Македонија не се знаеше дали ќе постои во 1994 и 1995, бе. Од земјите во Западен Балкан, Македонија заедно со Хрватска имаше најдобри шанси за влез во ЕУ и НАТО во периодот 2004 и 2005 година. Проблемот за Македонија тогаш како и сега беше името, а за Хрватска меѓународниот трибунал. Во 2004 и 2005 год. за Романија и Бугарија беше извесно дека наскоро ќе станат членки, Словенија во 2004 стана членка на ЕУ и НАТО. По 12 години, РМ од земја лидер во Западен Балкан во ЕУ и НАТО интеграциите, стана последна. Дури и Србија која беше далеку зад Македонија на тој пат и која дооолго време беше третирана како лепрозна од меѓународната, ги отпочна преговорите за влез во ЕУ и затвора поглавја, како и Црна Гора, која стана независна држава во 2006 година.
Не ми јасно што мајка бараш на оваа тема кога од авион се гледа дека абер немаш ниту во Македонија ниту во регионот што се случува. Нема потреба да им ја вреѓаш интелигенцијата на луѓево тука со глупости. Пред многу време си фатил магла од Македонија и не разбирам која е твојата потреба во туѓи проблеми да се мешаш. Гледај си ги своите проблеми таму каде што си, РМ не е твој проблем. Толку едноставно е.