За кого? Ние лото премија сме имале добиено овие 25 години, ама на тие што им ја даваа да располагаат со неа не ни ја даваа. Незнам како тоа ќе се смени во иднина

Незнам како Перо од 5ти ќе му текне дека у лифт со цигара не се влага, на Васка од кула 8 дека неможе да корне од цвеќињата засадени пред влез, на Љуљзим од таа страна на Вардар дека неможе преку ред да влага на клинички кога треба да се плати паркинг...и уште едно миљонидевецто други еклатанти примери за нашиот примитивизам кој учество во некое друштво во кое природно не припаѓаме (како што не припаѓаат румуните и бугарите пример) нема да го смени.
Нит произведуваме нешто да пласираме, нит имаме квалификувана работна сила да понудиме па да се радуваме на немањето тарифи и слобода во движењето на работната сила. Ние едино можеме да понудиме еден blueprint на паразитска нација која низ порите на државната цицка може да доведе до сигурен колапс на нешто што се вика држава. Е ако за тоа е некој заинтересиран, може да искинеме јако. Иначе се друго е празна слама. Кумашинот што ти лепи мрсул под маса додека отвараш пивце у кујна, ќе продужи да го праи тоа и понатака без разлика дали ќе стои на граница во редот на EU citizens или во Others.