Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

  • Креатор на темата Креатор на темата bojan81
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, не се разбирам баш премногу во ова, па ќе пробам што е можно појасно да прашам.

Дали може да се види change history(или како и да се вика, мислам на редовните update-ови и едитирања на самата страна) на одредена веб страна како гостин, значи обичен посетител?

Пробав преку Wayback Machine, но бидејќи тоа што го барам не е на homepage-от, не може ништо да најде.

Чаре?

На добар пат си.
Обиди се уште еднаш.

Започни да ја прегледуваш архивираната веб страна од последниот датум (најсвежата архива), па оди кон најстариот датум.

Во твојот случај, можеби последната архива не ја содржи страницата која ја бараш, но можеби истата е присутна во некоја од постарите архиви.
 
Има некој најдено добар фонт што изгледа ко со четка да е пишуван, али да поддржува и кирилица? Јас најдов неколку ама не ми се бендисаа, многу едноставни се
 
Ако некој има потреба од интеграција на систем за плаќање од cPay или халкбанка (nestpay) за woocommerce и opencart, нека ме контактира.
 
Ми треба да изработам страна, не треба да биде ништо посебно статична веб страна, не ми треба голем простор, ги гледав wordpress, wix, 1and1 или предложете нешто друго, кое нуди домаин, хостинг и готови темплејти со ниски
цени :)
Не ми треба ништо посебно, предложете некое наједноставно и најефтино решение :)
 
Ти би ја изработувал веб страната или некој би ја изработувал за тебе?
 
Ти би ја изработувал веб страната или некој би ја изработувал за тебе?
Јас самиот, првично мислев да правам блог, па се премислив за страна.
 
Јас самиот, првично мислев да правам блог, па се премислив за страна.
Наједноставно ти е преку WordPress.com или слични сервиси.
Имаш веб простор и солидни ВордПрес теми (бесплатни и платени).
Треба само да купиш домен.
Сепак, има некои ограничувања кај оваа опција.

Ако решиш да креираш веб страна на свој хостинг, ќе ти требаат сите горенаведени работи + познавање од менаџирање на хостинг и ВордПрес инсталација.
Во овој случај би ти препорачал некој да ја изработи веб страната за тебе, освен ако имаш доволно време да го изучиш и имплементираш целиот процес поврзан со self-hosted WordPress website.

Се надевам дека ти помогнав.
 
Дечки имам еден проблем. Веќе 3/4 дена вебот не се отвара или премного е спор. Бидејќи не сум до толку стручен, ги прашав одговорните за хостингот и меѓу другото, го пишаа ова:

„да се направи подобра оптимизација на сајтот и бројот на процеси и запишување во база да се намали, со што хостиниогт би се обрзал односно посоодветно би ги користеле перформансите на хостингот“.

Ако има некој што може да ми помогне, ќе Ви бидам благодарен. Ќе платиме и ако треба.. Ако некој знае што треба точно нека ме контактира ќе му ја пратам целата порака за ако може да ми помогне.
 
Дечки имам и јас едно прашање. Хостингот ми истекува за неколку дена, па решив уште денеска да го обновам т.е да купам сосема различен пакет. Е сега нели од новиот веб хостинг ми стасаа на мејл Server Names ги копирав и ги ставив на местото на досегашните. Дали тука е завршена процедурата т.е дали веќе го користам новиот веб хостинг или треба и нешто друго да се прави?
 
Направи прво бек-ап на страната, зашто коа ќе смениш dns фајловите и датабазите ќе ти останат на стариот хост.
 
Ми треба веб дизајнер/програмер да ми сработи вебсајт. Се работи за минималистички вебсајт од три страници, концептот како би изгледал грубо, го изработив во фотошоп. Ако има некој заинтересиран нека ме контактира за да му ги пратам скиците и да се договориме за цена.
 
Прати ми информации во приватна порака.
 
Ми треба некој којшто прави веб-страни за пари. Има купено хост, само треба да се изработи страната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom