T
Terroir
Гостин
Да на Лозар Велес мислам, слушав дека имале комплетен нов тим и главен енолог од Италија затоа ме интересираше што вина имаат (ги немам сретнато до сега)Посебен народ си се они, јебига, горди на своите винаМногу од нив се доста традиционални и конзервативни во поглед на винарството, за нив иноксот не доаѓа во предвид, потсеќа на индустрија, а они се убедени дека француските вина не се индустриски. Сеуште чуваат и ферментираат вина во бетонски цистерни, мада тоа во последниве години наголемо се враќа во светот, нормално со право.
На Лозар Велес ли мислиш? Има вина на Лозар, бар јас ги имам видено во локален маркет во Охрид, не се евтини околу 320 денари им беше цената на нивните вина, мада, чисто како за проба, не очекувај многу, затоа што познавајќи го газдата на Лозар и ситуацијата таму, не би рекол дека произведуваат некакви високо квалитетни вина.
Инаку баш и они мислам дека имаат бетонски цистерни