Добро утро @Toma,Еве нешто за сопствениците на приоритетни акции во стопанска банка
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=32883
да не се мачете да отварате, најважното
Да не ве разочарувам пак, ама ако грците не дадат зелено светло (дури и било кој да е газда нема да даде), нема шанси приоритетните да се претворат во обични.
Исто и на стопанска Битола имате претварање на акции, и одлуката ја носи собранието на акционери, значи оние со обични акции ако се согласат нема проблем.
Овој документ јас го постирав тука пред неколку месеци.
Не гледам ништо спорно во одлуката за конверзија на приоритетните во обични кај УНИ.
Баш напротив гледам позитивен пример како би требало да се направи кај СТБ. Ние го користиме овој документ, како и одлуката за конверзија кај СБТ на сите состаноци.
Си има тука правни и финансиски импликации од донесувањето на таква одлука.
Постапката е многу далеку отидена од само пишување на форум.
Ај да ти дадам едно прашање за да размислуваш во меѓувреме: Зошто сите други правни субјекти (особено банките) веќе ги конвертирале приоритетните во обични акции?
П.С. Очекувам да има нешто поконкретно за брзо време, па ќе споделам на форумов.