Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Дуи се социјал демократи рече фраеров. Тоа што они рекле така еднаш на митинг не ги прави социјал демократија. Што све нема да прочита човек низ форумов.
ДУИ во најтесно раководство има одлежани над 30 години затвор за членување во марксистичко-ленинистички сепаратистички здруженија. Има таму многу повеќе од само зборење на митинг.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
312
Поени од реакции
477
ДУИ во најтесно раководство има одлежани над 30 години затвор за членување во марксистичко-ленинистички сепаратистички здруженија. Има таму многу повеќе од само зборење на митинг.
Соработници у прв момент на албански служби ради тоа и членови на марксистички кружоци, па малце затворче, па удба соработници, за на крај да бидат соработници на американски служби. Постојано со иста идеја у глава, голема Албанија. Тие приказни за нивни социјалистички стремежи на друго место правете ги.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Дали лошо сум разбрал или Телма се сврте кон опозиција?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
ЗА МОИТЕ ШАРЕНИ КОИ ЈА СМЕНИЈА БОЈАТА
Мирјана Најчевска
Моето мислење за дискусијата меѓу Здравко и Павле во емисијата 24 Тренд анализа –Дали политиката повторно ги вмеша прстите во судството.

Прво, факт е дека во моментот на власт во Македонија е крупниот капитал. Тој може да се нарекува СДСМ, или да членува во СДСМ, или да поддржува идеи на социјал-демократијата, меѓутоа е крупен капитал.

Второ, факт е дека поставуавњето на Анѓушев за вицепремиер за економски прашања е спротивно на принципите на ИЛО (меѓународната организација на трудот) според кои се водат трипартидни разговори: држава-работодавачи-работници (што во случајов е нарушено заради тоа што државата и работодавачите стануваат една страна наспроти рабботниците).

Факт е дека мерките кои до сега се спроведени немаат значајно влијание врз подобрувањето на животот на поголем број граѓани, воспоставување на правото како заштитник на обичниот граѓанин и структуирање на државата во машинерија која бара прагматични начини за да му го направи поудобен животот на обичниот граѓанин. Под обичен граѓанин не ги подразбирам високите функционери во власта, членовите на платени одбори и комисии, претставниците на крупниот капитал, градоначалниците и/или блискиите на власта кои влечат бенефиции и привилегии од самотот тоа што се блиски до власта.

Факт е дека шарената револуција и илјадниците граѓани кои со години демонстрираа против режимот на Груевски, а не СДСМ, го срушија овој режим. Кога си извојувал победа очекуваш и работите за кои си се борел да бидат ставени на ниво на приоритети од страна на оние кои си ги довел на власт. Не нивни приоритети, не нивни замисли за тоа што е приоритет, туку она заради што и биле доведени на власт.

Во досегашната работа на Собранието не ги видовме претставниците на шарената револуција.
Зошто го велам ова:

Прво, не видовме во ниту еден момент отворено (на говорница) да искажат спротивно мислење од она на СДСМ, да бараат нешто специфично и да застапуваат ставови кои не се дел од партискиот став. Не зад кулисите, не во преговорите зад затворени врати, туку пред камерите и пред граѓаните.

Второ, не видовме да стават на дневен ред иницијатива, закон, промена која е само нивна, потекнува од нив и не е дел од програмата на СДСМ.

Трето, не видовме да воспостават посебни канали на комуникација, начини на среќавање, прибирање мислења од оние со кои до вчера се влечеа по улиците. Не видовме тие да станат лоби група преку која шарените ќе може да делуваат. Напротив, одеднаш станаа горливи бранители на секоја одлука на владејачката партија и напатени души кои треба нешто многу да ги жалиме.

Четврто, не видовме во ниту еден момент отворено да нападнат некоја од политиките, мерките, одлуките, именувањата на владејачката партија. Да ги кажат принципите. Па ако треба да кажат јасно и гласно дека гласаат спротивно на своите принципи во име на ова, ова и ова.

И Павле, да ти како претставник на шарената револуција мораше да станеш и да кажеш јасно и гласно: Мислам дека треба да запрат процесите кои се водат против сите припадници на шарената револуција и да престане политичкиот прогон. Тоа не е мешање во судството, туку поддршка на реформата во правосудниот систем. Јас дете доаѓав од село пред полициска станица за да барам твое ослободување. Е тоа е мешање во правосудниот систем.

И Павле, многу е лошо бизнисмен да ја води економијата исто како што е лошо полицаец да биде министер за внатрешни или војник да биде министер за одбрана. Заради едностраноста на гледањето, заради конфликтот на интереси и заради нерамноправноста на сите други во процесите на договарање.

И, не е точно драги мој дека акцизите ги погодуваат повеќе богатите отколку сиромашните. Подигањето на цената на горивата за некој кој троши 300 литри месечно е минорна неудобност, а за оној кој троши четири литри месечно е егзистенцијално прашање.

И не, во нашиот правен систем не е забранета аналогијата. Впрочем воедначувањето на правото и барањето за слични дела да се изрекуваат слични пресуди е токму тоа.

И да, во политиката се преговара, ама преговорите значат видливи отстапки на двете страни. А јас ете тоа не го гледам.

И, да Македонија е капиталистичка држава, меѓутоа, тоа не е експлицитно кажано во Уставот на државата. Во членот 1 од Уставот Македонија се дефинира како: “… суверена, самостојна, демократска и социјална држава“.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Соработници у прв момент на албански служби ради тоа и членови на марксистички кружоци, па малце затворче, па удба соработници, за на крај да бидат соработници на американски служби. Постојано со иста идеја у глава, голема Албанија. Тие приказни за нивни социјалистички стремежи на друго место правете ги.
Поима немаш што ти се збори.[DOUBLEPOST=1516751613][/DOUBLEPOST]
Дали лошо сум разбрал или Телма се сврте кон опозиција?
Кон што?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Фрустрации и патетика, the perfect blend. Ама нормално е тоа, си уживал десет години повластици и удобности, наеднаш секнуваат, а изворот којшто ти ги пружал е пред распад...
блазе тебе со твојот mindset.[DOUBLEPOST=1516785810][/DOUBLEPOST]
Дали сеуште мислиш дека не треба интервенција во дпмне и дека дпмне не учествува исто ако не и повеќе во велепредавството?

Мицковски до Заев и Ципрас: Момци, продолжете и најдете достоинствено решение

27 години оддолеавме на притисоците, 130 земји ме признаа под уставно име, во 91 во Солун се собраа 1 милион луѓе, на последниов протест едвај имаше 90.000. Зошто би го менувале името ?!? Зошто воопшто се преговара?!? Каква е таа демократија?!? Слободата на самоопределувањето е симбол на демократијата, ова е против сите принципи кои ги застапува демократијата.
 
Последно уредено:

Кога ќе видам кој е изворот, се ми е јасно. Додека не видам официјално од човекот да каже на ТВ, не верувам на вакви квази медиуми. Инфомакс, Фокус и тн. ти се медиуми што највеќе лажат и шират пропаганда.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Дали сеуште мислиш дека не треба интервенција во дпмне и дека дпмне не учествува исто ако не и повеќе во велепредавството?
Баш ме интересира како и со што, според тебе, ВМРО ДПМНЕ учествува во велепредавството.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Баш ме интересира како и со што, според тебе, ВМРО ДПМНЕ учествува во велепредавството.
Со тоа што го лажеше народот и подгреваше лажно спокојтство во последните 13 години. Со тоа што е партнер ако не и организатор на настаните за време и после шарената револуција, која требаше да го канализира секој артикулиран отпор и да ни го спушти гардот и да створи апатија кај народот. Со тоа што ова што се случува е само продолжување на правецот на настаните кој они го дадоа.

Од ова станува јасно дека дпмне и сдсм се водени од една иста структура и служат за раздвојување на народот, се со цел да се остварат некои надворешни агенди врз нашата држава.
 
така и си мислев, за све само не за сите срања заради кои и го сменивме
ај мрш да не те глеам више
срам да ти е
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

It's all about business, nothing personal. Always business this thing of ours :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
блазе тебе со твојот mindset.[DOUBLEPOST=1516785810][/DOUBLEPOST]
Дали сеуште мислиш дека не треба интервенција во дпмне и дека дпмне не учествува исто ако не и повеќе во велепредавството?

Мицковски до Заев и Ципрас: Момци, продолжете и најдете достоинствено решение

27 години оддолеавме на притисоците, 130 земји ме признаа под уставно име, во 91 во Солун се собраа 1 милион луѓе, на последниов протест едвај имаше 90.000. Зошто би го менувале името ?!? Зошто воопшто се преговара?!? Каква е таа демократија?!? Слободата на самоопределувањето е симбол на демократијата, ова е против сите принципи кои ги застапува демократијата.
Не реков јас дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува. Напротив, учествува со сиот капацитет. Ама да, не мислам дека треба да има брза реакција.

Последиците од грешките треба да си ги истрпат сите. И Груевски, и ВМРО-ДПМНЕ, и сите други.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
така и си мислев, за све само не за сите срања заради кои и го сменивме
ај мрш да не те глеам више
срам да ти е
Кого сме смениле бе сирот ти ?!?

Срањата што ги прават се само јагма, која им се дозволува во континуитет веќе 27 години да ни ги прават. Дали срањата заради кои ги „сменивме“ престанаа да се прават, дали некогаш воопшто престанале и што тебе ти дава надеж дека сега престанале или ќе престанат?!?... Како што кажав, тоа е една иста структура која ги менува луѓето кои ја преставуваат во зависност од потребите... Грујо и Зајо се браќа во занаетот....и се на една иста страна.

Куклен театар.[DOUBLEPOST=1516796185][/DOUBLEPOST]
Не реков јас дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува. Напротив, учествува со сиот капацитет. Ама да, не мислам дека треба да има брза реакција.

Последиците од грешките треба да си ги истрпат сите. И Груевски, и ВМРО-ДПМНЕ, и сите други.
Види... последиците од овие 27 години сите ние ги трпиме, а најмалку политичарите и олигарсите кои ги распродаваат државните интереси.... Што те наведува да мислиш дека сега ќе биде поинаку и дека Груевски ќе ги истрпи последиците повеќе од некој кој нема никаква одговорност за оваа ситуација ?!?

До кога ќе ги трпиме туѓите грешки сите ние?!?

Додека е така сите што ќе дојдат на власт, ќе се однесуваат лежерно со националните интереси, како да ги наследиле од дедо.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom