Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Неуспешна приказна: приватизација на железниците

МЖ транспорт со години се наоѓа во незавидна положба. Долговите на железницата веќе достигаат 80 милиони евра, вработените во декември го блокираа транспортот поради неисплатени плати од октомври (иако менаџментот има пари за авионски билети од 1,2 милиони денари), а веќе некое време во етерот се „шепоти“ за можна приватизација на железниците, како единствено трајно решенение на проблемите.

Вчера, ресорниот министер Горан Сугаревски, за ТВ24 и официјално изјави дека Владата размислува за приватизација на железниците, како едно од можните решенија за проблемите на претпријатие. Со приватизацијата се очекува дека ќе се намалат давачките на државата за оддржување на железниците, дека ќе се намалат цените на превозот поради конкуренцијата и дека ќе се зголеми ефикасноста поради мотивот за профит.

Нашата Влада не е прва која што размислувала на ваков начин. Ние веќе пишувавме за ефектот кој приватизацијата го има врз луѓето и економијата, па сега подетално ќе го разгледаме можното приватизирање на железниците, кое тогаш само го спомнавме.

Настрана познатата стратегија на приватизација на јавните добра за краткотрајно полнење на буџетот по која е позната СДСМ, конкретната приватизација на железниците е идеа која се спроведе во Велика Британија, како дел од пакетот неолиберлани реформи кои Маргарет Тачер ги спроведуваше (иако, самите железници беа приватизирани откако таа замина од својата позиција премиер, преговорите се започнати во нејзиното време). Со текот на времето, ваквиот потег се покажа како крајно неефикасен и крајно непопуларен кај јавноста.

Пред се, идеата дека давачките на државата за оддржување на железниците ќе се намалат се покажа крајно погрешна. Трошокот од 1 билион фунти кои Велика Британија го имаше во 1980-тите за железниците, во 2007 година веќе изнесуваше над 6 билиони фунти, овој пат во форма на субвенции кон приватните сопственици на железницата. Впрочем, порастот на ефикасноста се должеше токму на овие субвенции, а под пораст на ефикасноста мислиме на исполнување на стандардите за безбедност. Интересно е токму тоа што за исполнување на новите безбедносни стандарди наметнати од страна на Владата беа потрошени пари кои беа субвенционирани од страна на Владата. Потсетува многу на политиките кои се најавени од нашата Влада (како што е субвенционирање на приватните компании кои ја исплаќаат новата минимална плата).

А кога сме кај приватните сопственици на железницата, тие и не се така многубројни, за да се развие конкуренција која ефективно ќе ги намали цените на превозот. Причината за ова е многу едноставна: железниците се природен монопол и самите не трпат либерализација. Затоа денес железниците во Велика Британија се поседувани од 5-6 компании кои заедно соработуваат и не ги намалуваат цените на билетот.

Впрочем, тие не само што не ја намалуваат цената на билетот, туку и со додадениот мотив за профит, тие посегнаа по нејзино зголемување. Од 2010 до 2016 година, цената на билетот се покачила за 25%, додека неделната заработувачка на луѓето се покачила само за 12%. Брзината со која расте цената на билетот е двојно поголема од брзината со која растат платите на луѓето, а ефикасноста на железниците не се зголемува (патниците се жалат поради зголемено доцнење на возовите, нивната преполнетост, небезбедноста после контроверзниот судир во Хетфилд во кој четворица загинаа, а седумдесет луѓе беа повредени).

Во Велика Британија, откако приватизацијата на железниците се покажа како огромен неуспех, Лабуристите веќе размислуваат за нивна ренационализација. Ние треба да научиме, ако не од многуте приватизации во нашата земја кои се покажаа како крајно неефикасни, тогаш од оваа конкретна приватизација во Велика Британија, а од СДСМ, како партија која идеолошки треба да е поблиску до Лабуристите, а не до Конзервативците кои ги спроведуваа тие приватизации (партија што е идеолошки поблиску до ВМРО-ДПМНЕ), треба да очекуваме политики кои ќе се спротивстават на приватизирањето, а не обратното.

Еве веќе видено, напишав дека обидот за целосна дерегулација на жалезничкиот транспорт во една либерална демократија и пазарна економија како Велика Британија се покажа крајно неуспешен, после ова ако повторно се размислува кон ваков чекор кај нас, тоа ќе биде пред се од некадарност а и немање воља за сериозен пристап кон решавање на проблемот.
И плус некој сака приватно авионче да си купи или Ламборџини Мурчеалого од провизијата.

Нематеријалните придобивки од развојот на овој тип на сооб. под државна капа се огромни, и пак ќе има следните гарнитури на власт да крадат. Ако имаат малку од малку усул и а`кл, да не се друмски разбојници.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.421
Поени од реакции
4.332

Железницата кај нас секогаш ке биде една дупка која само ке продуцира загуби. Тоа е така затоа што целата работа се сведува само на една профитабилна линија а тоа е товарен воз од пристаништето во Солун до Скопје и понекогаш до Фени. Се друго е жив зијан. Патничките возови се возат празни и не верувам дека некој приватен ке се нафати да го одржува превозот на патници, да пушти воз на пример од Скопје до Гевгелија за 10-20 патници. Не гледам како државата би можела да ја реформира железницата и да ја направи профитабилна а не гледам и зошто би била интересна за некој приватник. Мислам дека железницата кај нас нема иднина, премногу скапо одржување а нема можност да истата ефективно се искористи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Власта ми е крива и сега, тоа што оваа као држава ја спомнав у постот нема никаква врска со одговорноста. Али ок разбирам, дрво без корен е заебан концепт кој не плаши сите, повеќе или помалце. Не се секирај јамајканецу наш, државата се губи со вакви постапки, а не со мењање на име.
Државата се губи кога народот ќе ја изгуби надежта во неа. А народот ја губи надежта во неа, кога тие на кого си полагал надеж те предадат... Се слагам дека (не)одговорноста на власта е таа што државата ја претвора во вукојебина, но одговорност бара и дава народот, барем во демократијата. А одговорноста не може да се бара од државата, туку од власта. Во тој контекст ми беше постот.

А што се однесува до името, државата се губи во оној момент кога ќе се смени нејзиното име... Од тогаш па натаму почнува да постои друга држава. Ти како граѓанин на кој не му е важно дали живее во Македонија или во држава со било какво име се додека е во ЕУ и НАТО, имаш избор од 20тина држави да го оствариш тоа твое демократско право. Мене како граѓанин на кој му е важно да живее во држава по име Македонија, ти инсистираш тоа демократско право да ми се укине.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.522
Поени од реакции
18.384
Џабе НАТО и ЕУ, кога сме гревови господови. Менталитетот- у главата секира, и цепај, мислиш работите сами од небо ќе паднат. Ене ги Хрватине жива мизерија, а сепак евроатлантски интегрирани. За Бугарите муабет да не правиме, не вредат.

Истата песна ќе се врти и тогаш и никој со прст нема да мрдне. Аргументите дека во ЕУ нема да смеат да роварат клептоманите се детски и наивни.
 
Чудно ама една работа која боде очи никој не ја зема во предвид. НАТО со оружје ја избори, а ЕУ безусловно подржува властелини на држава преку која се увезува и преработува хероинот, која ја водат ноторни криминалци и во која се вршеше трговија на органи. Дали мислиш дека тоа ЕУ и НАТО го прават онака ради демократија или ради лични интереси на некои си моќници ???

Многу веројатно е дека истите тие структури, дел од врвот на ЕУ и НАТО се длабоко вмешани во овој криминал, ако не и го водат истиот, а властелините на Косово се нивните егзекутори. Тоа што некој мисли дека криминалот ќе исчезне кога ќе влеземе во една таква криминална структура длабоко се лаже... Таа криминална структура и нивните езгекутори се извор на нашите маки...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.711
Поени од реакции
16.925
И сега која ти е врскава на муабетов со делото на Ивона? Ивона е во право оти Анте Марковиќ имал погрешна економска политика? Оти не му дадоја условна и човекот кој го спомнав а кој за 1/3 од сумата на Ивона, одлежа 3 години и го плати данокот со камата пресметана до денот на плаќањето?
не правдам никого, ама има разни форми на затајување данок... едно е класично неплаќање данок, друго е префрлување на (не)потребни работи во трошоци , па има и со донации ујдурми....( ќе донирам на мој човек)
Не одговори Вице наочарите од 60000$ на фирма ги купил или од приватни пари по оданочување ???
Не одговори што стана со ехМинистарот Димов , тој е осуден освен за незаконски вработувања во државна фирма и за затајување данок, избега ама нема ниту потерница ниту се праи ревизија на постапката, ете ако е политичка пресуда....
Зошто нема постапки за рамковните бизнисмени, таму нити фискална сметка постои ниту било што, мува не ги лазе..:mad:[DOUBLEPOST=1519117737][/DOUBLEPOST]

и не беше погрешна политиката на Анте Марковиќ... погрешна беше транзицијата која следуваше по распадот на ехЈу, си купија директорите фабрики за по 1 дојч марка, па имаше и луѓе кој земаа тајвански кредити и не ги вратија... и други дубари..
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.761
Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“

Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе.
Од ниту една институција не информираа дека има и други трудни малолетни девојчиња од истиот дом во кој беше сместена и 13-годишната Р.И. која абортираше пред неколку дена.
Стевчо Соколовски, директорот на установата каде што се згрижени деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, вчера поднесе оставка од морални причини. Од Основното јавно обвинителство и натаму молчат и не одговараат зошто досега не презеле никакво дејствие за да ги санкционираат насилниците, кога уредно ги добивале кривичните пријави од полицијата.
На ужасите во „25 Мај“ како да им нема крај. Вознемирувачките информации од таму говорат за тотално потфрлање на институциите, кои место да се грижат за децата што, или немаат родители или доаѓаат од дисфункционални семејства, се препуштени сами на себе, а сами, слаби и незаштитени се лесна мета за насилниците, криминалците и бездомниците.
Веста за уште две трудни девојчиња од „25 Мај“ ни ја потврдија и од Клиниката за гинекологија, каде што се води бременоста на децата.
„ Едното девојче за кое медиумите веќе пишуваа, како и уште едно друго, се 'затворени', односно бременоста им е прекината. Третото девојче има 17 години и не сака да абортира. Навистина, не би сакале да ги жигосаме тие деца со кои судбината грубо си поиграла. Да им ја видите само болката во очите... Од наша страна е направено сѐ прекинот на бременоста да биде изведен најпрофесионално за децата во иднина да немаат репродукциски проблем, кога веќе психолошки се оптоварени“, велат од Клиниката за гинекологија.
Во домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ се сместени околу 100 деца. Социјалните работници со кои контактиравме даваат спротивни информации што всушност се случува зад затворените врати во Чаир и во Маџари. „Во двата дома има соодветна програма што функционира со години. Децата посетуваат настава, во секое време имаат психо-социјална помош, најадени се, напиени и испрани. Воспитувачите си ја сакаат работата, стручни се и посветени. Но, условите се влошија кога двата дома се споија, машките и женските се измешаа, па се случува да спијат во исти спални, да користат исти тоалети, а не одвоено како порано, и кога во 'Ранка' ги сместија и бездомниците. Дел од нив ги уништија креветите, железните кревети ги продаваа како старо железо, им ја јадеа храната на децата и ги малтретираа“, тврдат социјални работници.
Други, пак, алармираат дека ситуацијата во домот „25 Мај“ е многу полоша отколку што се мисли или се знае во јавноста.
„Има постојано обиди за самоубиство, децата си ги сечат вените не можејќи да го издржат сето тоа што им се случува. Речиси секоја втора или трета ноќ доаѓа екипа на Итна помош за да реагира. Има голем број на исчезнувања, никој не води сметка кој и кога излегува, што прави и со кого. Нема контрола кој влегува, па затоа има случаи кога луѓе однадвор слободно си влегуваат и се изживуваат врз штитениците. Кадарот што работи е несоодветен, бидејќи дел од вработените работат нешто за што не се стручни, затоа што беше направена груба прераспределба на администрацијата. Платите на воспитувачите се добри за македонски услови, дури и над просекот, но ретко кој сака да работи во домот, па има недостиг на кадар“, појаснуваат наши соговорници.
Од Министерството за труд и социјална политика вчера одлучија да излезат со соопштение, а не да закажат прес-конференција на која би имале можност да одговорат на сите прашања од интерес за јавноста. Признаваат дека и последниот случај со бременоста на 13-годишното девојче ги покажал сите аномалии на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик.
„Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем, кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик. Во таа насока, Министерството интензивно работи на процесот на деинституционализација. До средината на 2018 година ќе почне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови. Оваа реформа ќе овозможи индивидуален пристап кон секое дете, подобра грижа и намалување на ризикот од вакви несакани настани“, соопштија од МТСП.
Комисијата што ја формираа утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на 13-годишното девојче. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето.
„Очекуваме МВР И ОЈО да преземат мерки во согласност со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата што ја злоупотребувале малолетната жртва“, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.
Секој ден се покомплицирано станува за #ДОЈДЕЖИВОТ и за децата штитеници за кои треба да се грижи државата.
Деца умираат на клиника, деца остануваат бремени, ние решаваме спор за име решаваме двојазичност, фрчат наместени тендери за шарените, шекерка купува кола за 200.000 евра и така натака пошто се друго ни цвета во државава. ДНУ ДНА
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.711
Поени од реакции
16.925
ФРОДЕМ предлага конфедерација со Турција

ете прочитале од моите коментари уназад 5-6 години што ги пишувам..
А нормално е ако веќе се праи Референдум за промена на името, идентитетот и Уставот , а мора, овој Устав не дозволува влез во војни сојузи ( НАТО), треба наеднаш да се стави и опција Конфедерација со Турција а задржување на името и идентитетот..

ама Референдумот нема овој ДИК и МВР да го водат, ДИК треба да биде под Опозицијата а и МВР, исто како за парламентарните избори 2016.. мегународни посматрачи ама и од нон ЕУ, Русија, Турција, Унгарија, Србија[DOUBLEPOST=1519118493][/DOUBLEPOST]
Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“

Секој ден се покомплицирано станува за #ДОЈДЕЖИВОТи за децата штитеници за кои треба да се грижи државата.
Деца умираат на клиника, деца остануваат бремени, ние решаваме спор за име решаваме двојазичност, фрчат наместени тендери за шарените, шекерка купува кола за 200.000 евра и така натака пошто се друго ни цвета во државава. ДНУ ДНА
дојде живот, има пораст на наталитет
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“

Секој ден се покомплицирано станува за #ДОЈДЕЖИВОТи за децата штитеници за кои треба да се грижи државата.
Деца умираат на клиника, деца остануваат бремени, ние решаваме спор за име решаваме двојазичност, фрчат наместени тендери за шарените, шекерка купува кола за 200.000 евра и така натака пошто се друго ни цвета во државава. ДНУ ДНА
Дно Дна е правилно, не Дну дна. Кај Дну дна е искористен падеж, на пример ако кажеш НА Дну Дна.

Ете така за српскиот јазик и падежите, а ова со девојчињата од домот 25 Мај мора да се расчисти и некој мора да оди во затвор оти мамето ќе им го ебам гадно. Директотор поднел оставка, ама ветар дупка не полни. Сите што знаеле за ова, и сите што учествувале МОРА да завршат во Идризово. Гадови.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Дно Дна е правилно, не Дну дна. Кај Дну дна е искористен падеж, на пример ако кажеш НА Дну Дна.

Етат така за српскиот јазик и падежите, а ова со девојчињата од домот 25 Мај мора да се расчисти и некој мора да оди во затвор оти мамето ќе им го ебам гадно. Директотор поднел оставка, ама ветар дупка не полни. Сите што знаеле за ова, и сите што учествувале МОРА да завршат во Идризово. Гадови.
Ја знам адвокатката која го води случајов и имаат целосна поддршка од министерката да го истуркаат ова до крај. Само што ова е гребнатинка од еден тежок организиран криминал кој стои зад случајов ама се со време ќе се дознае.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.865
Поени од реакции
10.358
И после се чуди човек како 500 години не рокале Турците. Како бе од сите баш Турција ја најдовте за конфедерации, згора на се "патриоти" ова да го пишуваат? Каква тема е ова побогу? Прадедо ми во гроб динамо ќе се стори од превртување ако го помислам тоа, не пак да го кажам. Со Грците и Бугарите сме милион пати поблиски без оглед на сите срања. Турција бе, незнаат од кај да почнат со Курди, ИСИС, Гуленисти, Ердоганисти, воени преврти, они федерација сакале со нив. Од друга страна, оптимално решение би било народов да го префрлиме таму, и така не сме способни за една паланка да управуваме не пак за држава. Да знаеа што држава направивме ни Ченто ни Делчев не ќе се замараа. Што ќе се замарат, ете ги по Турција плачат сега. Дај ја државата под концесија на саглам народ и ај у курац.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.421
Поени од реакции
4.332
не правдам никого, ама има разни форми на затајување данок... едно е класично неплаќање данок, друго е префрлување на (не)потребни работи во трошоци , па има и со донации ујдурми....( ќе донирам на мој човек)
Не одговори Вице наочарите од 60000$ на фирма ги купил или од приватни пари по оданочување ???
Не одговори што стана со ехМинистарот Димов , тој е осуден освен за незаконски вработувања во државна фирма и за затајување данок, избега ама нема ниту потерница ниту се праи ревизија на постапката, ете ако е политичка пресуда....
Зошто нема постапки за рамковните бизнисмени, таму нити фискална сметка постои ниту било што, мува не ги лазе..:mad:[DOUBLEPOST=1519117737][/DOUBLEPOST]
и не беше погрешна политиката на Анте Марковиќ... погрешна беше транзицијата која следуваше по распадот на ехЈу, си купија директорите фабрики за по 1 дојч марка, па имаше и луѓе кој земаа тајвански кредити и не ги вратија... и други дубари..
Димов треба да со одговара ако правел криминал. За негово гонење и апсење претходната власт имаше 11 години. Мислам дека го осудија ефективна казна затвор ама зошто не успеаја да го уапсат не ми е јасно. Мислам дека се спаси на истата финта како оној стечајниот управник што беше на топилницата во велес, му го заборавив името. Избега во Бугарија, Турција, Црна Гора.... битно за Димов имаше осудителна пресуда со ефективен затвор а зошто не го фатија треба да се прашат оние кои 11 години не успејаа тоа да го сторат, зошто 11 години немало потерница (или имало неуспешна)- незнам, треба да се прашат тие кои 11 години управуваа со државата.
На Вице наочарите незнам како му се купени а ако има криминал треба да си одговара и да си лежи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Дно Дна е правилно, не Дну дна. Кај Дну дна е искористен падеж, на пример ако кажеш НА Дну Дна.

Ете така за српскиот јазик и падежите, а ова со девојчињата од домот 25 Мај мора да се расчисти и некој мора да оди во затвор оти мамето ќе им го ебам гадно. Директотор поднел оставка, ама ветар дупка не полни. Сите што знаеле за ова, и сите што учествувале МОРА да завршат во Идризово. Гадови.
Ја знам адвокатката која го води случајов и имаат целосна поддршка од министерката да го истуркаат ова до крај. Само што ова е гребнатинка од еден тежок организиран криминал кој стои зад случајов ама се со време ќе се дознае.
Аха...

Исто како со бремените деца што шетаат и питаат по семафори со децении...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Аха...

Исто како со бремените деца што шетаат и питаат по семафори со децении...
Затоа и кажав дека стои тежок организиран криминал зад сево ова. Јасно е дека е голем замав во државава да очекуваш и дека некој ќе плати казна за брзо возење не па вакво нешто, скептик сум и јас ама мора да се почне од некаде, нема да можеме 30 години и уште 300 наредни да се занимаваме со имиња.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.711
Поени од реакции
16.925
И после се чуди човек како 500 години не рокале Турците. Како бе од сите баш Турција ја најдовте за конфедерации, згора на се "патриоти" ова да го пишуваат? Каква тема е ова побогу? Прадедо ми во гроб динамо ќе се стори од превртување ако го помислам тоа, не пак да го кажам. Со Грците и Бугарите сме милион пати поблиски без оглед на сите срања. Турција бе, незнаат од кај да почнат со Курди, ИСИС, Гуленисти, Ердоганисти, воени преврти, они федерација сакале со нив. Од друга страна, оптимално решение би било народов да го префрлиме таму, и така не сме способни за една паланка да управуваме не пак за држава. Да знаеа што држава направивме ни Ченто ни Делчев не ќе се замараа. Што ќе се замарат, ете ги по Турција плачат сега. Дај ја државата под концесија на саглам народ и ај у курац.
бевме под Турција 500+ години и го задржавме идентитетот, а комшиите ќе не асимилираат за 10-на години...па најголема галама во Грција дигат асимилираните македонци и доселените маџири од мала азија...
и не само тоа, убаво еден напише МПЦ нека побара од Ватикан да ни признае автокефалност, што му фали, исто е рисјанство, после ја направија вештачка поделба... а ионака во ЕУ мора да го смениш календарот, ете и Блгарија ( БПЦ) тера по нов календар
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom