- Член од
- 12 декември 2007
- Мислења
- 4.865
- Поени од реакции
- 10.358
Не ме сфаќаш очигледно. И јас работам од 8 до 5 секој ден ко колегата, во рамки на моите природни ограничувања, ама тој е платен двојно повеќе. Оние што се на врвот на пирамидата не ги интересираат твоите намери, труд, природни ограничувања. Нив ги интересира колку пари ти им носиш. Колку повеќе им носиш, толку повеќе ќе те плаќаат. Секој ќе ти наброи 10ина женски супермодели и ниту еден машки. Затоа женските супермодели заработуваат едно 100 пати повеќе од машките. Нема врска род, пол, етникум, возраст, религија.Да, јер за модел е доволно да си роден убав од мајка. Вложи некој минимален напор за одржување на тело и супер си.
И мажите и жените спортисти тренираат секојдневно, секако сите во рамките на нивните ПРИРОДНИ ограничувања, арно ама мажите се далеку поплатени.
Општество базирано на мерит, знаење, способност со барем до некој степен еднакви услови за развој на секој од нас треба да ни биде приоритетна цел. Еве да ја прашаме @Ilumious како спортистка - што повеќе и пречи, јазот меѓу условите за развој овде во МК во споредба со развиените земји како САД и Австралија или разликата во заработка меѓу Фелпс и женските пливачки?