Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Така е последниве години изгледа во сите професии кај што има лиценца, мораш да одиш на семинари и да збираш бодови за обнова, кај лекариве барем знам дека е така.

Мене ова со лиценца за летна и зимска тура ми е малку смешно, како да споредуваш книга по анатомија од медицински со етика од педагошки.
Циривири и Угриновски се како ќекан и наковална. Тој е на Македонска планинска Асоцијација а Угриновски на Планинарската федерација .Тоа е војска и паравојска. Едни даваат едни лиценци а кај другите не важат. Македонскиот раздор и тука постои. Точно дека ова беа спасителни екиои на скијачки центар кои се состојат опд ратрак или санка[DOUBLEPOST=1519113809][/DOUBLEPOST]
Ovde ima poveke nivoa na odgovornost:
1.Zosto vopsto pri losi vremenski uslovi ima ekspedicija
2.Zosto ne e prekinata kompletno a ne samo za 22
3.Zosto ne e pocituvana naredbata tie 7 dusi da ne se kacuvaat na vrv(ako imala takva naredba)
4.Zosto ne ostanale vo grupa site 7 dushi t.e dozvolile da se razdvojat
5.Zosto ne e reagirano odma do spasuvacki tim
6.I dali spasuvackiot tim dal se od sebe materijalno i covecki za da se spasat.
Па требаше Зоран да ги натепа[DOUBLEPOST=1519113996][/DOUBLEPOST]
Мене ме интересира кој е тој или таа агенција/институција што издава лиценци за водич? Кај се полагаат тие тестови?
едни дава Македонската планинарска асоцијација под претседателство наК.Циривири, а другата Федерацијата на планинарски спортови под претседателсво на др.Ј. Угриновски. Едни со други не сакаат да се видат[DOUBLEPOST=1519114189][/DOUBLEPOST]
Катастрофа!!! Случајов е еден од оние каде ама баш се се прави спротивно од тоа што треба.

Како можеле грчките спасители да го остават Александар (па и Калина) кога се откачил а знаеле точно каде е?

Па зошто тогаш постојат специјални единици кои се обучени такму за вакви услови? Не дека теренот е глечер на Анапурна па не може да се спуштат на карпа од 15 метри.
Токму затоа било кој од учесниците или организаторите (а посебно тие кои се познавале лично со нивните семејства) МОРАЛЕ да ги известат нашите служби и семејствата на исчезнатите (па макар тоа било и во 15 часот кога се вратиле од првото пребарување со ратрак).

Кога Грците ги пронашле вечерта во 22 часот сигурен сум дека доколку постоела координација со нашата страна потрагата не би била прекината и телата оставени и буквално осудени на смрт.

И друго, како е можно вакви работи да се пропуштени во извештајот од страна на ФПС???
Сега станува уште позначаен делот кој е (не)намерно пропуштен а тоа е што се случувало со групата од 7 члена после искачувањето на врвот.
Скијачкиот центар немал ни антени дса ги лоцира, а располагал само со ратрак за повредени скијачи. Времето не дозволувало. Александар касно се јавил на 112 . На тој број најлесно се лоцира[DOUBLEPOST=1519114503][/DOUBLEPOST]
Александар бил жив, а за Калина не било сигурно
Дали е направено сѐ за спасување на Калина и Александар? И во грчкиот полициски документ и во извештајот на Планинарската федерација постојат многу недоречености и дупки во временската рамка додека траеле пронаоѓањето и обидот за спасување на двајцата планинари. Стануваат очигледни пропустите во протоколите за спасување што довеле до фатални последици. Се придржувале ли планинарите на „Трансверзалец“ и водичот на турата до правилата за пронаоѓање и спасување изгубен планинар? Постојат ли вакви правила и кој ги пропишува? Зошто се непотребно потрошени првите два часа од моментот кога планинарите утврдиле дека им фалат двајца членови? Зошто грчките специјалци ги оставиле Калина и Алексадар цела ноќ на Кајмакчалан кога знаеле дека тој е жив, а за неа имале само претпоставка дека „веројатно“ веќе е почината, односно дека не покажува „знаци на живот и на чувствителност“?
На овие и на други прашања, специјалната екипа на „Нова Македонија“ ќе ги бара одговорите наредните денови за да дојде до вистината за трагичниот настан.


19022018162637_main_04.jpg


Падината од грчка страна е лесна за качување




19022018162834_main_web-1.jpg

Фото: Дарко Андоновски
Местото каде што спасувачите ги извлекуваа телата на Калина и Александар[DOUBLEPOST=1519066131][/DOUBLEPOST]Уште онаа Југослава Дуковска ги испофали Грците биле професионални , ма мрш таму , ова е невиден аматеризам !!!
Значи на 200-300м до црквата премакостурниците[DOUBLEPOST=1519115406][/DOUBLEPOST]
Напишано од некој кој знае колку јас и ти што знаеме.

Инаку кога сме кај нашите служби за спасување, мора да знаете една работа за тоа. Ние немаме специјализирани служби са спасување.
Кај нас тоа го работи полицијата и тоа само затоа што се нашла некоја дупка во законот како помош на цивилното население за да можат тие да интервенираат и тоа само на домашен терен.
ФПСМ би требало да има своја ГСС која би дејствувала по планините, ама законски не ни е дозволено да спасуваме.
Црвениот крст исто така би требало да има своја служба за спасување, ама и тие не законски не смеат да ја вршат работата.
ДСЗ исто така може да има такви единици (номинално има, ама не во реалноста) иако тие би требало да се само координатори во вакви случаеви.
Постојат и војни единици кои можат да се искористат за спасување, ама тие не смеат да дејстуваат додека не е прогласена вонредна состојба, така да не дај боже да се случи нешто поозбилно кај нас, не знаеш кој смее и дали некој ќе те спаси.

Кај нас е прав хаос околу тоа прашање и немаме единствена ГСС.
За жал.
Така да оставете ги нашите непостоечки служби по ова прашање.
А дали знаете каков е патото ако дојдат од македонска страна? Колку процедури и потписи треба за да се покрени хеликоптерот[DOUBLEPOST=1519115588][/DOUBLEPOST]
И да иделе, ќе требало само со хеликоптер. Таму имало страшно невреме, со силен ветер, и силни врнежи од снег. Ризикот е голем, но имало теорија и за тоа.
можеше и хеликоптер да се сруши по тоа невреме
 
Последно уредено:
Pregledaj si dobro koj kogo prvo citiral. Ne se pravi vazen ne e ni mesto ni vreme. I ne se filmaj nikoj ne te narece sorosoid???nitu eden moj komentar ne e so politicka konotacija. ZBORUVAME ZA GUBENJE NA DVA MLADI ZIVOTI. Sekoj komentar treba da e poucen za idnina za sekogo. Se vkluciv na temata zatoa sto funkcioniranjeto i medjunarodnite protokoli na GSS mi semnogu dobro poznati.
Ја одма приметив дека ти се добро познати меѓународните протоколи, затоа те молам не го лишувај светот од твоето искуство и знаење :)
 
Не е точно, се нафаќаат заради тоа што сега има хајп за случајов, и сите рипаат на вагонот иначе ги заболе и Нова Македонија, и сите други - се што сакаат е нивната покриеност на случајот да им донесе посети, и популарност. Па уште свака им част, лоооол.
Им се најде материјал на новинарите за пошување
 
Според сликите од врвот што беа постирани тука со поглед од Грчка и поглед од Македонска страна, ме занима од некој што бил на врвот, дали за да дојдеш до карпите каде што ги пронашле од Македонска страна, можеш со заобиколување од десно или лево од врвот ? Бидејќи ако може тогаш зошто спасувачите не завртиле така а доколку не е можно тогаш како и воопшто двајцата стиганле до таму освен ако не паднале?
Инаку за моментот на губење најмногу одговори можат да дадат останатите 5 души и радио и телфонските разговори кои биле правени.
Иако на сликата се гледа дека има пат ама по него се доаѓа само до првите карпи и не може да се зобиколи тој дел, затоа што патот продлжува надолу и кога има снег не се познаваат трагите. Не знаеш каде има карпа, не знаеш каде може да пропаднеш или да се излизгаш надолу. И веќе е изјавено дека ги пронајдоа на места кои претходниот ден не беа достапни. Не сакале да ризикуваат со симнување и пробале со појас.

Пример

Untitled.jpg 26868064_144976932867189_210482762195402752_n.jpg
 
Имаше инфо уште првите ден-два дека било пријавено од грчката полиција на нашите во Битола, ноќта во 3 саат ама им било кажано дека се лоцирани, па затоа и немаше никаква акција од наша страна.
За откажувањето на грчките спасувачи. Не е како тука што се претставува, демек се скинало јажето па овие си отишле одма. Колку што ми текнува пишуваше дека, откако се откачил Александар, паднал многу подлабоко, а по неуспесните обиди за да го лоцираат каде е, ја откажале акцијата. На Код вцера кажаа дека вечерта невремето било уште пострашно од дента и дека видливоста пандала под 1 метар.
имало видливост помала од 1 метар а знаеле дека паднал многу далеку и констатирале дека не можеле да го спасат. има логика НЕ !!!
 
1. Има грешки во преводот (инаку „појас“ е широк ремен)

Алпинистички појас не е широк ремен, тоа е нешто многу-многу повеќе.

2. Грчките служби заслужуваат медал (пред малку тврдеше, сега одиш кон „може да значи“)

И понатаму стојам на тоа дека заслужуваат медал, и да ги извлечеа живи веројатно ќе го добиеја.

3. Во условите немало шанси за спасување

Затоа и ја прекинале акцијата.

4. Барале мајка и ќерка, останатите муабети се „глупости“

Да. тоа беа првичните информации, и што е проблемот ??

5. Калина за прв пат била на теренот

Да, не знаев дека била 2015 година, кога дознав си го признав тоа.
И ??

Разбирам лоши временски услови , ама не е тоа Монт Еверест ...

По сликите се гледа дека не се далеку од црквата и самите отишле под карпа за да се засолнат .
Грчките служби биле информирани во 14:30 , а до 19 часот само дечкото од Калина и водачот Зоран со ратрак ги барале . Прв пат професионалните служби ги лоцирале во 22 часот . Значи никаде не се спомнува кога пристигнале специјалците , но по она од извештајот на нашиот сојуз испаѓа дека тоа било најрано после 19 часот . Тоа укажува дека грчките служби не реагирале правовремено колку и да овде некои ги бранат .

По информацијата потрагата грчките служби ја превзеле во 18 часот, кога се вратиле нашите со ратраците. Кога точно ги лоцирале погинатите, не знам.

Не поставив јас :) само кажав дека од сликите може да се добие таква претстава дека може да се заобиколи, има баш на 21 страна слики каде што стварно изгледа како воопшто да нема стрмнина од страна, што нормално не треба да значи дека во условите какви што биле можело да се заобиколува

Да се разбереме, не биле во подножјето на карпите, туку баш на карпата. Инаку Ачко не би пропаднал уште десетина-петнаесет метри по обидот за спасување.

имало видливост помала од 1 метар а знаеле дека паднал многу далеку и констатирале дека не можеле да го спасат. има логика НЕ !!!

Ова за еден метар видловост е форумска шпекулација, во извештајот кажуваат дека видливоста се влошила во текот на спасувањето.
 
По информацијата потрагата грчките служби ја превзеле во 18 часот, кога се вратиле нашите со ратраците. Кога точно ги лоцирале погинатите, не знам.

Никаде нема во кое време потрагата ја презеле специјалните спасувачки служби . Каде го прочита тоа ?
Ги нашле во 22 часот .[DOUBLEPOST=1519125553][/DOUBLEPOST]13,10 часот, два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага.

Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14,30. По нивното враќање во центарот Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува претрага на терен каде што се претпоставува дека има карпа.

17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во Ски центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува се до 19 часот.[DOUBLEPOST=1519125631][/DOUBLEPOST]Специјалните грчки служби НИКАДЕ ги нема во овој период , иако е алармирано уште во 14 30
 
Последно уредено:
Никаде нема во кое време потрагата ја презеле специјалните спасувачки служби . Каде го прочита тоа ?
Ги нашле во 22 часот .

Грчките спасувачки служби излегле на терен откако нашиве (од Трансферзалец) ја завршиле потрагата со ратраците. Во 18 по наше, односно 19 по Грчко време. Дотогаш се барало само со екипи од ски-центарот, потоа излегуваат и специјалните спасувачки служби. Можно е да било и после 20 навечер, односно откако Александар побарал помош на 112. Ги нашле во 22 часот, зашто во тие услови сигурно не одела баш лесно и едноставно потрагата. Многу детали се’ уште не се баш јасни и целата ситуација е матна.
 
Ова за еден метар видловост е форумска шпекулација, во извештајот кажуваат дека видливоста се влошила во текот на спасувањето.
1. Како се извршило спасувањето, му фрлиле појас сам да се врзе или некој доле се спуштил и му помогнал ?
2. Ако некој доле се спуштил и му помогнал да го стави појасот дали значи дека он не ја осигурал жртвата како што треба и е грешка на спасувачот ?
3. Ако само му фрлиле појас и сам се врзал и откачил од непознати причини како констатирале дека Калина не дава знаци за живот со оглед на тоа дека биле заедно.
4. Откачувањето настанало поради кинење / пукање на дел од опремата или едноставно се откачила жртвата.

Не дилеми, трилеми има во врска со целата постапка околу спасувањето.
 
Последно уредено:
1. Како се извршило спасувањето, му фрлиле појас сам да се врзе или некој доле се спуштил и му помогнал ?
2. Ако некој доле се спуштил и му помогнал да го стави појасот дали значи дека он не ја осигурал жртвата како што треба и е грешка на спасувачот ?
3. Ако само му фрлиле појас и сам се врзал и откачил од непознати причини како констатирале дека Калина не дава знаци за живот со оглед на тоа дека биле заедно.
4. Откачувањето настанало поради кинење / пукање на дел од опремата или едноставно се откачила жртвата.

Не дилеми, трилеми има во врска со целата постапка околу спасувањето.

За жал не знам. Можна е и едната и другата опција, иако по мене најверојатно се работи за првата (ако била втората, двајцата би ги качиле истовремено или спасувачот би одел после спасуваниот), ама ова е само моја шпекулација, така да не го земајте здраво за готово.
 
За жал не знам. Можна е и едната и другата опција, иако по мене најверојатно се работи за првата (ако била втората, двајцата би ги качиле истовремено или спасувачот би одел после спасуваниот), ама ова е само моја шпекулација, така да не го земајте здраво за готово.
Па ако е првата опција како знаеле дека девојката не дава знаци на живот ( за да констатираш дали некој не дава знаци на живот треба физички да го провериш ) ? Целва работа е максимално заврзана и нешто се крие, нешто е згрешено и не е постапено како што треба и сега се шират 500 верзии кои дополнително фрлаат сомнежи. На крај да не испадне дека и двајцата биле живи ама не им се ризикувало на спасувачите да се симнат 5 метри ?
 
Колку што разбрав од извештаите, Александар бил на петнаесетина метри длабочина при обидот за спасување, а потоа пропаднал уште триесетина метри подолу.
За Калина немаше информација.
 
Дечки, каде може да ја најдам епизодата на КОД или се уште не е објавена на интернет?
 
Па ако е првата опција како знаеле дека девојката не дава знаци на живот ( за да констатираш дали некој не дава знаци на живот треба физички да го провериш ) ? Целва работа е максимално заврзана и нешто се крие, нешто е згрешено и не е постапено како што треба и сега се шират 500 верзии кои дополнително фрлаат сомнежи. На крај да не испадне дека и двајцата биле живи ама не им се ризикувало на спасувачите да се симнат 5 метри ?

Според грчкото барање за обдукција на телата, Калина не давала знаци на живот што веројатно значи дека не била свесна/контактибилна, па претпоставувале дека е веќе почината. Не тврдат во барањето дека била, само се воделе под претпоставка.

И не биле 5 метри, него 10-15 најмалку. Најверојатно не се симнал никој од нив, него само го спуштиле појасот и Александар сам се врзал. Зошто не се спуштил некој од нив откако се откачил појасот нема одговор, веројатно сметале дека е ризично и дека може и симнатиот да не може потоа да го извлечат. Веројатно резултатите од обдукцијата, а понатаму и истрагите ќе дадат повеќе одговори.

Дечки, каде може да ја најдам епизодата на КОД или се уште не е објавена на интернет?

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2072412879441960/?hc_location=ufi
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom