Околу името, Заев вика дека ставот на СДС е дека треба да има референдум. Чисто процедурално став ко став, променлива категорија, така да името ми се чини дека ќе се мења у собрание, а ако се иде на референдум ќе биде бетер од Пустец виа Центар. Грциве пуштаат патки за Големи Албании, Големи Бугарии, србите тријат раце секогаш кога јужно од нив има пиздарии. Русите финансираат антимакедонски протести у Грција. Америте се стандардно врзани за дилерите на нивните производи собрани у Авганистан.
Од се ова, најслаба карика е македонскиот народ и затоа мислам дека најмалиот ризик за ескалација е ако се "удри" по македонскиот народ со собраниска промена на име и се што иде уз тоа. Америчките премиери од БЦ до Љубчо преку Бучко и Грујо до Заев, со економската (анти)политика доведоа до масовни иселувања, губење на желбата дека оваа држава еднаш ќе искочи у пресрет на правдата, губење на воља за патриотизам, дека нешто ќе се смени конечно на подобро или дека има долгорочен план. И сега на купче собрано се тука е најслабиот сегмент и таму ќе се удри. На никој не му се исплати ограничен оружен судир и територијална поделба нешто што у Катимерини го пуштија деноиве. Подобро ќе се спојат сите у едно без граници отколку да се делат и цртаат нови.
Зборевме и пред некој ден на форумов, два реда тапмон зона џандари околу собрание и влада 2-3 месеци, после доаѓа лето кој иде на work and travel кој има уплатено јунски одмор, и више спласнало све а државата го сменила името.
Економски нема да просперираме, пошто нема економска логика мењање на име да смени mindset на човекот.
Идентитетот и како јас ќе се претставувам пред друг неможе да ми го смени одлука у собрание, исто како што до денес имам комшии стари воени лица од ЈНА што викаат дека се југословени.
У НАТО ќе не бутнат на клоци, у ЕУ малце потешко.