Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
А наследничките на СФРJ дали уште постоjaт? Дали за нив нема да е уште поголем нокна мора?
Како да одбиваш да размислуваш. Уклучи малце мозок, не е страшно.
Добро бе човек, дали ти веруваш во тоа што си го напишал, па дете од 15 години да му дадеш ќе го изанализира ова што си го напишал и нема ни да се усуди да го напише иако не верува во тоа. А што е најтажно ти си цврсто убеден во ова што си го напишал.... Што ли ви даваат да јадете и пиете таму што сте толку заостанати....?

Еве...
Па според бугарското разузнаване и документи што сум постирал на форума от краja на 80-те години, нокна мора на СФРJ е можноста Бугариja да се зачлени во ЕУ и НАТО пред СФРJ.
Еве 30 години подоцна гледаме што се дешава. Како наjлошите сонове да стануват реалност.
Значи можеш да лажеш деца од 10 години кои вчера се испилиле, или ликови попут овие овде што се самопрогласени интелектуалци, а всушност се партиски потрчковци кои 2 грама немаат ниту пак ги интересира нешто повеќе од тоа што е потребно да се направи за да имаат навидум безгрижен живот, а дефакто се бескичмени робови кои ги слават своите робовладетели.
Вакво размислување во Бугарија во 80тите години, неможел ниту некој дисидент Турчин да размислува, а не пак да се направи дури и разузнавачка помисла дека Бугарија би можела да влезе во НАТО и ЕУ, вклучително и во друг универзум.....
 
Член од
17 февруари 2018
Мислења
11
Поени од реакции
6
А да те прашам, од тие 1000, колку гласале за живот?
Тие ич не ги жалам, малку им е, треба дома да им влезат и да ги тртат, и пак малку ќе им биде.
Лаком гз - трагедија.
За ова, целосно те поддржувам. Сепак, не гласале повеќе од половина. Проблемот е што сега покрај сувото, гори и суровото.
Ајде кажи кој закон е променет кој довел до тоа наполитанките да пропаднат.
Претходната влада ја донесе Веибо со план да се отвори производствен капацитет кој со тек на време ќе вработи неколку илјади граѓани од североисточниот плански регион. Во меѓувреме, сега отпуштените работеа во помала фабрика блиску градот. Веројатно, велам веројатно бидејќи не знам, на новата влада не и било приоритет да ја задржи фирмата и да отстрани евентуални проблеми.

Инспекции го затвориле со намера?
Ако да, тогаш постирај.
Ако не, значи фирмата работела лошо и колабирала.
Интересно е како фабриките работеле со профит последните 10 години, а затвориле пред неколку месеци.

Дека фабриките работеле лошо велеа и во деведесеттите, кога пола Македонија остана на улица.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Батали ова, врати се ти на проучување на готската архитектура, економијата ти е за нијанса послаба страна.
Таман за ск2024, ГТЦ има у Готика да го направиме.
Ај сеа иди пушти лифче у кладионица и не замарај.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
За ова, целосно те поддржувам. Сепак, не гласале повеќе од половина. Проблемот е што сега покрај сувото, гори и суровото.

Претходната влада ја донесе Веибо со план да се отвори производствен капацитет кој со тек на време ќе вработи неколку илјади граѓани од североисточниот плански регион. Во меѓувреме, сега отпуштените работеа во помала фабрика блиску градот. Веројатно, велам веројатно бидејќи не знам, на новата влада не и било приоритет да ја задржи фирмата и да отстрани евентуални проблеми.


Интересно е како фабриките работеле со профит последните 10 години, а затвориле пред неколку месеци.

Дека фабриките работеле лошо велеа и во деведесеттите, кога пола Македонија остана на улица.
Растур праеле фабриките, затоа цел град се исели.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Кои интелекти бе? Зоран преварантот од Лајонес? Маџунков? Солза? Тихомир возљубјавам тебе боже? Па 90% од овие од дома надвор не ги знаат, име ќе бранат ахахах. Трајче Николовски, стопанственик во пензија - кој е овој бе? :pos::pos::pos:

Апасиев, Камка и Горан едино ми бодат очи, кај се зацапале со вакви будали не знам, а ништо чудно и да им фалсификувале потпис.
ОК, чим го оспоруваш нивниот интелект, дај да видиме образложи што не чини и што не е точно во писанието....
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас и ти да се согласуваме? Ќе умре некое магаре.
Да, се согласувам, сериозно. Заев е очигледно одамна обработен, а ВМРО ДПМНЕ мора да не прави проблеми... Од изјавите насетувам дека се обработени да одмолчат, во најмала рака. А „тек“ ако треба уставни промени...[DOUBLEPOST=1518894870][/DOUBLEPOST]
Не ти кажав за никакви симпатизери, ако овие кои излегуваат на протести ЗА Македонија, а извикуваат ВМРО-ДПМНЕ и слобода за "патриотите", тогаш ова првото паѓа во вода.
Па, ако ВМРО ДПМНЕ не е за Македонија, кој е? Или.. кој бил?
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Да, се согласувам, сериозно. Заев е очигледно одамна обработен, а ВМРО ДПМНЕ мора да не прави проблеми... Од изјавите насетувам дека се обработени да одмолчат, во најмала рака. А „тек“ ако треба уставни промени...[DOUBLEPOST=1518894870][/DOUBLEPOST]
Па, ако ВМРО ДПМНЕ не е за Македонија, кој е? Или.. кој бил?
ВМРО без ДПМНЕ.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Додека Шилегов и куртон-сендвичот Васиљ сечат лента за нова автобуска постојка и организираат луда техно забава пред насобраните пензионери, Силјан Мицевски си лапнал 2.5 милиони евра за копање во РЕК, односно двојно повеќе отколку што треба. Без тендер, зделка склучена во четири очи.

Копање во РЕК Битола - милионски зделки со старо нови партнери!
„Пелистер“ на Силјан Мицевски доби уште еден тендер во РЕК Битола вреден 2,5 милиони евра, иако лани во мај за истата работа понуди двојно помалку. Експертите предупредуваат од смислено сценарио за пумпање државни пари!

Цената која ќе ја добие за својата работа од државата изнесува 87 денари за гигаџул, или двојно поскапо во однос на цената која ја имаше „Трансмет“ од 44 денари, пред да се откаже од овој тендер.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Растур праеле фабриките, затоа цел град се исели.
Така е, најдобро ништо да не се отвора.[DOUBLEPOST=1518895528][/DOUBLEPOST]
ВМРО без ДПМНЕ.
ВМРО без ДПМНЕ според Крсте Мисирков се Бугари, ако си ја читал „За македонЦките работи“. И сега? Кои се нашите?
Едит:
К. Мисирков:
„Нишчо подобно немат. Организациiата iет тесно врзана со Бугариiа. Шумот од организационото движеiн'е отпрво се дигна во самата Бугариiа. Тоа покажа, коi наi много iет заинтересуан во Македонцкото движеiн'е, за тоа пренесоа центрот негов во Македониiа, и напраиiа ушче iеден цел ред фокуси, за да се покажит, оти брканицата iет од натре и iет самородно iавуаiн'е. Но кого излажаа со тоiа маневр? Не iет ли iасно, како бел ден, оти брканицата iет тесно врзана со Бугариiа, со бугарцкото име и со бугарцките пари?

Ке речите, оти народо iет напраил наi големи пожртвуваiн'а во полза на движен'ето. Тоа iет така, но не требит да се забораат, оти организаторите на движеiн'ето во поекето случаи беа чиновници, екзархиiцки. Се разбират само от себе, оти они со своiето участиiе во револ'уциони работи идеа во разрез со интересите на екзархиiата; но при се тоа, они беа бугарцки чиновници.

И така револ'уциониiо комитет беше чисто македонцка организациiа по произлез и по состаот му, но тоа беше само работа на iедна част од iедна од македонцките нацiоналности, врзана по име и ло црковно-сколиiцките работи со бугарцкиiо народ и држаа и нивните интереси. Тоiа комитет, во сашност македонцки, за надворешниiо свет и за рисiаните во Македониiа не екзархисти, беше комитет бугарцки.

Комитето не можа да докажит ни на надворешниiо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не iет бугарцки.“
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Најдобро воопшто и да не преговараме, нека седнат на маса Бугарија и Грција нека се договорат кое име им одговара да ни го стават и готово :rolleyes:
Што знаете вие за бугарскио став, а? Еден бугарски преговарач би предложил укинувањето на било какви "поранешни" и особено на "југословенски" - да остане само името "Република Македонија", како и полното разкинување со југословенското наследство - демографско-имиграционите наноси, менталното (самопонижувачката перцепција у Македонците) и т.н. Мада се сумнјам дека за многу ваши пораншни југословени еден ваков бугарскиот став би бил премногу радикален...
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Така е, најдобро ништо да не се отвора.[DOUBLEPOST=1518895528][/DOUBLEPOST]
ВМРО без ДПМНЕ според Крсте Мисирков се Бугари, ако си ја читал „За македонЦките работи“. И сега? Кои се нашите?
ВМРО како организација која дејствувала против Турците, се после тоа не е ВМРО.
А во денешно време тоа е партија која го злоупотребува името и зад неа стојат само профитери т.е крвници на сопствениот народ.
Дејството на организацијата ВМРО е завршено многу многу одамна.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
ВМРО како организација која дејствувала против Турците, се после тоа не е ВМРО.
А во денешно време тоа е партија која го злоупотребува името и зад неа стојат само профитери т.е крвници на сопствениот народ.
Дејството на организацијата ВМРО е завршено многу многу одамна.
Да не се мачиш, ти издвоив дел од книгата на Мисирков. 1903 г. е издадена книгата. А ВМРО за волја на вистината е во време на Тодор Александров, Ванчо Михајлов... во време на Гоце, Даме.. била ТМОРО, МРО.. Ти за Александров си? Или за Михаилов?
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Што знаете вие за бугарскио став, а? Еден бугарски преговарач би предложил укинувањето на било какви "поранешни" и особено на "југословенски" - да остане само името "Република Македонија", како и полното разкинување со југословенското наследство - демографско-имиграционите наноси, менталното (самопонижувачката перцепција у Македонците) и т.н. Мада се сумнјам дека за многу ваши пораншни југословени еден ваков бугарскиот став би бил премногу радикален...
Па најголемите Југословени сега се новоБугари, не знам од каде го извади заклучоков.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Да не се мачиш, ти издвоив дел од книгата на Мисирков. 1903 г. е издадена книгата. А ВМРО за волја на вистината е во време на Тодор Александров, Ванчо Михајлов... во време на Гоце, Даме.. била ТМОРО, МРО.. Ти за Александров си? Или за Михаилов?
Имало предавници, како вие што нарекувате, македонче ко македонче од времето самото си наштетува.
Ама организацијата според идеологијата дејствувала за ослободување на Македонија, самото име на партијата датира за такво време, и не му е местото за 21 век.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.719
Поени од реакции
16.936
А „тек“ ако треба уставни промени...[DOUBLEPOST=1518894870][/DOUBLEPOST]
Па, ако ВМРО ДПМНЕ не е за Македонија, кој е? Или.. кој бил?
имаше уставни промени, наместо сонцето вентилаторот ??
Најголема глупост сега беше губењето време со Блгарија...Потребно беше уште во ноември веднаш да се расчисти со Грција ама и со ЕУ и УСА; ако веќе ни дадеа написмено дека мора уставни промени, тогаш ПРВО РЕФЕРЕНДУМ со 4 точки :
1- промена на име , идентитет, јазик, устав, а за влез во Нато и препорака за ЕУ
2 - промена на уставот и стапување во конфедерација со Турција со кое стануваме дел од Нато но за внатрешна употреба ни останува и идентитетот и јазикот, слично како во ехЈу
3- слично и прашање за стапување во федерација со Блгарија а со што влегуваме и во Нато и во ЕУ а за внатрешна употреба ни останува јазикот а и идентитетот
4- НЕменување на уставот, отфрлување на концептот за влез во НАТО по секоја цена, прогласување воена неутралност, поголемо економско поврзување со Турција,Србија, Кина , Русија
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
ВМРО како организација која дејствувала против Турците, се после тоа не е ВМРО.
А во денешно време тоа е партија која го злоупотребува името и зад неа стојат само профитери т.е крвници на сопствениот народ.
Дејството на организацијата ВМРО е завршено многу многу одамна.
Значи се исти како овие од СДС профитери.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Имало предавници, како вие што нарекувате, македонче ко македонче од времето самото си наштетува.
Ама организацијата според идеологијата дејствувала за ослободување на Македонија, самото име на партијата датира за такво време, и не му е местото за 21 век.
Значи, Гоце, Даме,.... се предавници. Според Мисирков и она што ти го заклучуваш. Или Мисирков е предавник. Можеш ли тоа да го пообјасниш? Кое е твоето видување?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom