Постои врска меѓу ОТО и масонеријата, и тоа континуирана. Постои тесна врска меѓу темпларите, розенкројцерите и масонеријата, меѓу древните окултни (херметички, езотерични) учења и пракса, особено во повисоките степени на шкотскиот ред како и на
регуларни масонски редови надвор од САД и Европа. Општо земено, масонеријата ги става "под капа" сите овие пракси втемелени на херметичниот принцип
as above, so below кој ги открива паралелите меѓу устројството на универзумот и природата која не опкружува, а богами и општеството (ова
д-р Рафајловски одлично го објаснува во претходно постираното интервју, за оние што имаат уши да слушнат и очи да видат). Во масонеријата ќе најдете многу специјалисти по астрологија, отварање портали во паралелни универзуми, магика, итн. -- овие индивидуи се експерти во овие дициплини не затоа што се масони, него затоа што членуваат во тајни окултни друштва. Шо се вика, таа им е заеднички именител во организациона смисла на свецко ниво. Секако, ова све е строго контролирано и достапно само на иницираните членови, и тоа не на сите, него како кој напредува во степените на друштвото (а со тоа и заслужува повеќе инфо и се оспособува за специфична пракса). Е сеа, има и масонска "пешадија" -- плаќачи на членарина во "плави ложи" кои се живи среќни што се членови на ова лепо друштво. Овие пешадинциве (и мајстори, и чираци, и калфи) абер немаат ни од езотерија ни бутур. Нив ги занима да се умрежат и да ќарат од членството (што секако е спротивно на блескавите идеали на масонеријата, ама у секое друштво (дури и во масонеријата као најбоље од сите) има такви опортунисти. Ова инфо го споделувам за општо добро и поцелосна информираност, наспроти неколку флагрантни обиди за посегање по мојот живот и лична безбедност.