Убаво ти напиша
@MAJA 345 , време ти е да ти падне интернетот и да не себламираш во оваа тема. Навистина почна да тресеш се и сешто. Какво црно глобално ниво? Бројот на хомосексуалци во однос на хетеросексуалната популација изразен во проценти е релативно стабилен. Претпоставувам дека се движи некаде помеѓу 2-8%. Сега има повеќе хомосексуалци затоа што има повеќе луѓе на светот. Хомосексуалноста не е заразна, не се префаќа и не се добива преку надворешни стимули. Напротив, се работи за вродена предиспозиција. Ако не ми веруваш, пробај еден експеримент на себе. Затвори се дома еден месец и гледај само порничи со педери. Потоа види дали си станал хомосексуалец. Ако не, што е многу вероватно, немој да лупаш се и сешто. Хомосексуалците не се ниту полоши ниту подобри за општеството од било кој хетеро. Уште повеќе, да не беше еден Алан Туринг на пример, ти сега немаше да можеш да се прославуваш во интернет просторот со твоите бисери на тема хомосексуалност.
Што се однесува на мјот нероден син, ако ја имал таа несреча да се роди како хомо (велам несреќа затоа што животот на еден хомосексуалец по дифолт е потежок од оние на хетеро, ако не од ништо од друго тогаш од едноставниот факт дека нивниот избор за сексуален партнер е многу помал) ќе морам да го прифатам таков како што е. Сигурно нема да го носам по лекари и манастири.