Законот беше ист ама имаше измени во Уредбата за примена на одредени членови, и тоа најбитните, за докажување на потекло.
Имам пишувано за ова многу пати. Значи, Откако обвинителството по дојави влезе во ДАБЧ во 2015 г. и увиде на лице место дека политиката што ја води ВМРО-БНД нема никаква врска со браќата во Македонија туку дека се е сведено на бизнис и корупција и дека се делеле произходи на косовари и албанци и многу други противзаконски работи, работите се сменија. Плус се створи огромна недоверба во работата на агенцијата особено во врска со удостоверенијата за произход и затоа почнаа да прават тродупли проверки. Потоа имаше уште еден обид/договор со бившиот министер за правда ама и тоа кратко траеше. Тоа топло-ладно помеѓу МП и ДАБЧ кое години траеше веќе заврши. Ако имаше волја да се менуваат законите за делење пасоши ќе се сменеа пред години. Тоа не поминува.
И не се Јотова и Радев кои "блокираат", министерството за правда одлучува за секоја преписка, а колку што ми е познато неколку министерства и уште 2-3 институции гласаат на секое заседание на Советот за државјанство со двотретинско мнозинство. Министерствата според тебе ги држи опозицијата? Кој враќа на дополнителна, Комисијата на Јотова или Советот за државјанство? Едноставно сите одат по тие шибани измени во закон од 2017.
Проблемот е како што кажав е стар, а таа политика блгарија на три морета во врска со државјанствата никој не прифаќа во бугарија, освен националистите кои тоа го гледаат како бизнис. А еве ги нема нешто да коментираат, или им ги разнишаа фотељите сега па затоа ќутат.