А, од која причина една планинска земја нема ГСС? Нема доволно финансии? Нема доволно стручни лица? Или е нешто сосема трето?Во суштина водичите и не би требало да учествуваат во извлекување, бидејќи за тоа би требало да постои ГСС со опрема и обука баш за тоа. Ние би можеле да бидеме само логистика во такви операции.
Тоа што кај нас ГСС не функционира, тоа е сосема друг проблем кај нас.
Инаку се трудам да посетувам што повеќе обуки, иако не ми се задолжителни. И зимава бев на обуката што ја организираше Макпетрол за движење во зимски услови.