болна за жал. Калина е водич. Калина била свесна при поаѓање за временските услови. Калина како водич од грците била известена да не тргаат. Калина била опомената да се врати. Калина продолжила. Калина скршнала од групата. Ама не, Угриновски не работи ко што треба, жив е ај ќе му ебеме мајката. У реду е.
 
После смртта на двајца спортисти вината сеуште неможеме да ја знаеме...Но по она што го видов на телевизија, изјавите на телевизија на Федерацијата и емисијата на 24 Вести - Ми се блуе од кој народ овде егзистира.. И се разбира сочуство до фамилијата..

https://www.youtube.com/watch?v=e3S091GWYww видете го видеото за федерацијата но битен момент е на 1:04 минута( двајца загинати дечки) тие зборат за имиџ на дестинација и имиџот на некое друштво или професија. Констатација - овај тип ваљда и сите до него се психопати и треба да одговарате.

Во емисијата на 24 Вести на 52:47 минута - (Игор ако така се вика? скроз лево) на сугестија дека се издават дозволи на шала и дека треба да се среди,организира федерацијата - Угриновски му вели како ќе створиме зимски планинари(лиценци).... Моја констатација- Еве вака ќе ги ризикувате животите на 50 души. А онај другиот младиот без кичма или муда.

Ми е криво што во државава овие луѓе се на високи позииции и одлучуваат за судбината на цела држава.

#Фрапиран кај живеам бе јејјјјјјј


Уште еднаш со извинување до засегнатите фамилии.
 
Апсолутно истото го зборам уште од првиот ден. Сакам да ти кажам дека се работи за луѓе без осет. Џабе правилник, џабе закон. И свесни се дека ќе пројдат без одговорност - ќе видиш. Ќе пројде како лична одлука.
Извини што те цитирам пак, последен пат ќе ми е во оваа тема. Сакав само да кажам дека тоа и било лична одлука, нели ако ти не ме послушаш мене тоа е твоја лична одлука, јас не те присилив да не ме слушаш. Така и ова.
 
Во емисијата на 24 Вести на 52:47 минута - (Игор ако така се вика? скроз лево) на сугестија дека се издават дозволи на шала и дека треба да се среди,организира федерацијата - Угриновски му вели како ќе створиме зимски планинари(лиценци).... Моја констатација- Еве вака ќе ги ризикувате животите на 50 души. А онај другиот младиот без кичма или муда.
Абе ти било пуштено, ама не си глеал изглеа...
Муабетот меѓу двајцата, кога Угриновски кажа „како иначе ќе создадеме зимски водичи“, беше зошто Федерацијата претходно не издала забрана за одржување на зимски тури, т.е. зошто до сега немало никогаш ваква забрана, на што одговорот на Угриновски беше „а како иначе ќе создадеме зимски водичи ако се забранат зимските тури“.
Зошто еве и ти го глеаш Угриновски како виновник, објасни ми зошто тој баш или зошто Федерацијата е виновна у приказнава ?
Што е тоа што го направиле погрешно или што е тоа што биле должни да го сторат, а не го сториле ?

Или еве друго прашање. Федерацијата ете издала забрана за зимски тури до 21 март. Како може Федерацијата да ја изврши таа одлука ?
Што ако некој организира тура меѓу утре и 21 март ?
Федерацијата пак ќе биде и за тоа крива ?
Или треба да иде кај претседателот на здружението што ќе ја прекрши забраната и да го шине од мавање ?
 
Кога на социјалните мрежи ќе прочитам коментари од типот: Не можам да се помирам со тоа како и зошто ги оставија да умрат, а можеа да ги спасат. Двојно убиство, сакаме правда.

Да бе спасувачите и водачите намерно ги оставиле да умрат и по 22 часот виделе, дека се откачил појасот и ај кој ќе се замара и си заминале од местото.
Сериозно има такви што мислат дека кога ги лоцирале можеле да дојдат до нив, а не се симнале долу да и помогнат o_O
Може погрешиле со утрврдување на смрт кај Калина без физички контакт, може имала срцев удар, бавно работење на срцето со кое изгледа дека не е жива, ама пак не можеле да пристапат и да и помогнат. Ако имаше услови сигурно неколку спасувачи ќе беа спуштени.

Тие следниот ден 3 часа ги извлекувале, а не пак вечерта.

Сите планинари кои по наредба продолжиле по друг пат, точно знаеле што прават и какви се временските услови. Некој што веќе бил на тоа место те среќава на пола пат ти наредува да не одиш, а ти формираш помала група и продолжуваш епа сега...
 
Ја гледав дебатата од синоќа и има неколку работи кои ми бодат очи.

Прво, го почитувам Угриновски како човек и доктор меѓутоа воопшто нема право за тоа што го зборува и апла се гледа дека цел му е да се огради од сопствената одговорност (како претседател на ПФСМ) а потоа и да ја оправда грешката на водичот кој и покрај лошите услови и препораки решил да не се откаже турата.

Да, искачувањето директно не довело до смрт на Александар и Калина (бидејќи 7 члената група самоиницијативно продолжила) ама индиректно и тоа како влијаело бидејќи доколку не тргнале немало ни да дојде до моментот на делење на групите.
Не сакам, не можам и нема да судам дали има кривична одговорност. За тоа има кој да суди.

Второ (и многу значајно) тоа што го кажа и Игор Смилев на самата емисија. Тој и нивното друштво препорачале за викендот во кој се случи несреќата да не се организираат зимски тури бидејќи временската прогноза за секаде на Балканот беше неповолна.
ПФСМ исто онака како што после оваа несреќа забрани организирање на планинарски тури до 21 март (не знам дали важи само за Трансверзалец или за сите друштва) можеше и МОРАШЕ да апелира на истото. Впрочем тоа е и нејзина обврска како Федерација и Угриновски е свесен за тоа.
Па уште и тоа дека зимски водичи се "прават" во вакви услови :facepalm:

Трето, иако се труди да укаже дека правилникот е само проформа и насоки за зголемена безбедност која не мора да се почитува во пракса (рака на срце ретко кое друштво и го практикува во целост) на сите ни е јасно дека не е и не треба да биде така.
Впрочем зошто некој би полагал лиценца за водич и би трошел време на обуки и пари доколку нема потреба од такво нешто? И на крајот од денот доколку нема потреба од стрикно почитување на правила и насоки тогаш зошто воопшто постои и што е функцијата на ФПСМ?

Четврто, за оние 2 часа што се изгубени при првичното барање а за кои најголем дел од луѓето велат дека биле клучни. Да не се лажеме ниту едно друштво не повикува спасувачка служба веднаш штом забележи дека фали член туку најпрво самите го бараат па доколку не го најдат ги повикуваат спасувачите.

Овде според мене проблем е што најпрво ги барале обични пожарникари (надлежни служби од ски центарот) а предоцна се алармирани специјалните единици од Солун кои пристигнале дури во 20 часот (од страна на водичот е пријавено во 13 часот + 3 часа пат = 16 часот).
Така што можеби тука е направена главната грешка (имало повеќе) која довела до тоа да не бидат порано пронајдени и спасени.
Само се разбира дека не очекувам од раководителот на ски центарот да го признае тоа исто како што Угриновски не празнава дека е хаос кај нас и дека ваквите трагедии за жал се само прашање на време па наместо Федерацијата да се зафати со работа се турка македонското, префрли вина кај други и терај додека можеш.

А за тоа зашто од 7 члената група се издвоиле само тие 2-ца ние веројатно никогаш нема да дознаеме. Ама штом е отворена истрага тогаш веројатно нивните семејства ќе дознаат.
Само што за жал тоа нема да им биде никаква утеха и нема да смени ништо за нив.

Од сето ова барем да се извлече никаква поука за да не се повтори.
 
значи настрана од емисијава, на планинарска тура се оди на сопствена одговорност, барем ја на тие тури што сум бил од клубот секогаш беше наведено дека секој си оди на сопствена одговорност.Тоа не значи дека клубот треба да остави секој сам да прави што сака но водичот не може со сила да те рашамара и да ти каже дали да одиш со него или не, но јасно беше наведено што да земеме, колкава е рутата ,тежина на рутата, времетраење од прилика и сл. Исто можам да забележам голема несериозност од многу планинари (имаше некои и се качуваа по трактори да ги донесат нагоре, и што некој да паднеше и да загине?? водичот ќе беше крив, си правеа паузи на своја одговорност итн итн). Конкретно за случајов,доколку се утврди дека калина и александар на сопствена одговорност се качиле нагоре а биле опоменати од водичот на турата ,тогаш јасно е дека водичот нема одговорност. Затоа Угриновски добро кажа,прво да се заврши истрагата од јавно обвинителство да се утврди што и како се случувало па после ќе се излегува со судови
 
Сите си носат вина тоа е неспорно.Но ако сум јас на чело на организацијата ќе носам вина доколу се случи несреќа независно дали сум присутен или не(значи одговарам за стандардот како се издаваат лиценци ,на кого и тн. пред се сум морално одговорен Точка.

Како ќе создадеме зимски планинари односно со зимски лиценци - со ставање во ризик 50 души(Нон сенс и кривично се одговара за пример).

Федерацијата дава насоки, изготвува правилници но исто еве и обрски- издава забрана едноставно е што значи дека тури(профитен или непрофитен карактер) кои ги прават организациите се забрануваат.

Јас и ти на своја рака можеме да одиме на своја рака каде сакаш...
 
12744637_10154019687364828_5771946359084357635_n.jpg


...мислев дека е фотомонтажа, се уште не ми се верува дека жена со штикли во сукња со хулахопки со ташна и торба за на пазар може да го стори ова по вакво снежно време на врв на Кајмкачалан!
 
Некои од тука бранејќи го Москито толку забегаа што почнаа да ги бранат и грчките служби.
Значи недозволиво е да се остави човек да умре од спасувачките служби. НЕДОЗВОЛИВО! Јас сеуште мислам дека има факти што не ги знаеме и дека кога, тогаш, ќе испливаат на површина. А пола од оние што мудруваат дека те ладно било, те ноќе било, те опасно било, те боцкал снегот по лицето,... сигурен сум дека немаат прошетано низ парк навечер.
А за Угриновски нема што да коментирам. Самиот си ја скимна маската во последната емисија.
 
Gce4fSKYmS-ova-e-poslednata-fotografija-sto-ja-napravila-kalina-velevska-na-kajmakcalan.jpeg


...тешка ситуација и многу нелогичности во искази, но сепак мислам дека клучот за разврска би требало да го има никој друг освен дечкото на трагично починатата планинарка Калина - Дејан !
п.с.
мене ми е сличен да не речам ист ракопис на сите запишани, посебно првите три со име и презиме со сигурност би рекла дека е напишано од една рака!
 
Последно уредено:
А за сите вие што зборите „одговорна е Федерацијата“ ќе објасни некој зошто е одговорна баш Федерацијата или сите произволно ќе филозофирате ?
Го читам статутот на ФПСМ и здружение на граѓани е. Како може здружение на граѓани да биде одговорно за состојбите со планинарството во Македонија или како може здружение на граѓани да биде одговорно за тура која ја организира друг ?
Ако тој правилник е само интерен, т.е. нема Закон што вика „така и така ќе се казни планинарското здружение кое спротивно на правилникот за организирање на планинарска тура, ќе организира, иницира или спроведе планинарска тура. Правилникот го донесува надлежната федерација.“, тогаш целата приказна за непочитување на некаков си правилник не е кривично дело зошто неговото почитување е на доброволна основа на членките.
Истото и со тоа „летен/зимски водич“. Ако нема закон кај што се вика „летна/зимска тура може да спроведе само водич со соодветна валидна лиценца издадена од надлежната федерација. Надлежната федерација ги пропишува условите и постапката за издавање на соодветна лиценца“, тогаш целиот муабет за водичи е moo point, ко шо би рекол Џои...

Затоа, нека се најде јунак кој ќе каже дека не сум во право поради тоа што во тој и тој закон е регулирано тоа и тоа или ќе објасни ради тоа и тоа е одговорна баш федерацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom