Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
До пред некое време ги презирав србоманите,гркоманите и бугарофилоте.Ми беше чудно како некој може да го предава својот народ.Но после последниве случувања почнав да ги разбирам.Едноставно не вреди да се бориш за овој народ.Би ми било мило само таквите предавници како Заев да бидат убиени во тешка смрт а не да го гледам како го прави народот будала при здрава свест.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Од дијаспората се очекува да е ултрапатриотска, да фрла пари без повраток и да не очекува ништо и да иде за избори макар се и оддалечени 10000км од Македонија. А од друга страна самите Македонци во државата 27 години по ред гласаат антипатриотски партии кои ја уништија државата. Исто така непатриотски им се подсмеваат на дијаспорците и им негираат секакво право па и суштинското право које излегува од самото државјанство а тоа е правото на глас. Кои двојни стандарди тоа е невероватно. Ама тоа ни е проблемот. Еден со друг не се чувствуваме еднакви и немаме никаква емоцијонална поврзаност меѓусебе. Е така луѓе не може да постои нација. Убаво некој кажа овде дека личиме на племе и судеќи на однесувањето и не сме нешто над тоа. Имаме среќа што некако успеавме да дојдеме до своја држава. Ете како поклон. Други нации или народи како Курдите со децении се борат за своја држава против многу посилни сили и се сплотени. Е тоа ти е нација но немале тие среќни пет минути во историјата како ние.

Проблемот е друг, дека многу не гледаат, дека Македонија како држава има корист од дијаспората. За суштински прашања и референдуми како за името мора да биде вклучена. Верувајте дека тоа нема да биде на ваша штета, напротив.

Јас бев дојден на главниот референдум каде што можеше да се спречи новата териториална поделба. Нели се собраа над 150 000 потписи за тоа па мораше да се направи референдум но немаше кворум на крај. Пак ќе речам, оти некои прашања не заслужуваат одговор. Е сега од тој момент СДСМ за мене како партија умра. Од друга страна ДПМНЕ не беше толку немоќна да го стопира процесот ама се испазари. Црни Грујо место да носи браќата од Пустец да гласаат во Кичево на првите локални избори после спојувањето на кичевските општини, тој ги носи во скапан Центар. Место да спаси еден важен град на Македонизмот или град, во кој Македонското чувство е многу силно, тој ги носи во скапан Центар, каде што процентуално има најмногу шарени државноштетници и кој со тоа смешно фарбање во мозокот и немаат проблем Македонија да се вика ете Новогорнадолнамакедоња и во која на крај ќе владеат Албанците. Е за такви ги искористи браќата од Пустец и на крај го изгуби Кичево за секогаш и Центар кој и онака не вреди да се прави муабет. Тоа доволно кажува колку лажни патриоти беа на власт 11 години и со тоа вечно умре како пол. опција, барем за мене.

И на крај еден мит за Албанците да поправам малце. Прво, имаше многу Македонци од дијаспората кои беа дојдени во Кичево но немаше ништо организирано, сами идеа. Второ, за Албанците све беше организирано ама и тие не се толку расположени за викенд да се тегнат по автобуси низ Европа. Но, колку е точно не знам, им стигаа солидни закани дека тие куќи во Зајаз и околина ќе им бидат запалени. И на крај уште еден мит да разрешам. Вака како што е етничкиот состав во општина Кичево и да не иде никој, Албанците имаат такво мнозинство што без проблем можат да ја земат општината. Та грешка се направи одамна. Прашајте го Бучко за тоа, ќе ви објасни.
Вие од дијаспората сте стварно саможивни!Мора да пуштате пари во државчево за на партиските полтрони да им е лагодно во администрација,шо уште не ви е јасно!?:toe:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Богац вика нема да има зонско, Шилеџе пијандурата вика ќе има зонско ако имало интерес :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
?

..........

Гостин
„Единствена Македонија“ изразува вознемиреност од, како што велат, заканувачката изјава на Талат Џафери дека Законот за употреба на јазиците не може да има иста судбина како законот за бранителите и доколку не се сфатело оти ова било на штета на Албанците, тогаш ќе преземеле други чекори.

„Единствена Македонија во име на македонскиот народ го предупредува Талат Џафери да не се расфрла со провокативни изјави, зашто ако мора уште еднаш да се преземаат „други чекори“, само ќе ни ја олесни работата оти Македонците се при крај со своето трпение од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за некои нови и нови права.

Дотолку повеќе, со т.н. рамковен договор кој е длабоко трауматичен за македонската национална свест и фалсификуваниот попис за лажното претставување на Албанците дека се 25 отсто, Албанците практично добија се, а Македонците премногу загубија.

Потсетуваме дека Законот за бранителите во 2012 наиде на неочекувана реакција токму од Талат Џафери како тогашен координатор на пратеничката група на ДУИ со читањето на поезија во Собранието до бескрај, поготово „Тишина“ од Ацо Шопов.

Затоа, најдобронамерно му порачуваме и го повикуваме нелегитимно избраниот претседател Талат Џафери на „Тишина„ во Собранието“, се вели во реакцијата на „Единствена Македонија“ на изјавата на Талат Џафери.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@VOLK2234
И?! Не ти ја разбирам поентата. Сакаш да кажеш дека постои некоја друга алтернатива и дека можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ без промена на уставното име? Ако постои таква можност и друга алтернатива тогаш веднаш сподели.
Да, да не влеземе во ЕУ и НАТО.

Јас не знам дали сте свесни но сите во регионов се претенденти за влез во НАТО и ЕУ.
Ако сите во регионот решат да ги елиминираат своите граници утре, и ние треба да ги следиме? Ако решат ко америте, клинички сунет на сите родени машки деца, треба да ги следиме? Ако решат да го бомбардираат Пјонгјанг на директива од ЕУ и ние треба да се приклучиме?

Аман со тие "регионот" изговори. Регионот може да си ебе матер ако сака. Паметни политичари знаат дека не зависиме од истиот тој регион. Способни политичари (да ги имавме до сега) и ќе го докажea истото.

И аман веќе со тие аргументи "мала земја сме" или "неаме излез на море" по темава. Еве графички приказ за земјите кои се дел од едно гнездо но не и друго, а нас како услов ни се сервира дека за да сме "стабилни" мора да влеземе и во двете организации:



Да напомнам пред некој да се пушти да корегира, да, четири од микродржавиве (Андора, Лихтенштајн, Монако и Сан Марино) имаат некој трговски договор со ЕУ, и почитуваат/се подложни на, одредени закони кои фигурираат во ЕУ но не се членки на ЕУ не повеќе од нас, исто како што користењето наши војници во НАТО мисии не значи дека сме дел од НАТО, туку дека сме склучиле такви договори со таа организација.

Никој не вели оти тоа е спасот. Од друга страна пак што се очекуваше јас не знам. Над 70% од народот е за членство во НАТО и ЕУ

Кој ја спроведе таа анкета? Кога се деси легитимен референдум за одредување на тие две работи како национални интереси на земјава?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Транзиција у конзерватизам :)

Ај ај... сите тие тука што го плукаа чичето што ја скубеше кокошката, ќе бараат да се врати шансата од 27ми :) Имавме шанса да напраиме ресет.... Да дојде еден вистински диктатор, а не пародијата... колку малце да ни го насочи мајндсетот и да не спреми за демократија....
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Не за друго, ама на евентуален референдум мора и на дијаспората да и се овозможи да гласа и тоа во најлесен начин, значи на електронски пат. Ако Заев и компанија сакаат да бидат Novomakedonjci или Gornamakedonjci, сеедно, нека си се пишат на следниот попис ко такви но над милион Македонци надвор од Македонија тоа не го сакаат.

Ќе има сега плукачи пак на темава, вас можам да ви кажам само дека ни за Prostomakedonjci не ве бива. И не заслужувате подобро.[DOUBLEPOST=1517435222][/DOUBLEPOST]

Gornamakedonja е предлогот, на латиница и без превод вака за универзална употреба. За мене далеку е од Republika Upper Makedonija.
Подигравка от страна на Г'рција - Gornamakedonia :)

Изпратено от мојат Pixel 2 XL с помоштта на Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
И нормално на референдумот излегоа рекордно ниски 25% граѓани. Пред некое време со @Dexter26 баш на оваа тема дискутиравме околу истиот закон и тој постојано ме убедуваше дека причината поради која граѓаните не излегоа на референдумот биле САД што баш во тој момент решиле да не признаат под уставно име, а јас еве ќе повторам дека ако граѓаните навистина имале волја да гласаат ќе си гласале ако си имале наумено, не може ниедна држава или велесила да има толкаво влијание па баш поради тоа што неколку дена пред референдумот не признаваат под уставно име граѓаните да ги фати таква еуфорија па да заборават на се и сешто вклучително и на референдумот. Не, ама навистина тоа со САД воопшто не држи вода, тоа испаѓа како стварно некој да ги прскал граѓаните со алуминиум. Боже па од стартот на кампањата се знаеше дека референдумот ќе пропадне. Иако точно е дека самата постапка при утврдување на територијалната организација не беше баш транспарентна од страна на тогашната власт и процесот не беше инклузивен.
Тоа беше и останува моето лично мислење. Можеби признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД не беше главната причина, но дефинитивно беше еден од клучните фактори за неуспехот на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа во ноември 2004.

А ако ме прашуваш која е главната причина за неуспехот на референдумот, мојот одговор е: незаинтересираноста и негрижата - или подобро кажано, игнорантноста - на граѓаните од централна, источна и јужна Македонија чии што општини не беа опфатени - или барем не беа целосно опфатени - со измените на територијалната организација на локалната самоуправа. Додај ги на ова и рамковнистите од западна Македонија кои не сакаа референдумот да заврши успешно, и неуспехот на референдумот беше повеќе од загарантиран - за жал.

Како правник, односно како некој кој студирал право, би требал да бидеш запознаен со поемата на Мартин Ниемулер за граѓанската игнорантност - Прво дојдоа:

Прво дојдоа по комунистите, а јас молчев бидејќи не бев комунист.

Потоа дојдоа по Евреите, а јас молчев бидејќи не бев Евреин.

Потоа дојдоа по синдикалците, а јас молчев бидејќи не бев синдикалец.

Потоа дојдоа по католиците, а јас молчев бидејќи бев протестант.

Потоа дојдоа по мене, а тогаш веќе немаше никој за да прозбори.



И прочитај ја најголемата иронија во десниот долен дел од спомен-плочата.

Граѓанската игнорантност си има свои последици, можеби на овие од централна, источна и јужна Македонија воопшто не им било гајле за тоа какви ќе бидат новите општински граници на Струга, Кичево, Скопје и други градови, но колку повеќе молчат, толку повисок цех ќе платат кога ќе пристигне ракот и кај нив - прашањето не е дали, туку кога.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Да напомнам пред некој да се пушти да корегира, да, четири од микродржавиве (Андора, Лихтенштајн, Монако и Сан Марино) имаат некој трговски договор со ЕУ, и почитуваат/се подложни на, одредени закони кои фигурираат во ЕУ но не се членки на ЕУ не повеќе од нас, исто како што користењето наши војници во НАТО мисии не значи дека сме дел од НАТО, туку дека сме склучиле такви договори со таа организација.
Дали си ти нормален со споредбава? Дали ја знаеш намената на овие „држави“ и со чија одлука постојат? Мислиш дека Белизе само се измисли себе и им даде идеја на западњаците да одат да перат пари таму?
Дискусијата ти е апсурдна затоа што никој не те прашува дали сакаш у НАТО? Кој ти дава избор? Ти даваат избор да се контраш и да губиш позиции или да прифатиш и да тераш. Со понатамошно одолговлекување и контрирање плодовите се видливи - сите одлуки се во корист на малцинствата, во корист на соседите, во корист на сите други само не на нас.
Да, и мене не ми е мило да оди наша војска во колонизаторски мисии, ама знаеш зошто пред се праќаме толку луѓе? - Затоа што тоа го гледаат како начин за заработка. Да имаат пари, тешко дека ќе ги убедиш да си ставаат глава у торба....и тогаш цифрата ќе биде незначителна.
Не знам кој е тој што ви ги дава идеиве дека сме некаков фактор. До она смрдено Пржино да дојде работата, па се кандисуваа ко магариња на мост оние 4 абдали, не па да донесат одлука за НАТО или за незнам која е друга опција...За да си гео-политички фактор, треба да имаш одвнатре стабилна држава, економија, стопанство, енергетика и се по ред. Тебе дома ти е шутка, а ќе водиш гео-стратегии.
Левица ја тера оваа идеја. Јас не викам дека е не е добро да се покажува отпор, ама не на овој начин. Со курчење, со ставање на земјата во потенцијални настани за дестабилизирање како Гошинце и Диво насеље....за тоа треба некој мрсно да плати. Штета е што не ја искористивме можноста како народ да ја издигаме на клоци фамилијата, па сеа оној неспособнион од сдс ќе „одлучува“ за работи.
Од чкарт народ нема мудар политичар да искочи...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Грчкиот предлог новомакедонија и све друго што се појави од таа страна, плус изјавата на Димитров, ми се чини дека се предпреговарачки маневри на двете страни.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
Да, да не влеземе во ЕУ и НАТО.

Ако сите во регионот решат да ги елиминираат своите граници утре, и ние треба да ги следиме? Ако решат ко америте, клинички сунет на сите родени машки деца, треба да ги следиме? Ако решат да го бомбардираат Пјонгјанг на директива од ЕУ и ние треба да се приклучиме?

Аман со тие "регионот" изговори. Регионот може да си ебе матер ако сака. Паметни политичари знаат дека не зависиме од истиот тој регион. Способни политичари (да ги имавме до сега) и ќе го докажea истото.

И аман веќе со тие аргументи "мала земја сме" или "неаме излез на море" по темава. Еве графички приказ за земјите кои се дел од едно гнездо но не и друго, а нас како услов ни се сервира дека за да сме "стабилни" мора да влеземе и во двете организации:



Да напомнам пред некој да се пушти да корегира, да, четири од микродржавиве (Андора, Лихтенштајн, Монако и Сан Марино) имаат некој трговски договор со ЕУ, и почитуваат/се подложни на, одредени закони кои фигурираат во ЕУ но не се членки на ЕУ не повеќе од нас, исто како што користењето наши војници во НАТО мисии не значи дека сме дел од НАТО, туку дека сме склучиле такви договори со таа организација.
Единствена вистина е дека проблемот е во самата држава и нејзините граѓани, бидејќи прифатиле да се однесуваат и да биде третирани како регион.

https://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/mislite-eu-i-nato-ova-kje-ni-go-ischistat

Мислите ЕУ и Нато ова ќе ни го исчистат?

1 Февруари 2018 - 13:09




 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom